Бил во Париз и Бостон, го преживеал и Брисел (фото) - Канал 5

Бил во Париз и Бостон, го преживеал и Брисел (фото)

Американецот кој бил во Париз само неколку часа пред нападот на 13 ноември, како и во Бостон во близина на нападот од 2013 година, повреден е во терористичките напади во Брисел.

Бил во Париз и Бостон, го преживеал и Брисел (фото)
Тој еден од деветмината Американци кои се повредени во нападите на аеродромот и метрото во Брисел, кој се случија во вторникот.

Како што пренесоа американските медиуми, Елдер Велс бил само еден блок оддалечен од улицата во Бостон во која се случил нападот во 2013 година, а го посетил и Париз неколку часа пред нападот во ноември минатата година.

Американските официјални лица потврдија дека четворица мажи од Јута се повредени во нападите, а тројца од нив се наоѓаат во болниците.

Меѓу повредените Американци е и офицер на американските воздухопловни сили и неговата сопруга. Повредени се и четири деца од САД.

Белгиската министерка за здравство Меги де Блок потврди дека во нападите се убиени најмалку 31 лице и повредени повеќе од 250.

Таа наведе дека 11 лица се убиени на аеродромот, а во тој момент тука се наоѓале илјадници патници.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багаж

Двегодишно дете накратко исчезна на меѓународниот аеродром Бен Гурион во Израел откако се качило на лента за багаж и пешачело неколку метри до местото каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.

Драма на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багаж

Инцидентот се случил во четврток, кога семејство кое се подготвувало за лет за Ларнака, Кипар, се соочило со исчезнувањето на своето дете, објави денес Канал 12. Откако родителите не успеале да го пронајдат детето, ја известиле полицијата, која започнала потрага по исчезнатото дете на аеродромот.

Двегодишното дете било пронајдено неколку минути подоцна на лента за багаж, каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.

Аеродромските власти соопштија дека детето е пронајдено неповредено и во добра состојба, откако пешачело само неколку метри на лентата.

Во соопштението се наведува и дека детето не било под надзор на своите родители во времето на инцидентот. Израелските аеродромски власти започнале истрага за да ги утврдат околностите на инцидентот, а според извештаите на медиумите, полицијата ја разгледува и можноста за покренување истрага.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕО

Товарен авион на „UPS“ и авион на „Copa Airlines“ се судрија на пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во текот на ноќта, при што беа повредени две лица.

Хаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕО

Во судирот учествуваа „Boeing 767“ на „UPS“ и „Boeing 737“ на „Copa Airlines“, објави „CBS“.

„Околу 21:15 часот, авион што пристигнуваше и се повлекуваше се судрија на раскрсницата на две писти“, вели Грег Чин, директор за комуникации на меѓународниот аеродром во Мајами.

Чин вели дека противпожарната служба на Мајами им пружила помош на двајца пациенти на местото на настанот за полесни повреди и дека не им бил потребен медицински превоз, како и дека летовите биле пренасочени кон други писти, па судирот не влијаел врз работењето на аеродромот.

Карго авионот на „UPS“ требало да полета од Мајами до Богота, Колумбија, а авионот на „Copa Airlines“ слетал од Панама Сити, Панама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)

На двата танкери избувнале експлозии и голем пожар.

Експлозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)

Два танкери за нафта се запалија откако наидоа на подводни мини во јужниот дел од Ормускиот теснец во текот на ноќта, соопштија поморските сили на Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), велејќи дека бродовите се обиделе тајно да поминат низ неовластена рута.

ИРГЦ во соопштението наведува дека танкерите претходно ги исклучиле своите системи за навигација и автоматска идентификација на бродови во обид да го сокријат своето движење низ Ормускиот теснец.

Според Иранскиот корпус на револуционерна гарда, откако наидоа на морските мини, на двата танкери избувнаа експлозии и голем пожар.

Во соопштението се додава дека уште два танкери за нафта, кои исто така се обиделе да поминат низ неовластена рута, дејствувале по предупредувањата од центарот за контрола на поморскиот сообраќај на ИРГЦ и се вратиле кон Персискиот Залив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер