Бил Гејтс ги предвиде овие 15 работи во 1999 година - денес не можеме без нив - Канал 5

Бил Гејтс ги предвиде овие 15 работи во 1999 година - денес не можеме без нив

На почетокот на новиот милениум, Бил Гејтс направи голем број технолошки предвидувања, од кои многу се остварија.

Бил Гејтс ги предвиде овие 15 работи во 1999 година - денес не можеме без нив

Гејтс ги направи овие прогнози во својата книга „ Business @ the Speed of Thought “ и таму гледаме како дури во 1999 година тој имал длабоко разбирање за технологијата.

Еве 15 од предвидувањата на Бил Гејтс кои се остварија:

Веб-страници за споредба на цени

Гејтс очекуваше развој на веб-страници кои овозможуваат споредба на цените на различни производи. Денес, ваквите платформи го олеснуваат наоѓањето на најдобрите зделки во речиси сите индустрии.

Мобилни телефони

Во својата книга, Гејтс ја предвиде сеприсутноста на мобилните телефони. Тој напиша дека „секој ден ќе носиме мали уреди кои ќе ни овозможат постојано да бидеме поврзани и да работиме каде и да сме“.

Онлајн финансиски услуги

Гејтс предвиде дека луѓето ќе плаќаат сметки, ќе управуваат со финансиите и ќе комуницираат со лекарите преку Интернет. Денес ги користиме услугите за интернет банкарство и телемедицина, кои овозможуваат поедноставно управување со финансиите и здравјето.

Виртуелни асистенти

Иако не ги предвидел точно Алекса или Сири, Гејтс замислил лични асистенти кои ќе ги синхронизираат уредите, ќе собираат информации и ќе ги олеснат секојдневните задачи. Ова е реалност денес со бројни виртуелни асистенти.

Системи за домашен надзор

Гејтс замислил постојани видео преноси кои не известуваат кога некој ќе ја посети нашата куќа додека не сме таму. Денешните уреди како „Google Nest“ го овозможуваат тоа.

Социјални мрежи

Гејтс опиша „приватни веб-страници“ за семејството и пријателите. Иако социјалните мрежи како „Facebook“,„ X“ и „Instagram“ не се целосно приватни, тие овозможуваат постојана поврзаност со одредени групи луѓе.

Автоматски генерирани реклами

Тој предвидуваше софтвер кој ќе предложи понуди и активности врз основа на нашите активности и купувања. Денес, алгоритмите за рекламирање користат слични податоци за да ги приспособат рекламите на нашите интереси.

Паметни реклами

Тој исто така веруваше дека уредите ќе ги знаат нашите навики за купување и ќе прикажуваат реклами според нашите преференции. Оваа форма на насочено рекламирање е многу присутна на Интернет денес.

Дискусии во реално време

Гејтс предвидуваше услуги кои ќе овозможат дискусии за, да речеме, спортски настани во „реално време“. Денес, социјалните мрежи и спортските форуми им овозможуваат на навивачите да ги следат натпреварите и да коментираат настани во живо.

Линкови за време на ТВ преноси

Гејтс предвиде дека телевизиските преноси ќе вклучуваат линкови до релевантни веб-локации и содржини поврзани со програмата. Денешните емитувања често нудат QR-кодови или URL-адреси.

Виртуелни форуми за дискусија за социјални прашања

Гејтс замислил платформи каде граѓаните ќе можат да разговараат за локални прашања на интернет. Оваа визија се реализира денес преку бројни онлајн заедници и форуми.

Онлајн заедници засновани на интерес

Тој предвиде дека луѓето ќе бидат поврзани врз основа на интереси, а не на локација. Денес, платформите како „Reddit“ овозможуваат глобално поврзување на луѓе со исти интереси, без разлика каде се наоѓаат.

Софтвер за управување со проекти

Гејтс замислил софтвер кој ќе ја олесни работата на деловните тимови. Апликациите како „Slack“ и „Microsoft Teams“ се денес суштински алатки за комуникација и организација во современите канцеларии.

Регрутирање преку Интернет

Гејтс предвиде дека луѓето ќе можат да бараат работа и да се поврзат со работодавците преку Интернет. „LinkedIn“ е денешната водечка платформа за професионално вмрежување и регрутирање.

Софтвер за деловни заедници

Тој исто така замислил платформи кои ќе им овозможат на компаниите да се натпреваруваат за проекти и соработки. Денес, платформите како „Upwork“ и „Fiverr“ им олеснуваат на малите бизниси и поединци да најдат клиенти и работа.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Франција, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Сиљановска-Давкова ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади, ќе ја приреди претседателот Емануел Макрон.

Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 10. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 10. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 10. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно.

Кариера

Ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм.

Здравје и совет

Соработувајте со другите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност.

Кариера

Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро.

Здравје и совет

Не може ништо да ве одмине.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција.

Кариера

Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате.

Здравје и совет

Се чувствувате одлично.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи.

Кариера

Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи.

Здравје и совет

Не се измачувајте со ситни работи.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност.

Кариера

Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола.

Здравје и совет

Работите ви одат се подобро и подобро.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават.

Кариера

Се што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка.

Здравје и совет

Мали нервози и грижи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа.

Кариера

Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник.

Здравје и совет

Добро влијание на алтернативните терапии.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата.

Кариера

Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно.

Здравје и совет

Денеска ќе ви биде полесно.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте.

Кариера

што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале.

Здравје и совет

Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни.

Кариера

Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете.

Здравје и совет

Побарајте хумористични содржини.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи.

Кариера

Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе.

Здравје и совет

Настинка и главоболка.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики.

Кариера

Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата.

Здравје и совет

Чувствителност на синусите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер