Биковиќ или Мариќ ? - Канал 5

Биковиќ или Мариќ ?

Актерот Милош Биковиќ напорно снима на територијата на Србија и Русија. 

Биковиќ или Мариќ ?

Одмор од снимањето во моментов тој прави на Бали, додека актерот Милан Мариќ ужива на бокакоторскиот залив. И двајцата актери споделија фотографии од нивните одмори на нивните профили на Инстаграм.

Бидејќи Милош Биковиќ има обожавателки и во Русија, како во Србија, редовно пишува на својот мајчин јазик, но и на руски.

-Понекогаш одмарам. Оваа година малку почесто од претходните години. Си ветив себеси. Делумно го исполнив ветувањето. Еве ги тие делови – напишал Биковиќ покрај фотографијата од Бали на која е загледан во далечината.

Неговите придружнички констатираа дека актерот изгледа како таму да снима нов филм, а не како да е на одмор бидејќи изгледа фантастично. Изгледа дека на Милош многу му се допаѓа Бали.

Фотографијата за нецел ден доби 53.000 „лајкови“ и многу коментари.

Биковиќ објави и неколку фотографии на Инстаграм во форма на „приказни“ на кои детално на своите придружници им ги доловил плажата, изгрејсонцето и зајдисонцето, што јаде и како одмара, тој дури објави и „приказна“ на која ги прашува фановите дали повеќе им се допаѓа изгрејсонце или зајдисонце. Многумина од ваквите објави добија впечаток дека на познатиот актер му е малку здодевно и дека не е на одмор со некоја убавица која би направила да заборави на времето, а камоли да објавува фотографии на Инстаграм.

Наредното утро Милош објави фотографија со изгрејсонце, со адекватен опис:

„Раѓањето на денот тешко се разликува од заоѓањето на сонцето. Изгледаат исто, но чувството што го предизвикуваат е дијаметрално различно. Ретко го сретнуваме изгрејсонцето. Тој момент на медитативно спокојство, молитвено бдение помеѓу потсвеста и свеста, многу ретко си го дозволувам. Затоа тие моменти ми се толку драгоцени“.

На фотографијата, пак, гледаме дека масата е поставена за двајца, а многу дами се запрашаа со кого ужива актерот на Бали.

Фотографијата за само 40 минути собра 9.000 „лајкови“, и во речиси секој 3-ти коментар на Биковиќ му се нуди женско друштво во случај да му е здодевно на Бали.

Од друга страна, актерот Милан Мариќ објави фотографија од црногорското приморје, поточно од Бока Которска.

Тој е фотографиран додека прави пауза од капењето. И неговиот поглед лута во далечината.

И фотографијата на Милан доби околу 22.000 „лајкови“ за помалку од еден ден.

Кој актер повеќе ви се допаѓа вам, Биковиќ на Бали или Мариќ во Бока Которска?

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Во дилема сум дали да го уништам Иран засекогаш, очекувам договор по изборите во ноември

Почна 81. заседание на Генералното собрание на ОН... 

Трамп: Во дилема сум дали да го уништам Иран засекогаш, очекувам договор по изборите во ноември

Украинскиот конфликт ќе биде регулиран многу побргу од очекуваното а САД и Иран ќе склучат договор набргу после среднорочните избори во Америка, по што глобалните цени на нафтените деривати значително ќе паднат – соопшти американскиот лидер Доналд Трамп во своето обраќање пред главното собрание на Обединетите нации. Трамп настојува на тоа дека Иран во иднина не смее да има своја нуклеарна програма а ги покани и останатите присутни лидери во Генералното собрание да се придружат кон економските санкции врз Иран.

„Дали да ги однесам (Иран) во пеколот без шанси за преживување и без надеж за идна величина со генерации? - но верувам дека ќе постигнеме договор веднаш по изборите, бидејќи нема смисла тие да не го прават тоа. // Тесно соработуваме со лидерите на Русија и Украина и ќе го завршиме тоа, и ќе се случи побрзо отколку што луѓето мислат, бидејќи веќе им е преку глава.“

Трамп додаде дека подоцна денеска меѓу САД, Кралството Данска и Гренланд ќе биде потпишан договор со кој Америка ќе добие целосна контрола врз безбедноста на Гренланд, а ги пофали и земјите членки на НАТО кои ги зголемиле одбранбените трошоци од 2 на 5% од БДПто.

„Овој договор склучен со Кралството Данска - неверојатна, прекрасна земја и самиот народ на Гренланд, им дава на Соединетите Држави трајна контрола врз безбедноста и сите други потреби на таа територија. НАТО сега е посилен од кога било досега. НАТО прави работи за кои никој не мислеше дека ќе може да ги направи.“

Според Трамп, Америка е како што рече најсилната светска сила на чија економија завидува светот, а голем дел од неговото обраќање беше посветено на неговата републиканска администрација. Подоцна денеска во Обединетите нации ќе се обратат и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како и францускиот лидер Емануел Макрон. Обраќањето на македонскиот премиер Христијан Мицкоски пред светските лидери е закажано за в петок.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп се обрати во Обединетите нации (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп го одржа својот говор на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Трамп се обрати во Обединетите нации (ВИДЕО)

Претседателот на Соединетите Американски Држави, земјата домаќин на Генералното собрание на ОН, традиционално е меѓу првите што ќе зборуваат.

Меѓу светските лидери кои исто така треба да се обратат на Генералното собрание денес се францускиот претседател Емануел Макрон, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и, подоцна во текот на денот, британскиот премиер Енди Бернам. Пристигнувањето на Бернам на Генералното собрание и неговиот говор денес беа потврдени и од британската влада.

Тој се пофали со наводните резултати од неговата администрација

На почетокот на говорот, Трамп ги истакна резултатите од неговата администрација во областите на економијата, имиграцијата и безбедноста на границите и потврди дека бројот на насилни злосторства во САД е намален. Тој, исто така, зборуваше за вработување, намалување на сиромаштијата, дерегулација, намалување на даноците и раст на берзата.

Тој потврди дека САД „предводат практично во сè“ и дека иднината на земјата е светла. Потоа се префрли на војната со Иран и рече дека изборите нема да влијаат на неговиот пристап кон Техеран.

„Додека другите зборуваат за мир, јас создавам мир“

„Додека другите зборуваат, јас дејствувам. Додека другите зборуваат за мир, јас создавам мир. Додека другите ги игнорираат заканите, јас се соочувам со нив. Додека другите зборуваат за храброст, Америка го покажа тоа. Додека другите ветуваат сила, јас ја искористив за да ја направам Америка најмоќната земја во светот“, рече Трамп.

„Како претседател на најисклучителната нација во историјата, немам намера да дозволам опасностите да растат уште еден ден“, додаде тој.

За Иран

Трамп потоа го наведе Иран како одличен пример за таква закана.

„Нема подобар пример за опасност на која ѝ е дозволено да расте, загрозувајќи го целиот свет, од најголемиот спонзор на тероризмот во светот, Исламската Република Иран“, рече тој.

Тој рече дека Иран порано бил „насилник на Блискиот Исток“, но дека „веќе не е“.

YouTube video

Во говорот пред Генералното собрание на ОН, Трамп рече дека Иран се соочува со „голема одлука“: да се постигне договор со САД или да се ризикува уништување на земјата.

Тој се закани дека ако Иран не се согласи со договорот, ќе биде „однесен во пекол без никакви шанси за преживување“.

За што друго зборуваше?

Тој зборуваше и за својот Одбор за мир, кој го претстави како тело кое помогнало да се заврши војната во Газа.

Тој ги наведе и војните за кои тврдеше дека завршиле.

Тој рече дека картелите се ИСИС на западниот свет и дека зборува за лоши луѓе кои треба да бидат убиени или затворени.

Тој рече дека додека е претседател, нема да има глобални даноци. Тој го нападна и Меѓународниот кривичен суд во Хаг и се осврна на „трансродовото лудило“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разбеснет бик ја прескокна заштитната ограда и полета кон публиката среде корида (ВИДЕО)

Гледачите врескаа кога разбеснет бик, тежок повеќе од половина тон, скокна преку заштитната ограда за време на корида во шпанскиот град Мурсија.

Разбеснет бик ја прескокна заштитната ограда и полета кон публиката среде корида (ВИДЕО)

За среќа, помеѓу луѓето во првите редови и животното имаше бетонски ѕид, па затоа немаше сериозна опасност.

Камерата снимила сè

Шестгодишниот бик по име Малакара, тежок 508 килограми, беше во арената до инцидентот. Во еден момент, тој се стрча кон матадорот.

Човекот се повлече кон дрвената ограда, а кога бикот му се приближи - тој нагло се сврте налево и скокна преку заштитната бариера.

Видеото го прикажува моментот кога животното „лета“ кон преплашените гледачи. Меѓу нив беше и човекот кој сè сними на камера. Инцидентот се случил на 20 септември, објавува Дејли Меил.

„Имавме голема среќа“

„Животното беше надвор од контрола. Имавме голема среќа што никој не беше повреден. Имаше жени и деца што седеа во таа област“, ​​рече сведокот Хуан Перез.

Видеото го покажува Малакара како продолжува да трча по работ на арената по скокот. Потоа животното било вратено во арената. Конечно, во согласност со локалната традиција за борба со бикови, било убиено.

Во официјалниот извештај се наведува дека овој бик бил шести и последен тоа попладне на коридата, и дека бил транспортиран од ранчот Лос Еспарталес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер