3 Стравот од летање мачи милиони патници – Оваа едноставна техника помага да се намали анксиозноста за време на летот
ЗабаваБијонсе ја покажа својата природна коса- снимката веднаш е прегледана 2 милиони пати (ВИДЕО)Бијонсе на социјалните мрежи покажа како изгледа нејзината природна коса.Таа го направи тоа во промо видео за нејзината нова линија на производи за коса, Cécred. "Стигма и заблуда е дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса. Тоа е сра*е", вели пејачката во видеото, која обично носи перики и ретко ја покажува својата природна коса. Во видеото, фризерката на нејзината коса нанесува серија производи од новата колекција Cécred. „Сакам да ја сушам косата на средна температура, се трудам максимално да ја зачувам косата од топлина, а користам и стара четка за да ја исправам косата“, вели таа во видеото и откри дека се фарба и не користи третмани како „перм“ и слично. „Веќе 25 години ја одржував мојата природна коса руса и тоа одигра голема улога во развојот на овие производи“, додаде таа. View this post on Instagram A post shared by Beyoncé (@beyonce) Видеото за помалку од 24 часа беше прегледано речиси два милиони пати, а Бијонсе уште еднаш покажа дека одлично го познава маркетингот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГори саудиски танкер полн со нафта, погоден е со ракетаХутите објавија дека ги нападнале танкерите „Енселија“ (ENCELIA) и „Лајла“ (LAYLA) со повеќе балистички и крстосувачки ракети.Јеменските Хути рано утринава соопштија дека извеле воена операција насочена кон два саудиски танкери за нафта, при што извештаите за поморска безбедност укажуваат дека еден од бродовите наведени од групата – танкерот „Енселија“ (Encelia) што плови под саудиско знаме – бил погоден во Црвеното Море. Хутите објавија дека ги нападнале танкерите „Енселија“ (ENCELIA) и „Лајла“ (LAYLA) со повеќе балистички и крстосувачки ракети, тврдејќи дека пловилата ја прекршиле поморската блокада наметната врз Саудиска Арабија од страна на група поврзана со Иран. BREAKING: A Saudi oil tanker is on fire after being struck by the Houthis approximately 70 km north of the Yemeni border, according to UKMTO. The vessel had departed from Yanbu before the reported attack. The Yemeni Houthis later said "large-scale operations are underway."… pic.twitter.com/RcUrtPA46X — The Hormuz Report (@HormuzReport) July 23, 2026 Извор од областа на поморската безбедност соопшти дека танкерот „Енселија“ испратил повик за помош, пријавувајќи дека бил погоден од ракета додека се наоѓал во близина на надворешните граници на саудиското пристаниште Џизан во Црвеното Море и дека се запалил. Британската групација за управување со поморски ризици „Вангард“ (Vanguard) соопшти дека саудискиот танкер „Енселија“ (Encelia) бил погоден од проектил од непознато потекло на десната страна, на околу 70 наутички милји југозападно од Ал Шукаик во Саудиска Арабија, во 20:00 часот по Гринич (GMT).Тагови: Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаседаваше кризниот штаб за надминување на состојбата во ГостиварКризниот штаб бара решение за обезбедување технички исправна вода во Гостивар. Водата и натаму е небезбедна за употреба, а залихи ќе се обезбедуваат со цистерни од околните општини, но и од Куманово, Кавадарци и Неготино. Кризниот штаб усвои и низа дополнителни мерки за заштита на здравјето на граѓаните на Гостивар. Во меѓувреме продолжува да се испитува квалитетот на водата, а на помош се испратени и екипи од скопскиот водовод.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево со температура до 34 степени Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност.Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец, особено долж Повардарието и во источните делови од земјата. Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 Целзиусови степени, додека максималните ќе достигнат од 24 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утре под влијание на влажен бран се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар. Врнежите наместа ќе бидат проследени со грмежи и со засилен ветер, а температурите значително ќе опаднат.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook