Шоу бизБијонсе им дели храна на настраданите од ураганот ,,Харви “Бијонсе се врати дома во родниот Хјустон и веднаш се вклучи во хумана работа – дели храна за настраданите од ураганот ,,Харви “.Илјадници луѓе останаа без своите домови во невремето што го погоди Хјустон , Тексас. Нејзината мајка Тина на социјалните мрежи објави дека славната пејачка е на линијата за делење храна заедно со нејзиниот колега , пејачот Мајкл Вилијамс . ,,Мајкл дели пилешко , Бијонсе грашок , а јас делам леб “ , напиша мајката на Бијонсе. Тоа било трето место каде се делела храна , откако Бијонсе организира ручек за 400 свои сограѓани . Таа делеше помош и на настраданите од Хјустон и во црквата Св. Џон , каде сите волонтери носеа маички со нејзиниот амблем . Oсвен Бијонсе , помош за настраданите делеше и Џенет Џексон , Кевин Харт и други ѕвезди , кои работата и како дел од Црвениот крст. Wow !! How great was this day ? this is our third stop first we went to St. John's and along with Pastor Rudy . Beyonce Sponsored a luncheon for 400 folks some of the people affected by harvey and had a short program motivation to try tol encourage them and love on them. Second stop we went to the George R Brown convention center , where we talk to some of the residents about the needs and toured the facility Third stop we traveled to accompany one of lHouston's Best real life Heroes Trae That Truth to serve food to the residents of this complex ! This man delivers supplies that were donated by generous people like you . It was fun unloading the truck and organizing the sizes . Please keep the donations coming! .❤️❤️ Thats Michelle Williams at the beginning of line, serving the chicken , Beyonce on Green beans and me on bread duty. Ingrid over there serving deserts. A post shared by Tina Knowles (@mstinalawson) on Sep 8, 2017 at 9:50pm PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во ДаблинПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска.На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, е предвидено учество на над 50 европски шефови на држави или влади и лидери на клучни европски и меѓународни институции. Со состанокот ќе ко-претседаваат претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и ирскиот премиер, Михал Мартин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаСДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта - банката на ВучиќКривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити банката на Вучиќ од истрагата во Србија.Го натера Славески да ги поднесе кривичните пријави против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Александар Саша Димитријевиќ, Андреј Жерновски и Александар Трајановски. Граѓаните знаат дека Мицкоски сè работи по налог на Вучиќ, како што беше внесувањето на Aлта банка во Македонија, неговата лична пералница на пари. Овој пат го презема неговиот модел на кривични пријави, притисок и заплаашување на опозицијата. Тоа што Вучиќ го правеше сега Мицкоски го прави против опозицијата во Македонија. Copy-paste. Македонија станува заробена држава. СДСМ 11 месеци предупредува за Алта и дека не смее да се дозволи. Мицкоски и Славески внесоа во Македонија забранета банка во Европа, под санкции во Австрија, со забранет влез во Црна Гора и под истрага за потекло на имот. Банкарот на Вучиќ стана банкар на Мицкоски. По информациите за истрага во Србија, стечај, одземање на лиценцата и апсење на Давор Мацура, стана јасно каква пералница на пари донесоа. И што направија? Веднаш ја обвинија СДСМ за ширење паника. Не ширеше СДСМ паника туку Славески и Мицкоски кои велеа дека се е во ред. Тие се виновни што ја донеса оваа криминална банка во земјава. Сега прават притисок со кривични пријави, сакаат да не замолчат, по рецепт на Вучиќ. Тоа нема да им успее. Ајде да видиме дали Обвинителот Савески ќе биде дел од ова и ќе стане соучесник на оваа организирана криминална група. Вчера на надзорната расправа во Собранието Мицкоски лажеше пред македонската јавност за да се оправда со Aлта банка. Изнесе гнуасни лаги дека СДСМ ја внела Алта банка. Затоа ќе одговара. Мицкоски, доаѓа крај на твоите лаги. Твоето копирање и служење на твојот шеф Вучиќ знаеш каде води. Сега нема назад. Вистината веќе се гледа. Доаѓа времето на правдата. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПолитико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруариСојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико. Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година, А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено. Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook