Бигорскиот манастир подготвен за најголемиот христијански празник, Велигден - Канал 5

Бигорскиот манастир подготвен за најголемиот христијански празник, Велигден

Древното македонско светилиште, манастирот „Свети Јован Крстител", попознат како Бигорски манастир, како и низ вековите подготвен е за одбележување Хрстовото воскресение, Велигден.

Бигорскиот манастир подготвен за најголемиот христијански празник, Велигден

Присуството на голем број верници од сите делови на државава, но и на верници од православниот свет од повеќе европски држави, само потврува дека Бигорски останува духовен центар за поширокиот балкански регион.

Верници тука има во голем број уште од почетокот на ова страдна недела, посебно од велика среда, а масовно присуство се очекува денеска, кога традиционално присуствуваат повеќе од две илјади верници.

– Со смртта Христос ја победи смртта, и со тоа на сите оние кои веруваат во Христа им дарува живот вечен. Овој ден испраќа порака на мирот, на љубовта на простувањето, бидејќи Христос и од крстот испрати прошка за сите оние што правеа злодело на овој ден, затоа денес секој христијанин треба со скрушеност да си спомнува за сите овие настани, да се моли на Бога и да се уподобува на својот спасител, кој е љубов, прошка, мир и радост, велат од Бигорскиот манастир.

Во овој манастир првпат пред 11 години беше донесен Благодатниот оган.

Ползувајќи се со своите лични пријателства со претставници од Грчката црква, Бигорски го носеше Светиот Оган од Солун и тој пристигнуваше приближно околу полноќ, кога всушност и започнува пасхалната богослужба.

– Би сакале да потсетиме дека Благодатниот Оган е едно постојано Божјо чудо што секоја година се случува на Велика Сабота, во Господовиот Гроб во Ерусалим. Светиот Оган е натприродно собитие, а тоа се гледа од начинот на кој се појавува, од тоа што пламенот во почетокот не изгорува, како и од фактот што тој предизвикува душевна промена кај многумина што се удостоиле да го видат. Благодатниот оган е несомнено дело на нестварната Божја благодат, но не и самата нестварна светлина од Тавор и од Христовото Воскресение. Како што преку таинствата на православната Црква се осветуваат водата и елејот, така, во овој случај, се осветува и природата на огнот. Затоа, кон него не треба да имаме несоодветен или магиски пристап, туку онаков на каков што нѐ учи светата Црква, велат од Бигорскот манастир.

Посочуваат дека со разгорувањето на кандилата и свеќите со Благодатниот Оган во православните храмови и со трикратно кружење околу храмот, започнува пасхалната богослужба.

По пауза од речиси едно столетие, годинешната велигденската литија на Бигорскиот манастир ќе ја предводи реставрираниот литиен крст на манастирот, изработен од сребро, делумно позлатен во 1814 година, во Елбасан, Албанија. Овој вреден црковен предмет има своја историја како повторно доаѓа до израз да биде ставен во црковна служба.

– Прекрасно реставриран, зачувавме вреден црковен предмет стар над два века, вели архимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир на чие лице се чита радоста и среќата што ја чувствува.

Манастирот е основан во далечната 1020 година од монахот Јован Дебарски кој тогаш станал Охридски архиепископ. Посветен е на Крстителот Господов, Свети Јован, за кого самиот Господ Исус Христос рекол дека меѓу родените од жена нема поголем од него. Преживеал многу премрежија и голготи,како што беше и последната трагедија од 30 септември 2009 година, кога пламените јазици го пеплосаа Горни Палат. Но,секогаш се извишувал како феникс за да може да „говори" за постоењето на православието на овие простори.

Внезгден во пазувите на Бистра, со екот на камбаните, испреплетен со жуборот на Радика, на полноќ вечерва ќе биде соопштена радосната вест за Христово Воскресение-Велигден, Празникот над празниците, како што тоа било со векови./MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Атрактивната Никол повторно провоцира

Светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер обожува да се фотографира и снима за социјалните мрежи, но овојпат за малку ќе предизвикаше скандал. 

Фото: Атрактивната Никол повторно провоцира

Убавата Никол покажа повеќе отколку што требаше.

Позната по своите бујни гради и витка линија, мегапопуларната пејачка не ја пропушти можноста да ја разгори имагинацијата на многумина на интернет.

На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен и деловен живот, таа овојпат сподели „жешко“ видео кое за кратко време собра голем број лајкови и реакции од целиот свет.

Познатата пејачка е снимена додека танцува, а во преден план беа нејзините стомачни мускули и виткото тело – но и нешто друго.

.. Со оглед на тоа што носеше тренерки со низок струк, постоеше опасност да покаже многу повеќе од својата прекрасна фигура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Недопрено богатство по 2.100 години излезе од морското дно: Древен изум го спасил од распаѓање

На дното на Средоземното Море е пронајдена потоната бродска олупина со илјадници парчиња луксузен римски прибор за јадење, кои таму лежеле недопрени 2.100 години.

Недопрено богатство по 2.100 години излезе од морското дно: Древен изум го спасил од распаѓање

Античкиот комплет чинии и длабоки садови останал совршено зачуван на длабочина од 55 метри.

Товар од луксузни садови за јадење повторно излегол на виделина откако поминал 2.100 години на дното на Средоземното Море.

Археолозите открија потонат брод полн со илјадници керамички садови во близина на турскиот брег.

Наодот вклучува чинии за супа, чинии за риба и овални садови со различни димензии, кои се зачувани во исклучително добра состојба. Тие нудат редок увид во начинот на исхрана на богатите во римскиот свет, во време кога со овие исклучително барани луксузни производи се тргувало преку морињата.

„Од длабочините на Средоземното Море, на виделина изнесуваме комплети садови стари 2.100 години. Во подводните ископувања што ги започнавме во 2025 година, досега откривме илјадници артефакти од потонатиот брод полн со керамика“, изјави турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој.

Остатоците од бродот лежат на длабочина од 55 метри во близина на брегот на Адрасан во Анталија, но се верува дека потекнуваат од Росус, античка населба во денешната провинција Хатај.

Овие две области се оддалечени околу 300 наутички милји, па затоа се претпоставува дека бродот најверојатно пловел кон Рим кога бил зафатен од невреме и потонал откако удрил во плитиште.

Истражувачите досега имаат пронајдено илјадници артефакти, вклучувајќи чинии, длабоки садови и овални садови во 122 различни форми и големини, што ја открива „луксузната“ култура на исхрана од тоа време, пренесува „Дејли мејл“.

Археолозите откриле и керамички садови од неколку егејски острови, што укажува на тоа дека бродот превезувал стока од повеќе центри за производство.

Доказите од римските записи покажуваат дека керамиката од Росус уживала голем углед меѓу богатите потрошувачи. Значајноста на ова откритие дополнително се нагласува преку интересната поврзаност со една од најпознатите личности на антички Рим – државникот и оратор Цицерон.

Во писмото до својот пријател Атик, напишано во 50 година п.н.е., Цицерон пишува за нарачување керамика од Росус, што сугерира дека керамиката од тој регион била високо ценета меѓу богатите Римјани.

Археолозите го пронајдоа товарот на бродот во исклучително добро сочувана состојба. Тоа се должи на фактот што садовите биле внимателно спакувани во дрвени сандаци, со глина поставена меѓу поединечните парчиња за да се спречи нивно кршење при транспортот. Се чини дека токму оваа заштитна амбалажа го спасила поголемиот дел од товарот од сериозни оштетувања кога бродот потонал.

Монетите пронајдени во остатоците од бродот потекнуваат од I век п.н.е. и им помогнале на истражувачите да утврдат кога бродот тргнал на своето последно патување.

„Благодарение на глината поставена меѓу нив при пакувањето во сандаци, овие артефакти стигнаа до нас неоштетени, пренесувајќи ја во денешницата анадолската мајсторија во изработката и трговското минато на Медитеранот“, изјави Ерсој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бред Пит „процвета“крај младата Инес де Рамон

Девојката на големиот холивудски заводник Бред Пит е вистинска магија – се гледа дека тој „цвета“ покрај неа.

Бред Пит „процвета“крај младата Инес де Рамон

Скромната и убава, Инес де Рамон, девојката на Бред Пит, повторно ги освои срцата на луѓето ширум светот. Таа се појави на црвениот тепих во волшебна, речиси нереална креација и му даде нота на романтика на целиот настан.

Љубовта меѓу Бред Пит и неговата девојка Инес де Рамон цвета. Тие се појавуваат заедно на големи настани и не е тајна дека славниот актер конечно ја пронашол среќата покрај неа. Викендов во Лондон се одржаа наградите „Albies“, а тие присуствуваа на овој гала-настан.

Сите присутни ги воодушевија со своите модни комбинации, особено прекрасната Инес, која зрачеше со чиста романтика.

За оваа прилика таа избра нежен зелен фустан од тантела што ја истакнува нејзината витка фигура. Фустанот се одликува и со отворени раменици, што на целата креација ѝ даде женствена нота.

Што се однесува до Бред, тој избра црн смокинг, кој го надополни со пеперутка-вратоврска. Како вистински џентлмен, тој сакаше сите погледи на јавноста да бидат вперени кон неговата сакана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер