ЖивотБигорски манастир го одбележува патронот Познатото македонско древно светилиште „Свети Јован Крстител", попознат како Бигорски манастир, го одбележува Отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован.Вечерва, во предвечерието на празникот, од 18:30 часот ќе биде отслужена свечена архијерејска Вечерна богослужба и Молебен канон во чест на Чудотворната икона на Св. Јован. Утре, на денот на патронот, во 7:00 часот почнува утрената богослужба, во 8:45 часот е пречекот на надлежниот митрополит дебарско-кичевски, неговото високопреосвештенство, г. Тимотеј и на митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф. Светата архиерејска Златоустова литургија почнува во 9:00 часот. Бигорската обител упати покана за достоинствено и со почит одбележување на патронот, како и строго почитување на мерките за заштита од Ковид-19. Се замолуват сите поклоници и посетители совесно да се придржуваат до сите пропишани мерки за здравствена заштита и превенција од коронавирусот, односно задолжително да носат заштитна маска, да користат средство за дезинфекција и да го запазуваат потребното физичко растојание. – Славното Бигорско светилиште, кое низ вековите било гордост на нашите претци и столб на нивната православна вера и самобитност, особено за жителите на овие краишта, и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската Вистина и да ја јакне верата меѓу народот. Затоа да ја покажеме и ние должната почит кон Светиот Јован Крстител и нашата пожртвувана љубов кон неговото вековно светилиште, стекнувајќи го на тој начин благословот на светиот претеча. Ја имаме големата чест и радост, во името на Христовиот пророк и крстител, да ги поканиме сите благочестиви православни христијани да се присоединат кон неговото големо торжество, бидејќи тој, во денот на својот најголем празник Усекновение, е особено благодатно присутен и преку својата славна и чудотворна бигорска икона ги слуша и исполнува молитвите на оние коишто со љубов и вера го повикуваат; тоа е денот кога „најголемиот меѓу родените од жена" ја излева својата од Бога добиена благодат врз сите коишто ревносно го чествуваат неговиот спомен. И кога секој човек неизмерно се радува кога ќе биде посетен од своите драги пријатели на денот на својата свеченост, тогаш колку ли, пак, повеќе Светиите Божји ги милуваат оние кои ги чествуваат! Молитвите на Свети Јован Пророк, Претеча и Крстител, да бидат со сите нас!, стои во поканата од бигорската обител. Манастирот е основан во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин и годинава го одблежува големот јубилеј 1000 годи од основањето. Вгнезден во пазувите на Бистра, покрај жуборот на Радика, низ вековите минал низ многу премрежија и голготи, но опстоил за да говори за постоењето на правславието на овие простори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецотПремиерот Христијан Мицкоски очекува Алта банка наскоро да добие нов сопственик, нагласувајќи дека веќе има заинтересиран купувач. Со тоа вели нема да се реализира сценариото за стечај, за кое според него се залагала опозицијата. Мицкоски посочи дека поминал тридневниот рок за известување на српскиот регулатор, а сега тече десетдневниот рок по кој Народната банка треба да ги понуди акциите на продажба преку Македонската берза. Потоа следуваат уште пет дена за лиценцирање на потенцијалните понудувачи. Аукцијата, како што најави Мицкоски се очекува кон крајот на месецов или почетокот на идниот. - И денеска сум голем оптимист дека, за жал, од опозицијата ќе бидат разочарани, бидејќи нивните црни сценарија и обиди банката да отиде во неизвесност, односно во стечај, нема да се реализираат. Односно, ќе имаме финансиска институција, банка којашто ќе биде сопственик на Алта банка. Значи, ќе ја спасиме банката – тоа е многу важно и за доверителите, но и за луѓето коишто се во, би рекол, некаква релација со Алта банка. А тоа е лоша вест за нашата опозиција којашто се молеше и на дневна основа водеше кампања дека банката ќе банкротира, ќе отиде во стечај итн.,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Кој е заинтересираниот купувач не е познато, а претходно, гувернерот Трајко Славески изјави дека интерес покажале шест инвеститори, меѓу нив и две домашни банки. Во меѓувреме, Алта банка од денеска ги отвори вратите и во Тетово и Струмица, за шалтерска исплата до 20.000 денари за клиентите кои немаат платежни картички. Од денеска, зголемен е и неделниот лимит за користење на картичките и подигнување пари од банкоматите од 15 на 20 илјади денари.Но првиот ден од проширувањето на шалтерската мрежа не помина без проблеми..Слична слика како и во Битола, денеска имаше во експозитурата во Струмица, редици граѓани пред банката и незадоволство. Дел од граѓаните утрово реагираа дека чекале со часови, бидејки на шалтерите ниту во банкоматите немало пари, па се очекувало тие да бидат донесени од Скопје. - Внатре немаат пари, ниту пак во банкомат има. - Од 7 саат чекам тука и што да правам болна жена ако ми стане лошо кој ќе одговара? - Таму нема на шалтерите, чекаат од Скопје да донесат, а кога ќе дојдат не знам. Од Народната банка попладнево соопштија дека проблемот бил решен и дека исплатите на сите шалтери продолжиле да се одвиваат непречено. Велат дека во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имало краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната неделаДоналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг би можеле да се сретнат во Кина следната недела за да разговараат за завршување на војната во Иран.Трамп им рече на новинарите дека очекува да се сретне со рускиот и кинескиот лидер на азиско-пацифичкиот самит во Шенжен, Кина, закажан за 18 и 19 ноември. „Тоа ќе биде интересно. Ќе разговараме за многу работи, вклучително и за денуклеаризација. Се обидуваме да ја завршиме војната во Иран“, кажа Трамп. Идејата за ваков самит прв ја предложи Путин, кој притоа сакал да се разговара за завршување на војната во Украина. Кремљ на 21 октомври соопшти дека се прават подготовки за ваква средбаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИнфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗСИнфлацијата во октомври според индексот на трошоците на животот бележи зголемување од 3.3 отсто во однос на истито месец лани, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.На годишно ниво најмногу поскапело горивото. Според статистичките податоци, транспортот во октомври годинава е за 9,5 отсто поскап во однос на лани. Трошоците за рекреација, спорт и култура се зголемиле за 8,5 отсто, а за образование над 5 отсто. На месечно ниво инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, изнесува 0.4 отсто, индексот на цените на мало е повисок за 0,2 отсто. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook