КултураБигорски манастир: Да го прифатиме намалувањето на цените во празничните денови Бигорски манастир: Да го прифатиме намалувањето на цените во празничните денови како општествена кауза. По повод двата најголеми христијански празници, Рождество Христово-Божиќ и Христовото воскресение - Велигден, Свештената бигорска Обител, секоја година се обраќа до јавноста и повикува на солидарност, милостивост и автентично прославување на празниците. За таа цел и сега апелира до сите правни субјекти, односно до сите трговци и сопственици на маркети и на големопродажни објекти, да се вклучат конструктивно и сеопфатно во иницијативите за намалување и непоскапување на цените на производите, со што „милосрдно и општествено одговорно ќе се пристапи кон посиромашните категории и ќе се овозможи и тие да ги почувствуваат празничните денови во радост, заедништво и барем помала безгрижност“. -Намалувањето на цените на основните производи од потрошувачката кошница е древна, но и современа практика насекаде во светот, но за жал, не и во македонското општество. Трендот на поскапување на цените во пресрет на големите христијански празници, го наследивме од претходниот атеистички општествен систем, кога верата била ставена на маргините од општеството. Пред овој, лишен од вистинско човекољубие режим, нашите предци постојано се грижеле за сиромашните, трудејќи се на секаков начин да им го олеснат бремето на животот, помагајќи им достоинствено да си ги прослават празниците, со што и автентично ја сведочеле верата, која според апостолот, е непостоечка без добри дела, стои во апелот на Свештената бигорска Обител. Се посочува дека имајќи предвид дека ваквите апели може да повлијаат на економските придобивки на трговците, сепак, сметаме дека многу важна компонента на празникот Божиќ е засилување на добродетелноста на давањето од своето и од себе, и затоа на оваа доблест гледаме како на жртва, чиј најсовршен облик го имаме во Христовите личност и дела. -Дополнително, ја изразуваме нашата поддршка и за иницијативите на претседателот на Владата, Христијан Мицковски, кој преку јавните гласила директно им се обрати на трговците, барајќи оваа кампања да се сфати како општествена кауза - прекупотребна за нашето сенародно единство, која се темели врз добродетелните вредности на верата и врз моралот, како вредносен општествен систем, се нагласува во апелот на Бигорскиот манастир. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски сака предвремени избори, но нема алиби од опозицијатаКако што кажавме, снемува пари - следуваат избори.Мицкоски порача дека нема план за предвремени избори, но дека е подготвен доколку опозицијата го предизвика. Оваа реченица е копи-пејст од неговиот ментор и шеф на сестринската партија од Србија, Александар Вучиќ. Тоа го контастира и Европскиот парламент во Извештајот во којшто забележува, со загриженост, сè посилни врски со Владата на Србија, која „спроведува нелиберална агенда“. Реалноста е дека Мицкоски сè работи по ист модел - де факто и де јуре. Исти наратив, исти фрази, иста стратегија. Прво ги навреди сите граѓани кои се за Европска унија, нарекувајќи ги „талог на општеството“, „коленичари“, „медиокритети“ и „мекотели“. Истиот наратив што Вучиќ го користи за граѓаните на соседните земји кои се залагаат за европски пат. Ние нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори. Од нас тоа нема да го добие. Ќе видиме кој од таканаречената опозиција, од сателитите на ВМРО, ќе биде искористен за да го повика на предвремени избори. Сценариото постои, глумците со бугарски пасоши ги знаеме, а режисерот „патриот“ со скапи часовници ни е премногу добро познат. Мицкоски сака предвемени избори затоа што нема резултати а снемува и пари. Сака избори затоа што сака да го преживее политичкиот колапс што сам го предизвика. Но граѓаните не се наивни, знаат сè. Не е прашање дали опозицијата е подготвена, туку дали се подготвени граѓаните на Македонија за предвремени избори. Дали се подготвени нивните паричници и фрижидери. Дали се подготвени граѓаните да останат дома и да му дозволат на Мицкоски уште повеќе да ја уништи економијата, да ја изолира државата и населението да го доведе до работ на сиромаштијата. Тоа е прашањето. Со негласање, самите се казнуваат и на тендер коалицијата ѝ овозможуваат уште четири години грабеж на нивните пари. Кога Мицкоски ќе ги распише избори, граѓаните не смеат да останат дома. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПровери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измамиАсоцијацијата за е-трговија го објави најновото ажурирано издание на Регистарот на е-трговци со цел да им помогне на граѓаните да проверат од кого купуваат пред да направат онлајн плаќање.Според податоците на Народната банка, во 2025 година во земјата имало 1.829 места на продажба за е-трговија, од кои 1.396 биле активни, односно реализирале најмалку една трансакција во текот на годината согласно методологијата на НБРМ. Регистарот на е-трговци е единствениот регистар кој претставува сеопфатна база на сите онлајн продавачи во земјава кои нудат плаќање со картичка и се ажурира во соработка со петте банки кои процесираат е-трансакции- Комерцијална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка, Халк Банка и УНИБанка. Со цел негово ажурирање, АЕТМ добива подароци од петте банки, врши проверка, идентификација, категоризација и ажурирање на е-продавниците, со што Регистарот на е-трговци обезбедува единствен и структуриран увид во понудата на домашниот пазар на е-трговија. За активни е-продавници согласно методогијата на АЕТМ се подразбираат оние е-продавници кои реализирале најмалку една онлајн трансакција во текот на годината и имаат активна веб-страница за време на проверката. Каква е домашната понуда во е-трговијата Регистарот на е-трговци опфаќа 1374 активни е-продавници распределени во 25 категории. Податоците покажуваат дека најголем дел од понудата во македонската е-трговија ја сочинуваат е-продавници за козметика, производи за убавина или нега (115), облека, обувки и модни додатоци (100), храна и пијалаци (87), бела техника и електроника (86), туризам (81), веб услуги, стриминг или преземања (73), едукација (71), дом, мебел и градина (61) и многу други категории, што укажува на сè поголема разновидност на производи и услуги достапни преку домашните е-трговци. Податоците од регистарот покажуваат дека домашната е-трговија повеќе не е ограничена само на традиционалните категории како мода, козметика и електроника. Значајно присуство имаат и услугите, туризмот, образованието и дигиталните услуги, што укажува на постепено зреење на пазарот и проширување на навиките за онлајн купување кај потрошувачите. Регистарот добива дополнително значење ако се земе предвид континуираниот раст на е-трговијата во Северна Македонија. Според анализата на АЕТМ на најновите податоци од Народната банка на РМ, во 2025 година вкупната вредност на онлајн трансакциите достигна 950 милиони евра, што претставува раст од 32% во однос на претходната година. Од нив, 522 милиони евра се слеале кон македонските е-трговци, додека бројот на активни места на продажба за е-трговија е зголемен за 84 во однос на 2024 година. - „Податоците покажуваат дека е-трговијата продолжува да се развива со солидно темпо, како во однос на вредноста на трансакциите, така и во однос на понудата. Регистарот на е-трговци ни овозможува не само да ги идентификуваме активните е-продавници, туку и да добиеме појасна слика за тоа кој ја сочинува понудата на домашниот пазар. Анализата покажува дека покрај традиционално силните категории како козметика, мода и електроника, сè поголема застапеност имаат услугите, едукацијата, туризмот и дигиталните производи, што е показател за зреење на дигиталната економија и проширување на навиките за онлајн купување кај потрошувачите“, вели д-р Нина Ангеловска Станков, претседател на АЕТМ. Корисна алатка за заштита на потрошувачите и борба со нерегистрираните трговци Регистарот на е-трговци претставува практична алатка за зголемување на довербата на граѓаните при онлајн купување. Со оглед на тоа што значителен дел од онлајн измамите се случуваат преку нерегистрирани продавачи, најчесто преку социјалните мрежи, регистарот им овозможува на граѓаните лесно да проверат дали еден продавач е регистриран правен субјект и дали користи интегрирано онлајн плаќање преку банка. Регистарот истовремено придонесува и кон намалување на сивата економија преку поголема транспарентност и видливост на активните е-трговци. За самите е-трговци, присуството во регистарот претставува дополнителен знак на кредибилитет и доверливост, како и можност за поголема видливост пред потенцијалните купувачи. Во регистарот се вклучени е-трговци со регистриран правен субјект во Република Македонија и интегрирано онлајн плаќање преку една од петте банки, а кои реализирале најмалку една онлајн трансакција во текот на 2025 година. Регистарот е јавно достапен и може да се пребарува по URL адреса, правен субјект и категорија на е-продавницата на: https://ecommerce.mk/registar За потребите на ажурирањето, АЕТМ користеше и алатки базирани на вештачка интелигенција за автоматизирана проверка на активноста, достапноста и категоризацијата на е-продавниците.Тагови: АЕТМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?Тој нагласи дека Македонија не може да прифаќа процес без гаранции дека после едно исполнето барање нема да следуваат нови.Македонија мора да најде решение за европскиот пат, но не решение кое ќе отвори нови прашања за македонскиот идентитет, историја и јазик, порача министерот за јавна администрација и генерален секретар на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Горан Минчев, во гостувањето во „Само Интервју“ на Канал 5 ТВ. Минчев посочи дека прашањето не е само дали Бугарите ќе бидат внесени во Уставот, туку што ќе се случи потоа. „Хипотетички, утре да ги внесеме Бугарите во Уставот. И што следно? Ако следното барање биде Гоце Делчев? Има ли Македонец кој ќе се согласи дека Гоце Делчев не е Македонец?“ праша Минчев. Тој нагласи дека Македонија не може да прифаќа процес без гаранции дека после едно исполнето барање нема да следуваат нови. „Ние имаме ситуација каде што од бугарска страна постојат ставови дека Македонците постојат по 1945 година или дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик. Тоа не се само историски прашања, туку прашања што го допираат темелот на македонскиот идентитет“ рече Минчев. Минчев го постави и прашањето како може Македонија да прифаќа определени толкувања на историјата, а да се игнорираат настаните и жртвите. „Пред неколку дена бев во Ваташа, каде што оддадовме почит на 12-те младинци, жртви на едено тешко историско злосторство. Тоа било масакр, трагедија која народот не ја заборава. И замислете перверзија. Венко Филипче и СДСМ полагаат цвеќе таму, а во исто време велат дека ако Бугарите се внесат во Уставот, треба да се признае дека биле „бугарски администратори“, а не окупатори.“ истакна Минчев. Според него, Македонија не може да дозволи европскиот процес да значи прифаќање на тези со кои се оспорува македонската посебност. „Не може да се бара од нас да прифатиме дека нешто што е дел од нашата историја и идентитет е предмет на преговарање. Ние мораме да најдеме начин да излеземе од оваа состојба, но тоа не значи да излеземе по секоја цена. Македонија мора да оди кон Европската Унија, но како рамноправна држава, со свој јазик, историја и идентитет“ порача Минчев. Движењето ЗНАМ продолжува да се залага за политика која ја става Македонија над партиските интереси, за европска иднина, силни институции и држава која знае да преговара, но и да ги брани своите темели.Тагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook