Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
2Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
КултураБигорски ги објави 10-те најзначајни настани во 2019 годинаПознатото македонско древно светилиште Бигорски манастир ги објави десетте најзначајни настани во текот на 2019 година.Првиот е замонашувањето на трите искушенички на манастирската слава во манастирот „Свети Георгиј Победоносец" во Рајчица. – Живот рамноангелен, за слава на ангелите и пораз на демоните. Има ли поголема чест од тоа својот минлив краткотраен живот да го дадеш во залог за вечноста, служејќи му со љубов, предано и до крај на оној што претходно веќе го даде својот живот за сите нас. На таква чест се удостоија трите раички искушенички Мимоза, Флорина и Христина, кои полагајќи го заветот пред небесната и земната црква и стекнувајќи, преку раката на возљубениот ни владика, митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј, благослов за живот во монашки подвиг, наведуваат од Бигорски, чиј метох е манастирот во Рајчица. Друг настан е бигорското секојдневие низ монашката песна „Среде пустинската убост", песна што е своевиден приказ на монашкото секојдневие, составена од светогорски монах, што Бигорското братство успеа да ја преведе и да ја препее, создавајќи композиција што плени со прекрасните стихови што ја искажуваат длабочината на монашкиот живот, и со топлата архаична мелодија успешно го пренесува мистичниот амбиент во кој живее и се движи монахот. Значаен настан е посетата на претседателот Стево Пендаровски во Бигорски, кој изјави дека „ако не ги почитуваме корените, нема да имаме иднина" и најави дека ќе биде покровител на одбележувањето на илјадагодишнината од основањето на Бигорскиот манастир. – Во посета на Свештената бигорска обител беше претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, кој гостољубиво беше пречекан од старецот и игумен, архимандрит Партениј со братството. Посетата на благочестивиот претседател се должи на неговата лична желба одблиску да се запознае со целокупната мисија на Братството, во пресрет на илјадагодишнината од основањето на Бигорскиот манастир (1020 – 2020), на чијашто прослава покровител ќе биде токму тој, наведуваат од Бигорски. Таворски блесок на врвот Крчин Четврта година по ред како нашето братство од Бигорскиот манастир и нашите сестринства од манастирите на светиот Победоносец Георгиј и на Богомајката Пречиста, предводени од благословот на возљубениот ни старец, архимандрит Партениј, со најпосебна љубов и возвишени чувства отслужија Божествена литургија на врвот Голем Крчин (2.341 м). Повеќе од 600 верници – планинари, алпинисти, спортисти – притекнаа од сите страни на нашата земја за да се искачат на овој чудесен по својата убавина врв и таму, во пресрет на празникот Преображение Христово, да се сретнат со Добриот Бог, кој ги исполни нивните срца со двојна радост. „Сега е свет и велик пост" – нов видеоспот за првата великопосна песна Изминатиов период во Бигорскиот манастир беше изработен нов видеозапис, овојпат за великопосна каланда – стара византиска песна со која нашиот народ го најавувал великиот пост, а која носи наслов „Сега е свет и велик пост". Нејзината цел била да ги повика сите верни да земат учество во спасоносните великопосни денови. Славната еордија – радост за Струга Веќе 10 години, возобновената струшка еордија е благовесничка на радост и насекаде низ нашата земја го испраќа, во вид на зраци, благословот на св. Георгиј. На верните, што во сѐ поголем број доаѓаат на ова чудесно духовно доживување, таа им го дава одново блесокот на пасхалната радост. Воскресение Христово – Света Пасха Ден на воскресение, Пасха Господова, ден во кој „од смртта кон живот, и од земјата кон небото, Христос Бог нè преведе!" Се огласи громогласно радосната вест за победата над смртта, одекна пораката за надеж и живот. Се објави неисцрпната љубов на Бога, кој ги повикува смртните кон живот во полнота, ги приведува победоносно во светот на воскресението. Изложба на носиии од Дебарско и Реканско Изложба на носии на Мијаците од областите: Река, Азот и Железник, како и носии од Дебарско Поле, Голо Брдо, дебарски Дримкол и Горна Река. Станува збор за најстари носии, коишто хронолошки можат да се следат од 17 до 19 век. Благодатта излеана од молитвите на свети Партениј ги освети темелите за новите конаци Во чест кон светиот Партениј Лампсакиски се осветија темелите за новиот грандиозен комплекс што ќе биде подигнат на манастирскиот паркинг од страна на фирмата „Агноандика" и изведувачот Рединг ДООЕЛ Скопје, кои всушност ќе го изградат проектот на Виадукт Скопје. Заблескаа крстовите на храмот на светите Кирил и Методиј На самиот крај од светлото празненство на Светиот дух, во седмицата на светата Педесетница, предобриот Бог нѐ удостои со уште една небесна радост. Имено, со благословот на нашиот почитуван владика, митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, беа поставени крстовите на храмот на светите Кирил и Методиј, рамноапостолните отци наши, во нивниот скит во село Битуше. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГраѓаните навреме да ја чистат околината околку нивните куќи и викендичкиДиректорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, ги повика граѓаните да не чекаат огнот да се приближи до нивниот имот, туку навреме да ја расчистат околината и да го намалат ризикот пламенот да стигне до објектите. Сувата трева, високата вегетација и запуштените дворови околу куќите и викендичките можат за неколку минути да станат гориво за пожар. Особено ризични се куќите и викендичките кои се користат повремено, како и имотите во селата со мал број постојани жители. Кај нив тревата често со месеци не се коси, а сувата вегетација може да достигне височина и над еден метар..Тагови: стојанче ангелов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МетеоСончево и многу топло, температура до 40 степениСпоред Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 39 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
БалканЗемјотрес со јачина од три степени лоциран во Нови Пазар, Србија Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта ја погоди Србија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на оваа соседна земја.Според информациите, земјотресот се случил околу два часот по полноќ во Нови Пазар. Врз основа на достапните координати, епицентарот е лоциран на длабочина од два километри, на самиот раб на градот. Со оглед на наведената јачина, малку е веројатно дека земјотресот предизвикал материјална штета.Тагови: земјотреси Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook