Бигорски ги објави 10. најзначајни настани во 2023 година - Канал 5

Бигорски ги објави 10. најзначајни настани во 2023 година

Манастирот „Свети Јован Крстител“ попознат како Бигорски манастир, традиционално ги објави десетте најзначајни настани во изминатата 2023 година.

Бигорски ги објави 10. најзначајни настани во 2023 година

-Работејќи смирено над нивата Господова, со трпение, вера и молитва, ја испрaтивме минатата година со повеќе значајни настани – сведоци на еден добар подвиг, залагање и посветеност, со цел духовно возрастување на Црквата Божја. Од свештени богослуженија до значајни културни собири, секој настан беше празник на духовноста и на заедништвото, сведок на нашата заедничка мисија и соработка во љубовта Христова, стои меѓу другото го објавата.

Се додава дека под небесна закрила и водство на Свети Јован Крстител, неуморниот заштитник на манастирот, и со благословот на епископ Антаниски г. Партениј, со огромна благодарност и надеж за светлата иднина, го започнувале новото Лето на благоста Господова.

-Се молиме за благословена година, исполнета со духовен раст, љубов и радост во Христа Господа. Ви благодариме што сте дел од нашата поширока заедница и ви посакуваме благословено духовно патување и растење во новата година, посакуваат од Бигорскиот манастир.

Прв од десетте најзначајни настани е концертното трожество во Кичево, кој следуваше по божикното литургиско торжество во храмовите и големиот Божиќен концерт во прекрасниот амбиент на Македонската филхармонија.

-Градот Кичево, блесна со посебен сјај, чиниш од секое свое катче ја излеваше божикната радост за сите. Специфичниот и богат византиски мелос на древните божикни и новогодишни каланди, со кои се излеваше голема пофалба за Бога, зазвучи повторно, сега во преполната сала на Центарот за култура, во изведба на бројни талентирани музичари. Меѓу бројните гости на празничниот концерт се најде и нашиот возљубен старец, епископот Антаниски г. Партениј, кој беше придружуван од многупочитуваниот Митрополит на Аркалохори, Кастели и Вијано, г. Андреј, кој заедно со архимандритот Филотеј и јеромонахот Андреј допатува од Православната Црква во Грција, носејќи го патријаршискиот благослов за благодатно преуспевање во Новото лето Господово, стои во објавата.

Промоција на документарниот филм за Бигорски во Рим

Во свечениот амбиент на „Понтификалниот институт за ориентални студии“ во Рим, се одржа проекцијата на документарниот филмот „1000 години – Сведок на Светлината“, посветен на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир, во авторство и режија на Илија Ико Каров. На иницијатива на македонската амбасадорка во Ватикан, Марија Ефремова, а под покровителство на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, документарецот за Бигорскиот манастир беше проектиран пред голем број амбасадори и други дипломати од повеќе држави, акредитирани во Светата Столица. Целта на оваа проекција беше запознавање на дипломатскиот кор од повеќе држави во Ватикан со македонското културно и духовно богатство.

Посебно место се отстапува на големи почести, благослови и достоинства од Вселенската Патријаршија

Во денот на свеченото и славно влегување на Спасителот наш Господ Исус Христос во Светиот Град Ерусалим, на овој голем празник – предвесник на триумфот на Животот над смртта, на Доброто над злото, на Љубовта над омразата; празник на чистата и серадосна пофалба кон Господа од непорочните детски усни и од незлобливите срца на возрасните, најсветата Охридска Архиепископија и нашата Свештена бигорска Обител беа удостоени со највисока чест и со свештени достоинства. Со благослов на Неговото Блаженство г. г. Стефан и на надлежниот Митрополит г. Тимотеј, нашите собраќа Кирил и Анатолиј беа ракопроизведени во највисоката титула во Црквата за монашкиот род – Архимандрити на Вселенскиот патријаршиски Престол.

Меѓу десетте најзначајни настани е и Велигденски концерт во Кичево. На голема радост за кичевчани, втора година по ред, тој се одржа во просториите на Центарот за култура во Кичево, во организација на Здружението на млади за заштита на народното и духовно наследство „Митрополит Козма Пречистански“.

Струшката Еордија во најсјаен блесок е следниот настан. Торжествата кои го следат серадосното празненство на Воскресението Христово, со особено ликување ги радуваа срцата на Христијаните не само од земјава, туку и од подалеку. Така, и минатата година традиционалната струшка Еордија, која веќе прерасна во сенароден настан кој собира огромно множество верни, восхитувајќи ги и сплотувајќи ги во еден дух и во една мисла, му оддаде благодарност и почит на големите светињи – моштите на Светиот Георгиј Победоносец од манастирот во Рајчица, неговата

древна чудотворна икона, како и Крнинскиот образ на Мајката Божја.

Празничната вечерна богослужба беше отслужена од страна на нашиот почитуван Митрополит Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, од возљубениот ни Старец епископот Антаниски, г. Партениј, а на наша особена радост, учество во празнувањето во Струга за првпат зеде и архиереј од Вселенската Патријаршија, Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил, кој допатува на покана од владиката Тимотеј, за да биде негов почесен гостин.

Бигорскиот Манастир беше средиште на еден несекојдневен културно-уметнички настан – детската ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“. Оваа уметничка манифестација беше организирана од претседателката на оваа меѓународна детска ликовна колонија, Елена Хаџи-Антоновска и претседателот на УО на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ – Битола, Славчо Неделковски. Стотина млади уметници од 22 земји во светот, со своите штафелаи, четки и палети и пред сè, со својот уметнички талант и младешки творечки дух, го красеа манастирското двориште, пренесувајќи ги на сликарско платно архитектонските и природните убавини на Манастирот, секој преку својата лична естетска перцепција.

Во јуни беше монашкото поклонение во светителородниот Имврос. На овој необичен и волшебен спој на природната убавина и духовното благо, станавме сведоци и ние, браќата од Бигорски и сестрите од Рајчица и Пречиста, откако по благословот на нашиот свет архипастир, Митрополитот на богочуваната Дебарско-кичевска епархија, Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј, и водени од татковската љубов на нашиот сакан Старец, Епископот

Антаниски г. Партениј, се удостоивме да се поклониме на дел од светињите на тој чудесен остров, кој, меѓу другото, е татковина на Неговата Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј. Впрочем, Имврос е родното место на бројни Христови архиереи, монаси, светии и служители Божји.

Именденско празнување на Сесветиот Вселенски Патријарх во Манастирот на Живоприемниот Источник – Балаклија

Пестолнината на Православието, главниот град на некогашната славна Византиска Империја, Константинопол, повторно беше средоточие во кое притекнаа стотици верни, за да бидат дел од прославата на споменот на Светите Апостоли Вартоломеј и Варнава и именденот на Неговата Божествена Сесветост, Архиепископот на Константинопол – Нов Рим и Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј. На ова празнично торжество, со благослов на нашиот почитуван надлежен Митрополит г. Тимотеј, му се придружија и нашите монашки заедници од манастирите: Бигорски, Рајчица и Пречиста, предводени од возљубениот ни Старец, Епископот Антаниски г. Партениј. Огромна е нашата благодарност што, по втор пат, после одлуката на Вселенскиот Патријарх да ја врати Охридската Архиепископија во канонско единство со целата православна полнота, можевме да бидеме дел од оваа вселенска радост. Со посебна љубов ги причисливме нашите молитви кон соборот на верните и оддадовме почит, изразувајќи ја нашата синовска љубов и благодарност кон Таткото на Православните, честитајќи му го неговиот именден.

Посебен белег остави Филхармониски концерт во Бигорски каде триесетина млади благочестиви и уметнички души од Република Грција, кои допатуваа за поклонат на големата Бигорска светиња,

приредија едно несекојдневно и топло музичко доживување. Станува збор за младинскиот градски филхармониски оркестар на општината Амфилохија, кој, предводен од виртуозниот маестро Георгиј Цогас, одржа еден прекрасен благозувчен концерт во дворот на Манастирот, со композиции од најпознатите современи грчки композитори на традиционална музика.

Во десетте најзначајни настани во минатата година Бигорски го вбројува и осветувањето на црквата посветена на Пресвета Богородица во село Ростуше.

Наплив на славословие, благодарност и ликување ги обзеде душите на Православните во Река, но и пошироко, затоа што станавме сведоци на исклучителните благослови Божји што се излеаја во славното мијачко село, чиешто име значи токму тоа – радост на душата! Овој Храм на Мајката Божја веќе стана сведок на рајските убавини, дотолку повеќе што беше граден со синовска посветеност и љубов од нашиот сакан старец и игумен, Епископот Антаниски г. Партениј, кој со помош на благочестивите христијани од село Ростуше и на бројните богољубиви дарители, камен по камен, фреска по фреска, икона по икона, го обмислуваше и строеше овој Богородичен бисер во Мијачијата, стои во објавата на Бигорски манастир на 10. најзначјани настани во 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Али Ахмети да му ги чува и препродава акциите на Давор Мацура

Во позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДС и ДУИ, Бесими ја отворил темата на Влада а фирма на сватот на Ахмети зела 5 милиони евра кредит.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Али Ахмети да му ги чува и препродава акциите на Давор Мацура

Случајот Алта Банка е доказ за начинот на владеење на СДС И ДУИ предводени од Ахмети и кланот Заеви.

Случајот Алта Банка е доказ и Дека државата и граѓаните на СДС и ДУИ не им биле важни а единствен интерес им биле бизнис шемите, нетранспарентните зделки, енормнто богатење на поединци преку ноќ како и провизиите и полнењето на сопствените џебови врз грбот на народот.

Нема голем скандал во Македонија а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај ДУИ и Али Ахмети. Фирмата на сватот на Ахмети добива 5 милиони евра кредит од Алта Банка Србија.

Сега на секој граѓанин му е јасно зошто поранешните функционери на ДУИ Фатмир Бесими, Бујар Османи и Артан Груби толку агресивно го туркаа влезот на „Алта банка“ во македонскиот финансиски сектор.

Контроверзниот српски тајкун Давор Мацура, кој сега е во притвор во Србија, ја презел контролата врз Стопанска банка Битола подоцна преименувана во Алта банка Македонија купувајќи ги акциите директно од семејната компанија на сватот на Али Ахмети.

Во октомври 2024 година, кичевската компанија „АС Сењак“ на Селаудин Арифи, сватот на Али Ахмети, нагло влегува во банкарскиот бизнис и купува значаен пакет акции во Стопанска банка Битола. Во јуни 2025 година, нивната поврзана фирма ги зема петте милиони евра кредит од „Алта банка“ во Белград.

И само три месеци подоцна, на 17 септември 2025 година, во финалниот чин, компанијата „АС Сењак“ на сватот на Ахмети официјално му ги продава своите акции во битолската банка токму на Давор Мацура и неговата „Алта банка“, со што му овозможува директно преземање на банката во Македонија.

Во јуни, семејната бизнис-мрежа на Ахмети зема 5 милиони евра кредит од Мацура од Белград. За во септември, сватот на Ахмети преку „АС Сењак“ му ги продава акциите на истиот тој Мацура за да влезе во „Алта банка Македонија“ и инкасира милиони.

Дали кредитот од 5 милиони евра и купувањето на акциите биле меѓусебно поврзани?

Дали преку кредитирањето на фирма од бизнис-кругот на Ахмети, Мацура индиректно го финансирал сопственото влегување на македонскиот пазар?

Колку чинеле акциите и колкава финансиска добивка остварил продавачот?

Филипче и СДС да престанат да сеат магла во јавноста и да кажат дали на 24 октомври 2023 година, кога Бесими ја отворил темата за Алта банка на владина седница, знаеле за деловните релации со компанијата на сватот на Ахмети?

Дали тогаш СДС и ДУИ имале сознанија за потеклото на капиталот на банката и евентуални сомнежи?

Зошто молчеле за деловната соработка меѓу круговите на ДУИ, Давор Мацура и Алта банка?

Нема недопирливи! Секој сомнеж мора да биде проверен, а секоја утврдена незаконитост да биде санкционирана.

ВМРО-ДПМНЕ бара транспарентност, институционална одговорност и целосно расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречен

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречен

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2026 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2027 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

А.Д. ИЛИНДЕН Струга известува дека од 28.10.2026 г. ќе се воведе времен режим на сообраќај на Автопатот А2 делница Кичево – Охрид, во делот Пресека – Песочан до клучка Арбиново, поради изведување градежни работи за санација на лев коловоз и ќе трае сѐ до завршување на санацијата.

Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвидените градежни работи согласно договорот за санација.

Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите.

МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим.

ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално.

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект.

На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим.

На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Денес променливо облачно со сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понеделник температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер