Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин
2Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин
3Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
ЗдравјеБидете внимателни кога одите на базен!Совети за дамите како да избегнат непријатни инфекции!Избегнувајте седење со воден костум за капење кој ги апсорбира хемикалиите од водата. Жешките летни денови се особено тешки во градот, па многумина спас од горештините бараат на градските базени. Сепак, како што предупредуваат гинеколозите, одењето на базен може да биде многу опасно бидејќи демнат бројни инфекции. На ова посебно треба да внимаваат жените, бидејќи пливањето во базен со многу луѓе може да резултира со сериозни уринарни и вагинални инфекции, пишува магазинот Хелт. Совет од лекарите Како што објаснила д-р Кетрин Ојстер, лежењето во влажен костим за капење ја нарушува природната рамнотежа на бактериите. – Освен ова треба да се земат предвид и хемикалиите од базенот што се апсорбираат во ткаенината на костимот за капење и создаваат услови за развој на бактерии кои може да предизвикаат инфекција на уринарниот тракт, прекумерен раст на бактерии во вагината познат како бактериска вагиноза – предупреди таа. Овие инфекции можат да бидат многу непријатни и најчест симптом е чешањето. Ако состојбата не се лекува, се појавува исцедок. Неопходно е да се посети лекар кој ќе ви пропише терапија. Според д-р Кетрин, ова може да се спречи така што: -штом ќе излезете од вода, пресоблечете се во сув костим за капење -по враќање од базенот задолжително исперете ги костимите за капење -избегнувајте преполни базени и гужви Посебна претпазливи треба да бидат трудниците, луѓето со дијабетес и оние кои генерално имаат послаб имунитет бидејќи се поподложни на инфекции од секаков вид. Исто така, доколку земате какви било лекови или антибиотици, најдобро би било да избегнувате одење на базен. Симптоми: - чешање или болка во вагиналната област - вагинален исцедок - остар и непријатен мирис - потребата за често мокрење - болка при мокрење - чувство на печење Доколку почувствувате некој од овие симптоми, обратете се кај вашиот лекар или гинеколог, кој ќе ви ја одреди соодветната терапија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!И во есенските денови, Скопје го облекуваме во бои што внесуваат свежина и топлина во нашето секојдневие.Денеска, вредните вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ засадија есенски цветен расад во цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, долж булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонскиот центар. Нов цветен изглед добија и фигурите „Штрк“ во општина Аеродром и „Торта“ во општина Чаир, кои ги освеживме и украсивме со сезонско цвеќе, миозотис и хризантема. Благодарност до сите вредни раце што секојдневно се грижат нашите паркови и јавни површини да бидат поубави и попријатни за секој скопјанец. Да го чуваме она што го разубавуваме, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во ДаблинДенеска, заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“.На панел-дискусијата „Градење на компетитивна Европа – иновација, поврзаност и достапна енергија“, говорев за поврзаноста меѓу европската конкурентност, иновациите, енергетската безбедност и интеграцијата на Западниот Балкан. Европа ја црпи својата сила од способноста различноста да ја претвори во соработка, а соработката во заедничко дејствување. Конкурентноста денес не може да се сведе само на капиталот, големината на пазарите или цената на работната сила, туку сè повеќе зависи од капацитетот да се поврзат знаењето, технологијата, инфраструктурата, енергијата и луѓето и тие врски да се претворат во иновации, продуктивност и одржлив раст. Западен Балкан не е надвор од Европа, туку е дел од нејзината историја, инфраструктура и безбедносна архитектура, при што Европа и Западниот Балкан ги опишав како „систем на поврзани садови“, во којшто случувањата во еден дел неизбежно влијаат врз другиот. Прашањето не е само како Западниот Балкан подобро да се поврзе со Европа, туку дали Европа може да си дозволи да остане недоволно поврзана со регион што се наоѓа на пресекот на нејзините стратешки правци, енергетски коридори, пазари и човечки потенцијал, објави на ФБ претседателката Гордана Сиљановска- Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваЌерката на Клаудија Шифер има 22 години и неверојатно личи на својата славна мајка (ФОТО)Клементин Вон, 22-годишната ќерка на супермоделот Клаудија Шифер и режисерот Метју Вон, ќе го има својот прв настап на престижниот париски бал Le Bal des Débutantes на крајот од месецот.Настанот, кој ги собира младите жени од некои од највлијателните семејства во светот, ќе се одржи на 28 ноември и се смета за еден од најексклузивните социјални настани во годината. Меѓу дебитантките оваа година ќе биде Олимпија Баез-Херера, внука на познатата модна дизајнерка Каролина Херера, пишува Hello!. Клементин има необична сличност со својата позната мајка, од која ја наследила својата препознатлива руса коса, а е заинтересирана за слични области - студира уметност и мода. Клаудија Шифер претходно откри дека двете нејзини ќерки, Клементин и 15-годишната Космина, обожаваат да ѕиркаат во нејзиниот плакар и да позајмуваат облека. View this post on Instagram A post shared by Clementine Vaughn 🍊 (@clementine) „Уживам гледајќи ги како составуваат модни комбинации. За генерацијата на моите ќерки, споделувањето облека, размената и носењето парчиња од втора рака е нешто сосема природно“, изјави Шифер за „Гардијан“ во 2023 година. Што е „Le Bal des Débutantes“? „Le Bal des Débutantes“ е традиционален париски бал чии почетоци датираат од 1957 година. Првично беше замислен како можност за млади жени од угледни семејства да се претстават во општеството и да се запознаат со потенцијални сопруги. Но, во 1997 година, Офели Ренуар го модернизира концептот и го претвори во гламурозен настан што ги слави младите жени, нивните семејства и нивните достигнувања. Балот е од затворен тип и ги собира членовите на кралските и аристократските семејства и ќерките на влијателни луѓе од светот на бизнисот, уметноста и модата. Посебна карактеристика на настанот се луксузните фустани создадени од познати светски дизајнери за дебитантките, додека на балот ги придружуваат одбрани кавалиери. Настанот има и хуманитарна цел. Семејствата учеснички собираат средства за добротворни организации со донации, а оваа година парите се наменети за истражување на срцеви заболувања и за Детската болница „Марија Фарери“. Овогодинешниот бал ќе се одржи во луксузниот хотел „Шангри-Ла Париз“, поранешната палата на принцот Роланд Бонапарта, од која се нуди поглед на Ајфеловата кула. View this post on Instagram A post shared by Clementine Vaughn 🍊 (@clementine) Кои се другите дебитантки? Заедно со Клементина, посебно внимание привлекува 21-годишната Олимпија Баез-Херера, внука на Каролина Херера, која на балот ќе носи фустан со потписот на нејзината баба. Меѓу гостите се австриската надвојвотка Зита, која ќе носи креација од Франк Сорбие, и Викторија де Ноај де Муши де Пуа, потомок на француски благороднички и кралски семејства, која го избра дизајнерот Гуо Пеи. На листата се наоѓаат и близначките Ешли и Брејси Астон, членка на кувајтското владејачко семејство Шајма Ал Сабах и Џулиет Липман, ќерка на коосновачот на издавачката куќа „Република рекордс“, која ќе носи фустан од Оскар де ла Рента.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook