ЖивотБидете добронамерни - најсреќниот човек на светот ја открива тајната!Матје Рикар (69) е прогласен за најсреќен човек на светот, по учеството во 12 годишното истражување за медитацијата и сочувството. Истражувањето го раководел Ричард Дејвидсон, невролог од Универзитетот во Висконсин. Тој го поврзал мозокот на Рикар со 256 сензори и забележал дека време на медитирањето за сочувството, неговиот мозок бил извонредно неоптоварен!- Снимките покажаа дека неговиот мозок произведува ниво на гама зраци ( кои се доведуваат во врска со свесноста, вниманието, учењето и помнењето) е досега незабележано во невролошката литература. Рикар смета дека титулата „најсреќен човек на светот“ е пренагласена поради медиумите, но признава дека често се чувствува среќен. А во интервју за Бизнис Инсајдер, ја открива неговата тајна, што е потребно за среќа! Рикар вели дека за луѓето да бидат среќни не треба да мислат само на себе.Тајната е во алтруизмот. Ако постојано мислите на себе и како да ви биде подобро, вие сте изложени на грижи и стрес. Светот го доживувате како закана или нешто што треба да ви донесе корист. За да бидете среќни треба да тежите кон тоа да бидете добронамерни, ќе се чувствувате подобро и другите ќе ве сакаат повеќе - вели Рикар. Тој е уверен дека секој човек (освен сериските убијци во чиј мозок се одигруваат поинакви хемиски процеси) може да биде побезгрижен. Но за тоа треба да вежба, а најдобра вежба е медитацијата. Како се медитира? Почнете со тоа што секојдневно по 10 - 15 минути ќе мислите на нешто убаво - советува Рикар. Ако секој ден по толку време се фокусирате на позитивни чувства, веќе по две недели ќе имате позитивни психички резултати. Тибетанскиот будистички свештеник со потекло од Франција, Рикар, медитира секојдневно веќе 50 години! И студијата на д-р Дејвидсон потврдува дека 20 минутната медитација дневно придонесува луѓето да бидат многу посреќни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЈеменските Хути ослободија 600 воени заробенициЈемските бунтовници Хути изјавија дека ослободиле околу 600 луѓе заробени за време на најновата ескалација на конфликтот во Јемен, а Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) го потврди нивното ослободување.Службеникот на Хутите задолжен за прашањата на затворениците, Абдул Кадер ал-Муртада, рече дека ова е „најголемото еднострано ослободување на притвореници во двегодишната граѓанска војна во Јемен“, објави Ал Џезира. Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) потврди дека „властите во Сана, со поддршка на тимови од организацијата, еднострано ослободија 600 луѓе „кои беа притворени во врска со вооружениот конфликт“. „Нашите претставници разговараа со секој од затворениците пред ослободувањето, поддржувајќи го нивното достоинствено враќање во своите домови“, соопшти МКЦК. Организацијата нагласи дека нема никаква улога во утврдувањето на бројот на ослободени или во одлучувањето кој ќе биде ослободен. Извор: Б92Тагови: Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со повремени сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работиВо рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ! Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот! Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter