2Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
ЖивотБиблиски експерт: Дали апостол Павле навистина вели дека жените треба да молчат, да седат дома Дали апостол Павле навистина вели дека жените треба да молчат, да седат дома и да раѓаат деца?. Дали според Библијата, жената треба да молчи, да седи дома, да раѓа деца и да му биде покорна на мажот? Денеска веројатно многумина би се согласиле дека само и првата заповед, за малку повеќе молчење на жените, е доволна, другите нека одат по ѓаволите, но, сепак, дали тоа е библиска вредност? Ако се суди според Првото послание на апостол Павле до Тимотеј, тоа е токму така – жените треба да молчат потчинети на мажите. Еве што се вели во вториот дел од Посланието до Тимотеј, точка 9-15: „Исто така и жените, облечени пристојно, со срамежливост и чесност да се украсуваат, не со плетенки, ни со злато, или со бисери, или со скапоцени облеки, туку со добри дела, како што им прилега на жени, што ѝ се посветуваат на побожноста. Жената да се учи во мир и потполно покорство. На жена не ѝ позволувам да подучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна. Бидејќи порано беше создаден Адам, а потоа Ева; и Адам не беше измамен, туку жената беше измамена и направи престап: но ќе се спаси преку раѓање деца, ако остане во верата, љубовта и во светоста со чесност.“ Значи, тоа го вели Павле до Тимотеј: жената треба да биде мирна, покорна, не смее да подучува, ниту да господари над мажот, туку треба да седи дома и да раѓа деца. Сепак, експертот за Новиот завет, американскиот професор Барт Ерман, тврди дека оваа шокантана порака на апостол Павле не е точна, иако ќе ја најдете во секоја денешна Библија. Еве како тој го објаснува својот став и го побива ова во книгата „Исус тоа не го рекол“: „Накратко, жените изгледа имале значајна улога во црквите во времето на Павле. Коренот на таа улога може да се најде во објавата на Исус дека во Царството кое ќе дојде мажите и жените ќе бидат еднакви. Изгледа дека тоа била и пораката на Павле, што може да се види од неговото писмо до Галатјаните (3:27-28): „Оти сите сте синови Божји преку верата во Христа Исуса; сите, што е крстивте во Христа, во Христа се облековте. Нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен; нема ни мажи ни жени; зашто сите вие сте едно во Христа Исуса.“ Еднаквоста во Христа можела да се манифестира и преку службата Божја во заедниците на Павле. Наместо само да седат и „молчејќи да слушаат“, изгледа дека жените биле активно вклучени во неделните состаноци, учествувајќи, на пример, во молитвите и пророштвата, во голема мерка како што тоа го правеле и мажите (до Коринтјаните). Истовремено, на современите толкувачи може да им изгледа дека Павле не го довел својот поглед за односите меѓу мажите и жените до нешто што може да изгледа како негов логичен заклучок. Тој, на пример, бара, кога жените се молат или прорекуваат во црква, тоа да го прават со покриена глава, за да покажат дека се потчинети на авторитетот (Коринтјаните 11:3, посебно стих 10). Со други зборови, тој не инсистирал на социјална револуција во односите меѓу мажите и жените, иако сметал дека во Христа „нема ни робови, ни слободни“. Наместо тоа, бидејќи времето е кратко (до доаѓањето на Царството) тој инсистирал дека сите треба да бидат задоволни со улогата која им е дадена и дека никој не треба да се обидува да го измени својот статус – сеедно дали е тоа статус на роб, слободен, оженет, самец, маж или жена (Коринтјаните 7:17-24). Значи, во најдобар случај, може да се смета дека станува збор за амбивалентност кога е во прашање улогата на жената: тие се еднакви во Христа и дозволено им е да учествуваат во животот на заедницата, но како жени, а не како мажи (иако не би требало да го симнат велот и да изгледааат како мажи, без авторитет над главата)“, тврди Ерман. Понатаму, тој истакнува: „Таа амбивалентност на Павле на интересен начин влијаела на улогата на жената во црквата. Во некои цркви се нагласувала еднаквоста на жените која произлегува од Христа. Во други се истакнувала потребата жените да останат потчинети на мажите. По смртта на Павле расправата за улогата на жената се разгорела, но почнал се повеќе да преовладува ставот таа да биде потчинета, да седи дома, да молчи и да раѓа (а тоа што има да го научи, ќе го чуе од мажот кој треба да ја подучува за тоа што е битно, н.з.). Тоа станува очигледно од Писмото до Тимотеј, потпишано како да е на Павле. Но, денешните експерти за Новиот завет се мошне уверени дека Првото послание до Тимотеј не го напишал Павле, туку еден од неговите подоцнежни следбеници од втората генерација. Тука, во тоа Послание, е и прочуениот злогласен пасус за жените во Новиот завет кој вели дека на жените не смее да им се дозволи да ги подучуваат мажите, бидејќи се тие создадени како пониски суштества, како што укажал Бог; затоа тој прво го создал Адам, а потоа Ева и затоа не смее не жената да и се дозволи да газдува со мажот. Всушност, според авторот на Посланието во име на Павле, се знае што се случува кога жената ќе ја преземе улогата на учител; таа лесно бива заведена од ѓаволот, па ќе ги одвлечка мажите од вистинскиот пат. И затоа жените треба да останат дома и да се држат до тоа што е предвидено за жените – да раѓаат деца и да ја чуваат својата чедност“, истакнува Ерман. Да го повториме тој пасус од почетокот на овој текст уште еднаш: Жената да се учи во мир и потполно покорство. На жена не ѝ позволувам да подучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна. Бидејќи порано беше создаден Адам, а потоа Ева; и Адам не беше измамен, туку жената беше измамена и направи престап: но ќе се спаси преку раѓање деца, ако остане во верата, љубовта и во светоста со чесност.“ (Прво до Тимотеј 2:11-15) Ова изгледа прилично далеку од Павловото сфаќање дека „во Христ… нема ни мажи, ни жени“ (Во македонската Библија ова е преведено како „нема ни машки пол, нема ни женски пол, што се чини е грешка, н.з.). Ерман понатаму продолжува: „Како влегуваме во вториот век гледаме дека линијата на фронот е јасно поставена. Постојат христијански заедници кои ја дозволуваат важната улога на жените и други кои бараат апсолутна потчинетост на жената. Писарите кои ги препишувале текстовите кои подоцна ќе станат Свето писмо биле вмешани во тие расправи. И понекогаш, тие расправи влијаеле на текстот кој бил препишуван, бидејќи одредени делови биле менувани одразувајќи го погледот на писарот кој препишувал. И во речиси сите случаи каде текстот е менуван, ова е правено на штета на рамноправната улога на жената. Еве неколку примери: Еден од најважните пасуси во современите расправи за улогата на жената наоѓаме во Првото послание до Коринтјаните 14. Во најголемиот дел од современите преводи на англиски, тој пасус гласи: „Оти Бог не е Бог на безредие, туку на мирот. Така е по сите цркви меѓу светиите. Жените ваши по црквите да молчат: ним не им е позволено да зборуваат, туку да се покоруваат, како што вели и Законот. Ако, пак, сакаат да научат нешто, нека ги прашаат мажите свои дома; зашто срамно е жена в црква да зборува“. Овој пасус изгеда како директно и јасно упатство според кое жените не смеат да збруваат (за подучување и да не зборуваме) во црквите и во голема мерка потсетува на пасусот од Првото послание до Тимотеј. Но како што рековме, најголем бој научници сметаат дека тој пасус од Посланието до Тимотеј не е напишан од Павле, како што впрочем тоа е случај со целото Послание кое изгледа го напишал во негово име некој негов следбеник од втората генерација. Но, ако за Послението до Тимотеј се смета дека не е напишано од Павле, никој нема сомнеж дека Писмото до Коринтјаните е негово. Сепак, има големи сомнежи за цитираниот пасус. Зашто, како што стојат работите, споменатите стихови (34-35) во некои важни текстови се измешани. Во три ракописи на грчки јазик и во неколку на латински, овие зборови не ги наоѓаме тука, после стихот 33, туку после стихот 40. Тоа навело некои автори да претпостават дека тие стихови не ги напишал Павле, туку се напишани како некоја врста забелешка на маргините која можеби настанала под влијание на Посланието до Тимотеј. Па, разни препишувачи, на различни места ја додале, некои по стихот 33, некои по стихот 40. Всушност, постојат добри причини да се смета дека тој пасус не е напишан од Павле. Тој не се вклопува во целиот контекст на Коринтјаните. Во тој дел на Првото Послание до Коринтјаните, Павле се занимава со прашањето за пророкување во црквата и упатува на тоа како христијанските пророци да се однесуваат во црквата во текот на богослужбата. Тој контекст е прекинат со пасусот за улогата на жената, од што станува јасно дека местото не му е таму. Значи, дискусијата за жените делува како вметната во контекст во кој се расправа за сосема други работи. Така што, не само што тие стихови делуваат како натрапници, туку не се во согласност и со тоа што Павле го зборува за жените на други места во Коринтјаните. Зашто порано во книгата Павле ги упатува жените да зборуваат во црква, односно им вели кога се молат да имаат покриена глава, а молењето оди на глас. Во тој пасус за кој нема сомнеж дека го напишал Павле, јасно се подразбира дека според него жените можат да зборуваат во црква. А во спорниот пасус, Павле им забранува на жените да зборуваат. Така што тешко е да се помират тие два става – или Павле им дозволувал на жените да зборуваат (со покриена глава, поглавје 11), или не (поглавје 14) . Бидејќи изгледа бесмислено Павле сам себе да си противречи во 14, само три поглавја после 11, изгледа дека тие стихови од 14 не потекнуваат од Павле. А така испаѓа и со комбинација на доказите – различни препишувачи на разни места ги ставаат тие стихови, потоа, надвор се од контекст на самото поглавје, но и на целото Послание до Коринтјаните, така што заклучокот е јасен. Тогаш може да претпоставиме дека тие се писарска измена на Посланието, од страна на препишувач кој сметал дека жените не треба да имаат било каква улога во црквата“, тврди Ерман. Од сето ова лесно може да се заклучи и дека озлогласениот пасус кај Тимотеј не е на Павле. Со што се чини отпаѓа приговорот дека Библијата ја става жената во потчинета положба. Напротив, ако се следи Библијата, ја изедначува.Тагови: верници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАГолден Стејт подготвува максимален договор за Никола ЈокиќПоранешниот НБА шампион, Голден Стејт Вориорс би можеле значително да го променат тимот за следната сезона, бидејќи планираат да доведат многу кошаркари, а еден од нив би можел да биде Никола Јокиќ.Голден Стејт ја следи ситуацијата околу најдобриот светски центар, Никола Јокиќ и се надева дека српскиот ас би можел да биде достапен следното лето, тврди НБА новинарот Џејк Фишер. „Вориорси се меѓу тимовите што прашуваат: ’Дали сме сигурни дека Никола Јокиќ нема да биде достапен следното лето?‘. Тие се надеваат дека ќе имаат доволно простор во буџетот за максимален договор, а го имаат и Стеф Кари“, изјави Фишер. Тој се повика на лице запознаено со ситуацијата во клубот, според кое „Вориорс“ сè уште веруваат дека можат да доведат голема ѕвезда. Како пример го наведе Џими Батлер, чие доаѓање – според него – било на добар пат пред тој да се повреди. „Не успеаја да го доведат Јанис Адетокунмбо, а Кевин Дурант не сакаше да се врати кога се разговараше за тоа кон крајот на еден од претходните преодни рокови. Сепак, тие сè уште веруваат дека следното лето можат да доведат големо име, било преку размена или на пазарот на слободни играчи“, додаде Фишер. Фишер не спомна никаква понуда или преговори во врска со Јокиќ. Засега, станува збор само за тоа дека „Голден Стејт“ ја следи можноста за отворање на таква прилика. „Голден Стејт Вориорс“ сериозно сметаат на можноста трикратниот МВП да го напушти Денвер, а во Сан Франциско веруваат дека присуството на Стеф Кари би можело да биде одлучувачки адут во нивниот обид да го доведат најдобриот центар на денешницата. Србинот во повеќе наврати изјави дека сака да остане во Колорадо, но прашање е колку долго ќе има трпение доколку „Нагетс“ не состават тим способен да се бори за титулата!Тагови: НБА Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветСудијка ја стопираше изградбата на триумфалната капија на Трамп во ВашингтонФедерален судија привремено – во траење од 14 дена – ја запре изградбата на монументален меморијален парк во Вашингтон, планирана од администрацијата на Доналд Трамп. Одлуката, донесена доцна во четвртокот, претставува значителен удар за еден од клучните проекти на претседателот Трамп, преку кој тој има за цел да го преобликува изгледот на главниот град на нацијата, пренесува „АП Њуз“ (AP News). Судијката Тања Чуткан издаде привремена судска забрана за изведување на работите, откако претходно во текот на четвртокот администрацијата доби клучна согласност и најави дека изградбата може веднаш да започне. Комисијата за планирање на главниот град (NCPC) претходно го поддржа проектот со осум гласа „за“ и четири „против“, а Министерството за внатрешни работи ја издаде конечната дозвола. Во својата одлука, судијката Чуткан наведе дека Комонвелтот Вирџинија и Дистриктот Колумбија – кои ја тужеа администрацијата – докажале оти итното започнување на изградбата би им нанело реална штета. Во тужбата, тие укажаа на очекуваните нарушувања во сообраќајот и компликациите за службите за итни интервенции. „Штетата е неизбежна“, напиша судијката. „Тужените првично го известија судот дека работите би можеле да започнат уште на 5 ноември 2026 година, под услов NCPC да го одобри проектот.“ Чуткан додаде дека тужителите исто така ќе претрпат значителни финансиски трошоци што не би можеле да се надоместат. „Штом ќе започне изградбата, градскиот оддел за транспорт ќе мора да ангажира персонал и ресурси за управување со пренасочувањата на сообраќајот, како и за справување со сообраќајни несреќи или дефекти на возилата“, се вели во одлуката. Одлуката на судот пристигна само еден час по завршувањето на состанокот на NCPC, кој траеше девет и пол часа. Сесијата, што се одржа преку телеконференција, беше проследена со технички проблеми и вклучуваше речиси исклучиво негативни коментари од јавноста, при што десетици сведоци се изјаснија против изградбата. Гласањето во комисијата откри поделба помеѓу членовите поврзани со федералната администрација и претставниците на локалната власт. Членовите кои работат за администрацијата или се блиски до претседателот Трамп гласаа „за“ проектот, додека претставниците на градот Вашингтон гласаа „против“. Многумина, во своите емотивни сведоштва, изнесоа аргументи дека лакот би го осквернавил блиското Национално гробиште „Арлингтон“, каде што се погребани стотици илјади американски војници и ветерани.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗбратимените општини го негуваат зелениот белег во КарпошПо повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, делегациите од збратимените општини го посетија зелениот појас на улицата „Бледски договор“.По повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, делегациите од збратимените општини го посетија зелениот појас на улицата „Бледски договор“, каде што пред три години засадија дрвја како симбол на пријателството, партнерството и заедничката грижа за животната средина. Овојпат, свој белег во зелената приказна на Карпош остави и Општина Живинице од Босна и Херцеговина, која како пријателска општина засади свое прво дрво, приклучувајќи се кон иницијативата за уредување и раззеленување на јавните површини. Дрворедот го сочинуваат 12 висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, кои денес претставуваат жив потсетник на воспоставените пријателства и континуираната меѓуопштинска соработка. Оваа симболична иницијатива уште еднаш потврдува дека соработката меѓу општините не се гради само преку заеднички проекти и активности, туку и преку конкретни дела кои оставаат трајни вредности за идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook