БГНЕС: Околу 15.000 Македонци со помош од Бугарија вратени за време на пандемијата

 Вкупно 15.237  Македонци се вратени во нивната татковина за време на епидемијата од коронавирусот благодарение на деноноќните напори на бугарската дипломатија, јави БГНЕС.

Оваа бројка, како што се наведува во текстот, се однесува заклучно со 5 јуни и таа со сигурност е зголемена за уште околу илјада лица, бидејќи секој ден низ Бугарија поминуваат меѓу 250 и 350 Македонци.

-Се започна ноќта на 14 март кога светот „се затвори" и илјадници Македонци останаа блокирани по аеродромите, на станиците и на граничните премини во Азија, Блискиот Исток, Европа и Северна Америка. До 15 април само за еден месец, благодарение на нашите дипломатски мисии во светот и најмногу на оние во Европа само преку аеродромот во Софија се прибрани 7.523 Македонци, изјави дипломат од македонското МНР за агенцијата.

-Имаше случаи кога сме ѕвонеле на бугарски конзули во 4 часот изутрина, многу непристојно, но требаше да прибереме стотици „заглавени сонародници" по границите, раскажува за дипломатот за БГНЕС.

Дипломатот, кој не сакаше да го соопшти името, подвлекува дека „меѓу спасените" биле и ќерка на актуелен македонски министер, блиски на пратеници од опозицијата, но и на познати јавни личности.

Бугарската гранична полиција, додава агенцијата, заедно со здравствените власти без каков било компромис ги почитуваа безбедносните мерки, а бугарското МНР помага за поврзување со транспортната компанија која ги превезува Македонците до граничниот премин Ѓуешево-Деве Баир.

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во Индонезија (ВИДЕО)

Најмалку 14 лица загинаа во поплави и одрони на индонезискиот остров Сулавеси, соопштија денеска локалните власти.

Силниот дожд што паѓа во областа од четвртокот предизвика лизгање на земјиштето во провинцијата Јужен Сулавеси, а беа погодени повеќе од 1.000 куќи, од кои 42 целосно се урнаа.

Екипите за пребарување и спасување ги евакуираат жителите со гумени чамци, изјави портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари.

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се работи за иднината на државата.

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на ДПМНЕ како она на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните.

Со Мицкоски и ДПМНЕ ни следи враќање 20 години назад, изолација, уривање на слободата на медиумите, внатрешни поделби и оддалечување од европскиот пат. Тоа носи сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 за претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски и за кандидатските листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Да не дозволат враќање на режимот во најава, да гласаат за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ:ДУИ се обидува да поткупи гласачи дури и во верски објекти, секако одат во опозиција

ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција.

Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи.

Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат.

ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират.

Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот.

Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја!, се наведува во партиското сопштение.

притисни ентер