Безвременската оперска класика: „Травијата“ од Џузепе Верди на сцената на Националната опера и балет на 27 мај - Канал 5

Безвременската оперска класика: „Травијата“ од Џузепе Верди на сцената на Националната опера и балет на 27 мај

„Травијата“ од Џузепе Верди на сцената на Националната опера и балет на 27 мај во рамките на 54. Мајски оперски вечери.

Безвременската оперска класика: „Травијата“ од Џузепе Верди на сцената на Националната опера и балет на 27 мај

Безвременската оперска класика „Травијата“ од Џузепе Верди, ремек-дело кое плени со својата страст, драматургија и незаборавна музика, ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет на 27 мај со почеток во 20.00 часот, во рамките на 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Инспирирана од романот „Дамата со камелии“, оваа опера раскажува длабоко човечка приказна за љубовта, жртвата и судирот со општествените норми.

Диригент е гостинот од Унгарија, Гергељ Кесељак, режијата е на реномираната германска режисерка Верена Штојбер, создавајќи моќна продукција чиј главен фокус е сценската динамика и визуелната префинетост. Сценограф и костимограф е Софија Шнајдер (Германија), кореограф: Саша Евтимова, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор е Јасмина Ѓоргеска.

Во улогата на Виолета Валери ќе настапи Теа Пурцеладзе (Грузија), во улогата на Алфред Жермон – Алесандро Фантони (Италија), Жорж Жермон – Бадрал Чулунбатар (Монголија), а во останатите улоги настапуваат: Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, Кристијан Антовски, Драган Ампов, Никола Стојчевски, Невен Силјановски, Игор Гиновски, Тихомир Јакимовски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Операта „Травијата“ е едно од најзначајните и најизведуваните дела во светската оперска литература, напишана од Џузепе Верди во 1853 година и за првпат изведена истата година во театарот „Ла Фениче“ во Венеција. Создадена според романот „Дамата со камелии“ од Александар Дима синот, операта и денес се смета за едно од клучните дела на репертоарот, кое со својата силна драмска линија и емоционална длабочина останува актуелно на сцените ширум светот и кај нас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ оствари средба со германската компанија Heidelberger Druckmaschinen

Директорот Гоце Димовски оствари средба со германската компанија Heidelberger Druckmaschinen, каде се разговараше за развојот на инвестицискиот проект кој е во напредна фаза. 

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ оствари средба со германската компанија Heidelberger Druckmaschinen

Во рамки на средбата беа дискутирани можностите за понатамошно унапредување на соработката, динамиката на реализација на инвестицијата, како и идните развојни планови на компанијата во земјава.

Директорот Димовски нагласи дека оваа инвестиција значајно ќе допринесе за зајакнување на домашната економија, што претставува уште една потврда за довербата на германските компании во деловното опкружување и потенцијалот за развој во Македонија. Тој посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветена на обезбедување стабилна и предвидлива бизнис-клима, овозможувајќи целосна поддршка на инвеститорите во сите фази од нивниот развој.

Од страна на компанијата беше изразена посветеноста за исполнување на сите услови потребни за навремена реализација на инвестицијата. Лукас Мухрингер истакна дека главната цел на компанијата е навремено исполнување на барањата на клиентите и континуиран развој на пазарот, за што, токму инвестицијата во рамки на ТИРЗ претставува важен чекор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејн: „Имам најголеми шанси да го освојам Светското првенство и Златната топка“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Светско првенство претставува најдобра можност во неговата кариера да го освои највредниот трофеј во репрезентативниот фудбал.

Кејн: „Имам најголеми шанси да го освојам Светското првенство и Златната топка“

Кејн ќе пристигне на своето трето Светско првенство по исклучителна сезона во клубот и репрезентацијата, а во интервју за „ITV Football“ тој нагласи дека никогаш не се чувствувал поподготвен за најголемите предизвици. „Во фудбалот, никогаш не знаете што може да се случи, па затоа пристапувате кон секој турнир како да може да ви биде последен. Ме познавате, сакам да играм долго, долго време. Чувствувам дека сум на својот врв, никогаш не сум се чувствувал подобро, како што реков и претходно“, рече Кејн. Напаѓачот на Англија дополнително го зацврсти статусот на најдобар стрелец во историјата на националниот тим.

Со гол на пријателскиот натпревар против Нов Зеланд, тој стигна до својот 79-ти гол во дресот на репрезентацијата, додека вкупно во сезоната постигна дури 67 гола за клубот и репрезентацијата.

Зборувајќи за претстојното Светско првенство, Кејн истакна дека комбинацијата од врвна форма и квалитетот на националниот тим му дава голема самодоверба и дека ја гледа оваа можност како најголема во неговата досегашна кариера, и за освојување на Светското првенство и за освојување на „Златната топка“.

„Веројатно би рекол само дека, со оглед на формата во која се наоѓам и сезоната што ја имав, ова е веројатно најдобрата можност што некогаш ќе ја имам во мојата кариера да освојам Светско првенство.“

Пред почетокот на Мундијалот, фудбалската репрезентација на Англија ќе има уште еден пријателски натпревар против Костарика, по што целосно ќе го насочи вниманието кон Светското првенство.

„Гордиот албион“ ќе го отвои светското во Групата Л на 17 јуни со натпревар против Хрватска, потоа на 23 јуни ќе играат против Гана, а на 27 јуни против Панама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Барса го отпиша иако сезоната ја заврши со по 14 гола и асистенции

Тој постигна 14 гола и имаше 14 асистенции оваа сезона, но шпанскиот шампион Барселона сепак одлучи да не ја продолжи соработката со него.

Барса го отпиша иако сезоната ја заврши со по 14 гола и асистенции

Англискиот репрезенативец Маркус Рашфорд нема да игра за Барселона следната сезона.

Каталонскиот клуб одлучи да не ја искористи откупната клаузула од 30 милиони евра договорена со Манчестер Јунајтед минатото лето како дел од нивниот договор за позајмица.

Англискиот напаѓач затоа се враќа во својот матичен клуб, според шпанските медиуми.

Неодамнешниот трансфер на Ентони Гордон во Барселона беше јасен показател дека интересот за Рашфорд се намалил во клубот.

Поранешниот играч на Њукасл игра на истата позиција со стандардниот Рафиња, што создава вишок во нападот на Каталонците.

Покрај тоа, операцијата за доведување на Гордон беше исто така финансиски значајна, со оглед на тоа што Барселона плати 70 милиони евра за него.

Иако можноста Рашфорд да остане не беше веднаш исклучена по пристигнувањето на Гордон, сега нема враќање назад. Рокот за активирање на откупната клаузула истекува следниот понеделник, а единственото нешто што би можело да ја промени одлуката би била сериозна повреда на еден од играчите за време на меѓународните настапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер