Безобѕирното возење во предложениот Кривичен законик се смета за кривично дело - Канал 5

Безобѕирното возење во предложениот Кривичен законик се смета за кривично дело

Неколку дела во сообраќајот кои претходно се казнуваа прекршочно, стануваат кривични дела. 

Безобѕирното возење во предложениот Кривичен законик се смета за кривично дело

Ова го предвидуваат предлозените измени на Кривичниот законик со воведување на безобзирно возење како кривично дело. Така членот 403 предвидува дека ако возите под дејство на алкохол со најмалку 1,50 г/промили во крвта, или возите под дејство на дроги, психотропни супстанции или прекурзори, но и ако возите во забранет правец, претекнувате колона возила на непрегледно место или возите со брзина која надминува 70 километри на час над дозволената, ќе претставува безобѕирно управување со моторно возило и ќе се смета за кривично дело.

Од Јавното обвинителство велат дека со ови измени дел од дејствијата кои претходно беа прекршочно казнувани сега ќе бидат подигнати на ниво на кривично дело.

-Станува збор за кривична одговорност во наведените случаи дури и доколку нема директна штетна последица – предизвикана сообраќајна незгода. Со ова практично дел од дејствијата кои претходно беа прекршочно казнувани сега ќе бидат подигнати на ниво на кривично дело.-ЈОРМ.

Професорот на отсекот сообраќај од Техничкиот факултет во Битола, Никола Крстаноски, за Канал 5 вели дека постои масовна недисциплина и непочитување на сообраќајните правила и прописи а вакви измени требало одамна да се направат.

-Во принцип сметам дека овие промени во Кривичниот законик се позитивни и потребни, и мислам дека многу порано да се направат. Забележувам во последно време и тешки прекршоци, од она што се вклучува во новиот закон, престигнување на полна линија на непрегледно место на патот, возење со брзина над 50, 60 и 70 км на час над ограничената брзина. Тоа се тешки прекршоци кои носат тешки последици и земаат жртви за жал. Се надевам дека ќе има позитивни ефекти, меѓутоа во секој случај морам да нагласам дека се потребни многу пошироки мерки,изјава – Никола Крстаноски – Професор на Технички факултет Битола.

Според податоците од МВР, најчести фактори за сообраќајни незгоди во последните 10 години на се брзото возење, непочитувањето на правилата за првенство на минување, потоа непрописно движење и свртување, како и управување под дејство на алкохол. Оттаму велат дека со предложените измени на КЗ се очекува подобрување на општата безбедност во патниот сообраќај.

-Нaведениот член 403 од предлог текстот на новиот Кривичен законик, кој како новина го пропишува и регулира безобѕирното управување со моторно возило, во пракса би преставувало преквалификација на наведените прекршоци во кривични дела и со истиот се очекува подобрување на општата безбедност во патниот сообраќај, како на репресивен така и на превентивен план што би придонело кон намалување на бројот на сообраќајни незгоди.- МВР.

Измените се на предлог на Министерството за правда и се очекува да бидат донесени до крајот на годината.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер