Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат
2Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаБезобѕирно зад воланот: Пијаните возачи во иднина ќе одговараат кривичноЧленот 297-а „Безобѕирно управување со моторно возило“ во пракса значи дека овие дејствија кои претходно беа прекршочно казнувани се подигнати на ниво на кривично дело.Возењето под дејство на алкохол со концентрација од најмалку 1,50 г/кг промили во крвта или возење со брзина која надминува 50 км на час во населено место или 70 км на час надвор од населено место над дозволената, како и возењето под дејство на дроги, психотропни супстанции или прекурзори согласно последните измени на Кривичниот закон претставува кривично дело. Членот 297-а „Безобѕирно управување со моторно возило“ во пракса значи дека овие дејствија кои претходно беа прекршочно казнувани се подигнати на ниво на кривично дело, а возачите имаат кривична одговорност во наведените случаи дури и доколку нема директна штетна последица - предизвикана сообраќајна незгода. Меѓутоа, додека полицискиот билтен секојдневно регистрира случаи на возачи кои управуваат со 2.90 промили алкохол во крвта, возат со недозволени брзини над 190 километри на час или се движат во забранет правец, загрозувајќи животи и имот, а за кои МВР информира дека поднесува пријава за „Безобѕирно управување со моторно возило“ по членот 297-а, сѐ уште не се донесени потребните законски измени и усогласувања што ја ограничува неговата целосна примена, поради што во пракса се јавуваат ситуации каде правната квалификација на делото се менува во текот на постапката, а дел од случаите се третираат како прекршоци. Инкриминирањето на ова дело не ги „сопре“ возачите и само во првата половина од годинава евидентирани се 157 кривични пријави. Во меѓувреме се подготвуваат и нови, построги законски измени со кои се предвидува и одземање на возила. Овие измени, како што е најавено, се дел од поширокиот Проект Safe City, кој има за цел да ја зголеми безбедноста на патиштата и да ја зајакне казнената политика. Воведувањето на членот 297а е чекор напред во правната регулатива за сообраќајна безбедност. Статистиката покажува дека институциите почнуваат поактивно да го применуваат, а јавноста станува посвесна за сериозноста на делото. Сепак, за да се постигне целосен ефект, потребно е усогласување на сите релевантни закони, континуирана едукација на возачите, и засилена контрола од страна на полицијата и обвинителствата. Бидејќи безобѕирното управување не е само правен проблем – тоа е прашање на култура, одговорност и грижа за животот на другите, а почитувањето на овој член е чекор кон побезбеден, поодговорен и похуман сообраќај. Речиси четирикратно зголемување на пријавите, само во август 82 лица биле лишени од слобода Кривичното дело „безобѕирно управување со возило“ беше воведено со Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, а неговата примена започна по 15 март 2024 година. Во првите шест месеци од 2025 година, МВР евидентирало 157 кривични пријави за ова дело, што е речиси четирикратно зголемување во однос на претходната година, кога имало вкупно 43. Дополнително, во август 82 лица биле лишени од слобода, најчесто поради возење под дејство на алкохол или прекумерна брзина. Податоците по градови покажуваат дека во 2025 година најмногу кривични пријави се поднесени во Тетово – 23, Прилеп – 19, Кочани – 13, Делчево – 11 и Гостивар – 10. За споредба, во 2024 година најмногу пријави имало во Кичево – 8, Македонски Брод – 8, Кочани – 6, Виница – 5 и Прилеп – 4. Членот 297-а предвидува парична казна или затвор до три години, што претставува значајна промена во однос на претходното прекршочно санкционирање. Јавно обвинителство: Безобѕирното управување со возило веќе е кривично дело, но примената е ограничена Иако членот 297-а од Кривичниот законик воведе ново кривично дело – безобѕирно управување со моторно возило, Јавното обвинителство укажува дека неговата примена во пракса е сè уште ограничена, поради недонесени измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. -Со воведувањето на членот 297-а во Кривичниот законик се воспостави ново кривично дело – Безобѕирно управување со моторно возило, со кое се предвидува кривична одговорност за учесник во јавниот сообраќај кој не се придржува на прописите за безбедност и со тоа го загрозува јавниот сообраќај, велат од обвинителството. [Вкупно 14 возачи од кои шест на територијата на Битола, седум во Прилеп и еден во Ресен се казнети во засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство н] Ова дело опфаќа возење под дејство на алкохол (над 1,50 г/кг), дроги, психотропни супстанции, возење во забранет правец, претекнување на непрегледно место или значително надмината брзина. За него е предвидена парична казна или затвор до три години, но бидејќи слични однесувања претходно се санкционираа прекршочно, потребно е законско усогласување. -За да се овозможи целосна примена на кривичната одговорност и нејзино разграничување со дејствијата кои опфаќаат прекршочна одговорност, потребни се измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои сè уште не се донесени, истакнуваат од обвинителството. Оттаму велат дека сите кривични пријави поднесени од МВР за ова дело се процесуирани од надлежните обвинителства, но правната квалификација може да се менува во текот на постапката. Министерството за правда со нови измени во Кривичниот законик: Построги казни за сообраќајни прекршоци и одземање на возила Министерството за правда го финализира Предлогот за измени и дополнувања на Кривичниот законик, со кој се предвидуваат построги санкции за сообраќајни прекршоци, нови инкриминации и мерки за одземање на возила. Овие измени се дел од поширокиот Проект Safe City, кој има за цел да ја зголеми безбедноста на патиштата и да ја зајакне казнената политика. Работната група за измени на КЗ беше формирана на 16 јануари 2025 година. Во Предлогот ќе бидат вградени најургентните измени и дополнувања заради надминување на лоцирани недостатоци во примената на Кривичниот законик, информираат од Министерството. Меѓу најзначајните новини е измената на членот 297-а, со која се зголемува долната граница на затворската казна за безобѕирно управување со моторно возило, а се воведува и кумулативна парична казна. Дополнително, се предлага инкриминирање на организирање и учество во недозволени трки, како и управување без возачка дозвола или со важечка забрана. Во Предлогот е вклучен и нов член 300-б, кој предвидува одземање на моторното возило со кое е сторено кривично дело, под одредени услови. Оваа мерка ќе се применува и во случаи кога сторителот возел со значително надмината брзина, особено ако претходно бил осудуван за слични дела. -Со наведените новини се очекува позитивно да се влијае на планот генерална и специјална превенција“, велат од Министерството, нагласувајќи дека измените се усогласени со Законот за прекршоци и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Покрај тоа, се воведува и нова одредба – задолжително изрекување на забрана за управување со моторно возило во траење од една до десет години, како и можност за престанок на важење на возачката дозвола за одредена категорија. Од Министерството за правда велат дека Предлог-законот за прекршоци веќе е во собраниска процедура, додека измените на Кривичниот законик треба да бидат усвоени од Владата пред да бидат доставени до Собранието. Обуките за примена на новите одредби ќе ги спроведе Академијата за судии и јавни обвинители.Тагови: полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СудбинаКитови убијци нападнаа брод со луѓе- еден од нив преживеал пекол, па објавил снимка од драмата (ВИДЕО)Природата е сурова, немилосрдна и брутална. Особено кога три или четири китови убијци одлучат да го направат кормилото на вашата едрилица да им изгледа како играчка за џвакање.Токму тоа го доживеа Гиде Батлер, сурфер и морнар од Сан Диего, на 29 август 2026 година, покрај северозападниот брег на Шпанија. Батлер бил на својата 42-метарска едрилица, Сеика, по регатата „Игнасио Монтенегро трофеј“ во близина на Сан Висенте до Мар, кога се појавила група орки, објави Yahoo.com. Китовите убијци набрзо станале агресивни. Погледнете го видеото објавено на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by 𝕲𝖆𝖌𝖊 𝕭𝖚𝖙𝖑𝖊𝖗 (@gagebutler) Видеото, првично објавено од самиот Батлер, а подоцна споделено од популарниот профил „Природата е сурова“, прикажува сцена што е кошмар за секој морнар. Темни силуети минуваат под трупот на пловилото, додека едрилицата се тресе од повторените удари од орките кон неговиот систем за управување. Членовите на екипажот се наведнуваат над оградата, обидувајќи се да сфатат што се случува и кој дел од пловилото е оштетен. „Изгубивме половина од кормилото“, напиша Батлер. Тој процени дека три или четири орки го следеле и го нападнале едрилицата околу осум минути. Средбата била застрашувачка, но реакцијата на Батлер била посложена отколку што би можел да сугерира зборот „напад“. Како голем обожавател на орки, тој бил воодушевен што имал можност да ги види одблизу. Но, потоа дојдоа ударите, штетата и брзата проверка дали водата почнала да влегува во пловилото. „Адреналинот ми беше висок“, призна тој. За среќа, никој не бил повреден, трупот на едрилицата не бил пробиен, а оштетената „Сеика“ успеала да се врати во пристаништето без помош на спасувачките служби, чија интервенција веќе била подготвена. Батлер се сомневал дека помалите орки биле „само младенчиња што си играат со чамецот“. Научниците сè уште не утврдиле зошто некои орки од иберската популација комуницираат со пловилата, но играта, љубопитноста и однесувањето на учење едни од други се наведуваат како можни објаснувања. Сепак, Батлер не бил единствениот што доживеал таква средба. Веќе следниот ден, друга јахта во близина на устието на реката Виго остана без функционално кормило по средба со орки. Од 2020 година, стотици слични инциденти се регистрирани во водите на Шпанија и Португалија, од кои некои завршија со онеспособување или потонување на пловила. Дури и познатото потонување на бродот „Алборан Коњак“ кај Гибралтар во 2024 година беше поврзано со оштетување на пловилото, а не со докази дека орките ловеле луѓе.Тагови: брод китови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТалески до Савески: Зошто нема истрага за Алта банка за Мицкоски, Славески и Кочовски?Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од јавниот обвинител Савески конкретни одговори дали е оформен предмет.Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од јавниот обвинител Савески конкретни одговори дали е оформен предмет, дали се преземени предистражни дејства и дали ќе се испитува евентуалната кривична одговорност на премиерот Христијан Мицкоски, гувернерот Трајко Славески и министерката за финансии, доколку доказите укажуваат на нивна одговорност. „Господин јавен обвинител Савески, што повеќе треба да се случи за вие и вашето обвинителство да преземете конкретни предистражни дејства пред евентуални штети да станат уште поголеми? Дали Христијан Мицкоски, како што милува да ви кажува и да ви сугерира по телефон, и за овие работи ви се меша во вашата работа?“, праша Талески. Тој потсети дека при изборот Савески се обврзал обвинителската функција да ја врши совесно, непристрасно и одговорно. Според Талески, повеќемесечните предупредувања за потеклото на капиталот на Алта банка бараат конкретно постапување, а не само следење на состојбите. „Вашата функција не ви дава право селективно да одлучувате кои сомнежи заслужуваат внимание, а кои ќе ги оставите да чекаат“, нагласи Талески. Пратеникот посочи дека граѓаните се соочуваат со страв и неизвесност околу пристапот до сопствените средства, додека носителите на највисоките функции ја префрлаат одговорноста меѓу себе. „Имаме гувернер, министерка за финансии, премиер кои јавно си ја префрлаат одговорноста за тоа кој знаел, кој требало да знае и кој не знаел за влезот и работењето на оваа банка. И покрај сето ова, вие пред јавноста изјавувате дека обвинителството ја следи ситуацијата. Тоа и сега го потврдивте, но дека сè уште е рано да се зборува за формална истрага“, рече Талески. Тој побара да се испитаат потеклото на капиталот, сопственичката структура, поврзаните лица и финансиските трансакции, како и евентуалните сомнителни трансфери меѓу Србија и Македонија. Дополнително, побара проверка на постапувањето на Народната банка и на евентуалното политичко влијание врз нејзините одлуки. „Дали ќе го испитате постапувањето на гувернерот Трајко Славески? Дали при преземањето на банката биле исполнети сите законски услови? Дали Народна банка навремено ги утврдила ризиците и дали презела соодветни мерки? Дали ќе ја испитате комуникацијата на Народна банка и Владата, како и евентуалното политичко влијание врз одлуките на регулаторот“, праша Талески. Особено ја нагласи потребата од навремено обезбедување на документацијата и финансиските траги, предупредувајќи дека одложувањето може да го отежни утврдувањето на вистината. „Дали се обезбедени сите документи, електронска комуникација, банкарска документација и финансиски траги? Дали се преземени мерки за да не бидат уништени или прикриени доказите? Дали е побарана соработка со српските правосудни органи? Затоа што секој ден на неоправдано одолговлекување може да се зголеми ризикот од губење на докази и да се отежни утврдувањето на вистината“, истакна Талески. На крајот, тој побара јасен одговор дали обвинителството е подготвено да постапува неселективно и да ја испита одговорноста на сите вклучени, независно од нивната функција. „Дали сте подготвени да ја испитате евентуалната кривична одговорност на гувернерот Трајко Славески, министерката за финансии и премиерот Христијан Мицкоски, доколку доказите укажуваат на нивна одговорност? Дали сте подготвени да покажете дека во оваа држава нема недопирливи функционери?“, порача пратеникот на СДСМ, Миле Талески, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаСиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски патПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности. Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан. Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки. Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа. Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата. На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook