Кузеска: Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?
2Кузеска: Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?
ЖивотБездомник „собира“ различна жена секоја вечер - за да има каде да спие!На прашањето каде спие кога нема да успее да „фати“ жена, 26 годишниот Џо одговара - на тротоар!Џо бил избркан од дома кога неговата мајка кај него нашла дрога. Од тој момент, Џо станал бездомник и задоволен е од својот живот. Две, најмногу три вечери во неделата ги поминува на тротоар на Менхетн и проси, а другите вечери ги поминува кај жените кои ќе го поканат дома. Малкуте пари кои ќе ги собере ги троши на својот изглед. - Имам обврска да изгледам убаво. Не смеам да изгледам како бездомник. Затоа влегувам во продавница, ставам гел, купувам ред - бул и излегувам. Џо има 4 комплети на облека и ништо повеќе. Сепак, вели дека секое утро има нешто ситно пари во џебот, а со денот прави што сака. Ноќите најчесто ги поминува во спалните соби на девојките кои ќе успее „да ги улови“ навечер. - Њујорк е град со 8 милиони жители. Секоја вечер можеш да имаш различна жена. Синоќа бев кај една жена, пиевме и јадевме лосос - на висока нога - вели Џо. За „Elite Daily“ Џо вели дека често пати му успева да ја помине ноќта со покрив над главата бидејќи „умее со жените“. Кај некои останува и по неколку дена. Кога нема да му успее спие на тротоар. - Многу пати во 7 наутро ќе дојде некој да ме разбуди. Мислат сум се опил вечерта па спијам на улица. Ми велат - оди си дома, а јас им велам - ова ми е дома... Сепак, Џо порачува никој да не се обидува да го копира. - Немојте да станете како мене. Овој апстрактен начин на живот не е за секого. Сигурен сум дека меѓу сите бездомници во Њујорк, јас сум единствениот на кој му успева да живее вака - вели Џо. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаКФМ: Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Македонија – КипарЦена на влезниците е 150 денари за сите блокови, односно трибини во комплетно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.Кошаркарската федерација на Македонија како организатор на натпреварот Македонија - Кипар, кој е дел од втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година, информира дека од денеска, сите заинтересирани љубители на кошарката можат да обезбедат влезни билети преку онлајн сервисот „МКТикетс“. Цена на влезниците е 150 денари за сите блокови, односно трибини во комплетно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Натпреварот Македонија – Кипар, ќе се игра на 26 ноември (четврток), со почеток од 18:00 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаКлековски на средба со новиот директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторатМинистерот за здравство, Сашо Клековски денеска оствари средба со д-р Димитар Ангелески, кој е именуван за нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Д-р Ангелески е специјалист ортопед кој своите студии ги завршил на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, а потоа завршил и специјализација од областа на ортопедија. Во својата професионална кариера работел во Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје, а ја извршувал и функцијата директор на Медицинскиот симулациски центар. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а со тоа и од новиот директор очекувам да ја зајакне улогата на инспекторатот во заштита на јавното здравје, што е можно побрза и повидлива инспекција на терен со доследна примена на прописите, како и континуирана отчетност и транспарентност во работата. Упатувам и благодарност на досегашниот директор д-р Кирил Лазов за работата и професионалниот ангажман, истакна министерот за здравство, Сашо Клековски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваГолем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во ГрузијаМакедонските претставници Катарина Јовановска и Јасмин Мустафоски освоија вкупно три титули на престижниот меѓународен избор за убавина Miss & Mister Planet 2026, кој изминатиот викенд се одржа во Тбилиси, Грузија.Во женска конкуренција, Македонија ја претставуваше тетовчанката Катарина Јовановска, која со својот настап, харизма и елеганција оствари значаен успех, освојувајќи ја титулата трета придружничка. Одличен пласман забележа и македонскиот претставник во машка конкуренција, Јасмин Мустафоски од Охрид, кој се закити со две титули – четврти придружник и најдобар фотомодел (Best Photo Model). На годинешното издание на Miss & Mister Planet, титулата во женска конкуренција ја освои претставничката на Романија, додека во машка конкуренција победи претставникот на Индија. Катарина и Јасмин се членови на Модното студио „Црнокрак“, кое е официјален носител на лиценцата за Македонија за овој престижен светски избор за убавина. Со освоените три титули, македонските претставници уште еднаш го потврдија потенцијалот на домашната модна сцена, успешно претставувајќи ја Македонија на меѓународно ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter