ЖивотБезбедното домување во Скопје „во битка“ за пристапен простор и примена на прописите Тесни лифтови што не собираат носилки за брза помош, заглавени екипи во тесни улички, блокирани пристапи до влезовите на згради од непрописно паркирани возила.....Тесни лифтови што не собираат носилки за брза помош, заглавени екипи во тесни улички, блокирани пристапи до влезовите на згради од непрописно паркирани возила, се само дел од искуствата на тие што треба да бидат први во реакцијата за помош, а се попречени и најдиректно ги чувствуваат последиците од неказнивото и штетно урбанистичко планирање. Непристапноста до станбените објекти за службите за брза интервенција во комбинација со непримената на мерките за заштита од пожари и исполнување на интересите на разни групи, според експертите, може да има фатални последици во безбедното домување во главниот град. Меѓу решенијата што се предлагаат се промени во постапката за техничкиот прием на објектите со интервенции во Законот за градење, но и тело за „надзор“ на примената на сите прописи и мерки за заштита и при експлоатација на објектите. Милица Бубало, раководителка на Брзата помош во Скопје, во разговор за МИА вели дека во секојдневното работење имаат пречки при интервенциите и во старите и во новите згради. -Има одредени населби од градот каде немаме добар пристап со возилата на Итна медицинска помош, исто и за носилките, за нивно внесување во објектот и носење до одреденото место на болниот. Има многу влезови на згради блокирани со паркирани возила, има влезови каде нема пристапни рампи за носилката, па таа мора да се крева. Исто така и згради без лифтови што многу ја отежнува работата поради различната тежина на пациентите, а ние немаме носачи, во екипите најчесто се докторки и сестри. Ова се искуствата со старите згради, а за дел од новите згради имаме примери кога се со многу тесни лифтови, внатре не може да влезе носилката, која е 2.20 или 2.40 метри, ретко кога има лифт кога може да влезе целата носилка. Имавме екипа која се заглави во неисправен лифт, бидејќи куќниот совет не можел да се договори кој ќе го одржува лифтот. Имаме проблем и со тесните улички особено во Гази Баба, каде има голем број паркирани возила, отежнато е маневрирањето и доаѓа до оштетување, вели Бубало, потсетувајќи дека истиот проблем со пристапноста ја имаат и лицата со попреченост. Последиците, посочува Бубало, понекогаш може да бидат и фатални. Доловувајќи го отежнатото интервенирање, прашува како да се земе пациент во ќебе од 10-ти кат? Во такви ситуации, укажува, се бара помош за симнување на пациентите, а тоа може да биде во секое време, во три-четири часот наутро, а можеби и ќе мора баш тогаш да се интервенира, да се реанимира пациентот. - Како да се интервенира за реанимација ако лифтот е тесен и не може да се внесе пациентот? Треба да го симнете по скали и интервенцијата е невозможна. Ние немаме вработени за кревање, поголемиот дел се веќе со последици како резултат на претходното делување. Треба да се обрне внимание кога се прават проектите, кога се издаваат дозволите за објектите, да се најде механизам за обезбедување пристапност до објектите бидејќи не може да се носи носилка кога има многу паркирани автомобили пред влезовите, вели Бубало и апелира на постојано истакнување на овие проблеми за да се најде решение. Проблемот со пристапноста до објектите ја нотира и претседателот на Противпожарниот сојуз Зоран Кочовски, кој оценува дека „многу често се прогледува на слабостите на градежниците и кога се проектираат и кога се градат нови згради“. Како посебен проблем го потенцира и несоодветното поставување и користење на паркинг местата. -Во центарот на Скопје се обележани места за паркирање на возила и кај приоди до скали за спасување и до хидрантите. Едноставно преоптовареноста на паркинзите е голем проблем за функционирањето на која било служба, дури и доброволната служба да сака да постави одредена своја опрема за да интервенира нема да може да го направи тоа затоа што сите приоди се блокирани. Нема ознака дека не смее да се паркира затоа што на тоа место хидрант, ниту пак ознака за приод кон патека за евакуација. Тоа во централното градско подрачје во Скопје го нема. Во новите градби надвор од централното подрачје можеби има одредени приоди, но и тие се блокираат од страна на несовесни граѓани со изговор дека нема место за паркирање. Нашите анализи покажуваат и дека во објектите на територија на Скопје, дури и во новите згради, нема инструкции и планови за евакуација, а многу често ако постојат противпожарни скали за евакуација тие се затворени, тешко пристапни бидејќи некој го злоупотребил тој простор, укажува Кочовски во разговор за МИА. Анализите на Противпожарниот сојуз, како што вели тој, покажуваат дека кај новите градби не се почитува регулативата за пристапност и растојание, се поставуваат и системи за противпожарна заштита колку да бидат видливи, а нивната функционалност е на многу ниско ниво. - Решение за ваквите состојби е промена во регулативата и посериозен надзор затоа што од тука доаѓа проблемот, вели Кочовски. Од Стопанската комора на Македонија, во чии рамки функционира Здружение за градежништво, на прашање за почитувањето на регулативата во однос на проблемите на кои се укажува, потенцираат дека во високоградбата надзорен орган е инженерот вработен од страна на инвеститорот, а лифтовите се посебна фаза во изведбата и се купуваат како готов производ. -Спецификациите на лифтовите во однос на тежина и кубикажа, се одредува согласно бројот на изградени станови, и секако во секој лифт има прописи за тежина и забрана за товарење, а колку се почитува е знак прашање. Инвеститорот има обврска согласно закон да направи план за евакуација и тој го изготвува outsource компанија. Тоа се законските обврски на инвеститорот, велат од Комората за МИА. Национално тело за периодична контрола на прописите и при експлоатација на објектите Од Комората на овластени архитекти и инженери, надлежното тело за овластувања на инженерскиот кадар, причините за состојбите на кои се укажува ги гледаат во непочитувањето на, како што велат, многу, меѓусебно поврзани законски одредби. Оттаму објаснуваат дека позитивната законска легислатива што ја регулира градбата, претставува комплексен систем од законски решенија кои се однесуваат на сите инженерски области од оваа мултидисциплинарна дејност. Постоечките стандарди и нормативи за проектирање на објекти, ревизија на проектите и за урбанистичкото планирање, како што укажуваат, обезбедуваат регулатива за проектирање и изведба на објекти кои задолжително мора да овозможат безбеден престој, работа и домување за граѓаните во секој тип на објекти. Претседателката на Комората Кристинка Радевски, вели дека активно се вклучени во процесите за надградба на постоечката регулатива и оти неодамна со Дирекцијата за заштита и спасување, изработиле нов Правилник за мерките за заштита од пожар, експлозии и опасни материи, усогласен со најновите европски директиви, со цел подобрување на законската регулатива. Радевски очекува во најскоро време овој, како што потенцира, навистина сериозен документ да биде процесиран од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, како институција задолжена за донесување на националната регулативата за оваа област. Притоа, потенцира таа, треба да се има предвид дека секоја регулатива ги дава целосните резултати единствено ако неселективно функционираат мерките за контрола над нејзиното спроведување и санкции за нејзиното непочитување. -Причините за состојбите кои се среќаваат на терен и кои се причина за укажувањата од службите за итна помош и противпожарна заштита дека се соочуваат со проблеми при интервенцијата поради тоа што до дел од објектите немаат пристап за нивните возила, не се почитува растојанието меѓу објектите, мерките за заштита на пожари не се вградени при изведбата, треба да се бараат во непочитување на многу, меѓусебно поврзани законски одредби. Комората смета дека можно решение за надминување на ваквите состојби е оформување на национално тело кое ќе биде задолжено за континуирана периодична контрола за доследна примена на сите прописи и мерки за заштита и спасување, вклучително и во фазата на експлоатација на објектите, вели Радевски во изјава за МИА. Противпожарните мерки да бидат први за примена За инспекторите од Дирекцијата за заштита и планирање, пак, решението е во нивно вклучување во техничкиот прием и на објектите од втора категорија, кој сега го врши надзорен инженер. -Потребно е под итно да се иницира измена на Законот за градење со кои ќе се предвиди во делот на втората категорија градби во делот за технички преглед да се вклучат инспекторите од ДЗС. Вака со надзорен инженер не оди работата. Во моментот кога ќе отидеме можеби се постапува по мерките, но што е гаранција дека до крај ќе се заврши како што треба. Потребно е под итно да се измени Законот за градење и да се вклучат инспекторите. Техничкиот прием за втора категорија го врши надзорниот инженер, а тој за се ли е експерт? За одобрение за градење и за прва и за втора категорија мора да се добие согласност по Елаборатот за заштита од пожари и експлозивни материи. ДЗС ја дава согласноста, тоа ќе биде на хартија, но немаме гаранција дека ќе се имплементира до крај. Друго ќе биде кога инспекторите ќе одат на крај и ако утврдат дека нешто не е во ред едноставно објектот нема да добие употребна дозвола, посочуваат инспекторите и дополнуваат дека овие промени ги иницирале неколкупати досега, велат од ДЗС. Потребно е, нагласуваат, да се запази целата постапка од старт и заштитата од пожари да не доаѓа последна. Сите ја ставаме безбедноста на животот и на материјалните добра на прво место, а заштитата од пожари ја ставаме последна. Кога се прави основниот проект наместо првично инженерите да имплементираат мерки за заштита од пожари и потоа да настапат другите, се прави обратно, посочуваат инспекторите на ДЗС. Покрај промена на Законот за градење и нивно учество во техничкиот преглед, укажуваат дека е неопходно и јакнење на кадровските капацитети и корекција на платите за да се задржат постојните вработени. Секторот за инспекција има вкупно 15 вработени инспектори на територија на државата, на сметка на што, потенцираат, трпат плановите за работа. Законски одредби што треба да гарантираат безбедно домување Од Министерството за транспорт и врски укажуваат дека согласно член 47 од Законот за урбанистичко планирање (ЗУП) при изработување на урбанистичките планови надлежните институции за заштита и спасување се должни да ги достават сите податоци и информации што им се на располагање, заедно со своите развојни проекции, предлози и мислења што се неопходни за изработување на урбанистичките планови на барање на донесувачот или изработувачот на урбанистичкиот план. Потоа, објаснуваат, донесувачот на планот (единицата на локална самоуправа) го испраќа урбанистичкиот план со барање за мислење по однос на планските решенија (сообраќајно решение со пристап до парцелите и намени на градбите со максимални висини) со вградени услови што се во врска со заштитата и спасувањето до надлежните институции за заштита и спасување. За планот се спроведува јавна анкета со јавна презентација, по што продолжува постапката за изработување и донесување на планот на совет согласно ЗУП. -Спроведувањето и начинот на реализација на донесен урбанистички план за градбите од јавен интерес (сообраќајница или друга инфраструктура) е исклучива надлежност на донесувачот на планот односно единицата на локална самоуправа и тоа општината го утврдува во годишната програма, потенцираат од ресорното Министерство. Ја појаснуваат и постапката за одобрение за градење, уредена во Законот за градење и ги нагласуваат одредбите што треба да ги има во предвид надлежниот орган при издавањето на одобрението. По доставено барање за одобрение за градење за соодветна градба, објаснува Министерството, надлежниот орган е должен да ја разгледа доставената документација и да утврди дали барањето е комплетно, дали доставената документација има недостатоци, дали основниот проект е изработен во согласност со прописите за проектирање, урбанистичкиот план или урбанистичко-планската документација. Основниот проект е ревидиран и се состои од архитектонски проект, градежно-конструктивен проект, електротехнички проект, сообраќаен проект, термотехнички проект, проект за водовод и канализација и други проекти и елаборати во зависност од намената на градбата (елаборат за противпожарна заштита, елаборат за заштита при работа и сл.). -Проектите се изработувааат согласно стандардите и нормативите за проектирање и други технички прописи, со кои се утврдуваат основните параметри при проектирањето и архитектонското обликување на градбите. Пред да се издаде одобрение за градење на доставениот елаборат за противпожарна заштита надлежниот орган прибавува позитивно мислење од Дирекцијата за заштита и спасување.При издавање на одобрение за градење надлежниот орган должен е да ги има предвид одредбите од Законот за градење кои се однесуваат на основните барања за градбата уредени од член 3 до член 11-в односно одредбите за Механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита, Заштита од пожар, Хигиена, здравје и заштита на работната и животната средина, Сигурност при употребување, Заштита од бучава, Ефикасно користење на енергија и топлинска заштита, Отстапување од основните барања за градбата, Непречен пристап и движење до и во градбата, Приклучок за гасоводна инфрастуктура, Простор за велосипеди и Физичка инфраструктура за обезбедување на електронски комуникациски мрежи за пренос со големи брзини, прецизира Министерството за транспорт и врски. Според податоците на Државниот завод за статистика, од вкупно 675 станови планирани за изградба со одобренијата за градење издадени во мај годинава, 186 станови се во Скопскиот регион, од кои 141 во Општина Центар, 23 во Гази Баба, ... И во април годинава, од 89 планирани станови во скопските општини, најголем број се во Центар, 56, и во Гази Баба, 21. Издадените одобренија за март годинава, пак, покажуваат дека од 97 планирани станови во скопските општини, на територијата на Центар и на Карпош се 34, односно 39. Статистичките податоци покажуваат дека во мај годинава се издадени 137 одобренија за објекти од високоградба, во април нивниот број изнесувал 145, во март 220, во февруари 199, а во јануари 169. Народната банка регистрираше раст на цените на становите во Скопје во вториот квартал годинава, од 12,6 проценти на годишно ниво и на 1,6 проценти на квартално. Во првиот квартал годинава растот на годишно ниво изнесуваше 18,8 проценти. /МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter