Безбедносната служба на Украина со дронови удрила во руска нафтена рафинерија во Волгоград - Канал 5

Безбедносната служба на Украина со дронови удрила во руска нафтена рафинерија во Волгоград

Руските локални власти претходно денеска известија дека избувнал пожар во големата нафтена рафинерија по напад со дрон.

Безбедносната служба на Украина со дронови удрила во руска нафтена рафинерија во Волгоград

Два украински дронови денеска погодија постројка за примарна преработка на нафта во нафтена рафинерија во градот Волгоград на југот на Русија, како дел од операцијата на Службата за безбедност на Украина (СБУ), објави Ројтерс, повикувајќи се на украински извор, пренесе БТА.

Руските локални власти претходно денеска известија дека избувнал пожар во големата нафтена рафинерија по напад со дрон, кој бил изгаснат. Рафинеријата е во сопственост на руската компанија Лукоил.

Нападот е последен во серијата напади со украински беспилотни летала во последните недели врз руски постројки за преработка на нафта, кои Киев ги смета за важни за Русија во војната во Украина. Според изворот, овие напади ќе продолжат, пренесе БТА.

-Со ударите врз рафинериите кои му служат на рускиот воено-индустриски комплекс, не само што ја прекинавме организациската мрежа на руски дотур на гориво на фронтот, туку и ги намалуваме приходите во рускиот буџет, рече изворот.

Растојанието од градот Харков во североисточна Украина, во близина на границата со Русија, до градот Волгоград во јужна Русија е над 600 километри./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се четири возачи од Тетово и околината- возеле пијани,без дозвола и предизвикале сообраќајки

Лишени од слобода четири возачи во Тетово и тетовско, управувале возила под дејство на алкохол, за време на активна забрана и без дозвола и учествувале во сообраќајни незгоди .

Уапсени се четири возачи од Тетово и околината- возеле пијани,без дозвола и предизвикале сообраќајки

На 28.11.2026 во 11:00 часот во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода М.Х.(44) од Тетово. Претходно, тој со патничко возило „шкода“ со тетовски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода со телесни повреди, а по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,92 промили алкохол во крвта, како и под активна мерка забрана за управување на моторно возило од Б категорија.

На 28.11.2026 во 15:25 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Р.А. (30) од с.Церово, тетовско. Тој со патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода со повредени лица, при што било утврдено дека го управувал возилото без возачка дозвола.

На 29.11.2026 во 02:30 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, во с.Желино, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода А.Љ.(22) од с.Ларце, тетовско, и Б.Ш.(49) од с.Сараќино, тетовско. Тие претходно учествувале во сообраќајна незгода со патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал А.Љ. и патничко возило „сааб“, кое го управувал Б.Ш., двете со тетовски регистарски ознаки. Додека, по преземени мерки било констатирано дека А.Љ. го управувал возилото за време на активна мерка забрана за управување со моторно возило, додека кај Б.Ш. биле измерени 1,94 промили алкохол во крвта.

По документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени кривични пријава по член 297-а од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грди сцени по ракометното дерби во Битола- уништени трибините, искршени столчињата (ВИДЕО)

Ракометното дерби помеѓу Пелистер и Охрид во Битолa привлече големо внимание, а салата „Боро Чурлевски“ беше преполна до последното место. 

Грди сцени по ракометното дерби во Битола- уништени трибините, искршени столчињата (ВИДЕО)

Сепак, натпреварот го одбележа и непријатен инцидент на трибините.

Околу 250 навивачи на Охрид отпатуваа во Битолa за да го бодрат својот тим, кој беше блиску до изненадување во тежок натпревар на гости. Сепак, по завршувањето на натпреварот, фокусот на вниманието беше на штетата на делот од трибините наменет за гостинските навивачи.

Според медиумите, навивачите на Охрид, познати како „Рибари“, оштетиле и скршиле голем број пластични столчиња, што предизвикало незадоволство кај домашната публика.

Останува да се утврди колкава е материјалната штета и кој ќе ја сноси одговорноста. Постои можност финансиските последици да бидат префрлени и на Ракометниот клуб Охрид, доколку се утврди неговата одговорност за оштетениот инвентар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицијата во Тирана врз демонстрантите фрла солзавец со дронови (ВИДЕО)

Антивладините протести во Тирана, одржани во саботата, на денот кога Албанија ја одбележува 114-годишнината од независноста, ескалираа во едни од најнасилните судири од почетокот на месеците немири. 

Полицијата во Тирана врз демонстрантите фрла солзавец со дронови (ВИДЕО)

Полицијата користеше водни топови, гумени куршуми и дронови за да ја растера толпата, додека најмалку 30 лица беа повредени во немирите, објави Кликс.

Според снимките и извештаите од теренот, безбедносните сили користеа дронови за да фрлаат солзавец врз собраните демонстранти. Демонстрантите одговорија со соборување на најмалку едно полициско беспилотно летало, кое потоа целосно го уништија на улицата.

Иако првичните извештаи покажаа дека осум лица се хоспитализирани, вкупниот број на повредени во судирите во саботата се искачи на 30, според ажурираните податоци од Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија. Меѓу нив се девет полицајци, 12 демонстранти, шест медиумски работници и тројца минувачи. Министерството потврди дека сите пациенти кои биле лекувани се во стабилна состојба, додека полицијата, според првичните извештаи, уапсила најмалку тројца учесници во протестот.

Илјадници граѓани, кои пристигнаа во главниот град од сите делови на Албанија, како и од дијаспората, првично мирно се собраа на плоштадот Скендербег, извикувајќи „Оставка!“. и носејќи транспаренти со пораки како „Албанија не е на продажба“.

Ситуацијата излезе од контрола откако колоната се упати кон Булеварот на мачениците на нацијата и зградата на Владата. Мали групи маскирани лица се одвоија од толпата и фрлаа камења и молотови коктели кон полициските и државните згради, а цел беше и седиштето на владејачката Социјалистичка партија.

Демонстрантите кршеа прозорци во зградите на Министерството за транспорт и Централната банка, се обидоа да ја скршат вратата на Министерството за внатрешни работи и да се пробијат до канцеларијата на премиерот Еди Рама, но полицијата ги потисна. Уличните камери за надзор беа исто така уништени, додека силните полициски сили вршеа детални проверки на возилата на сите влезови во Тирана.

Европската унија, на која Албанија има за цел да се приклучи до 2030 година, исто така се огласи за новата ескалација на насилството. ЕУ побара истрага за наводите за прекумерна употреба на полициска сила и ги повика сите страни итно да ги деескалираат тензиите.

Собраните граѓани изјавија дека нема да се откажат од своето барање за смена на премиерот Еди Рама, кој е на власт од 2013 година, истакнувајќи ја корупцијата, сиромаштијата и масовната емиграција како главни причини за излегување на улица. Пензионерите посочија на тешкиот живот со приход од само 120 евра месечно, додека студентите повикаа на промена на целиот систем.

Саботните протести се продолжение на бранот демонстрации што трае од крајот на мај, познат во јавноста како движењето „Фламинго“. Првичната причина беше отпорот кон големиот проект за луксузен туризам на јужниот брег на Албанија, поврзан со инвестициската компанија на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. На движењето во септември му се придружија студенти кои бараат подобро образование и животен стандард, по што барањата прераснаа во директен притисок врз Рама да се повлече.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер