Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац - Канал 5

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Комитетот за итни прашања на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) одлучи дека нема да бидат пуштени билети во продажба за претстојниот квалификациски натпревар за пласман на Светското првенство 2026 меѓу Србија и Албанија.

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Комитетот за итни прашања на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) одлучи дека нема да бидат пуштени билети во продажба за претстојниот квалификациски натпревар за пласман на Светското првенство 2026 меѓу Србија и Албанија, кој ќе се игра на 11 октомври во Лесковац

Како што е соопштено, влезот на стадионот ќе биде овозможен исклучиво преку „контролирана дистрибуција на билети до фудбалската заедница, регионалните здруженија, клубовите, фудбалските школи, спонзорите и официјалните гости, претставниците на медиумите, како и медицинските и техничките тимови“.

Влезниците ќе бидат персонализирани, а ќе има строги безбедносни проверки на влезовите на стадионот.

Во соопштението на ФСС се потсетува дека последниот натпревар меѓу Србија и Албанија, одигран во Белград во 2014 година, беше прекинат по инциденти, кои доведоа до тешки последици за српската репрезентација.

„Со оглед на тие искуства, како и проценките на ФИФА, упатствата на Министерството за внатрешни работи и консултациите со УЕФА, донесена е одлука натпреварот во Лесковац да биде организиран под највисоки безбедносни мерки. На трибините нема да има гостински навивачи“, соопшти ФСС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри

Почетокот на изградбата беше означен денеска заедно со градоначалникот Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

Град Скопје: Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри

Во Ново Лисиче започна изградбата на нов парк на површина од 71.000 квадратни метри, со што запуштениот простор во непосредна близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“ ќе биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење на граѓаните.

Почетокот на изградбата беше означен денеска заедно со градоначалникот Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

На просторот, кој со години беше оптоварен со дива депонија, ќе биде создаден современ парк со богато зеленило и содржини за сите генерации. Предвидено е да бидат засадени околу 1.000 дрвја, од кои повеќе од 800 листопадни, а останатите зимзелени.

Паркот ќе располага со пристапни пешачки патеки, детски катчиња за игра и забава, како и простори за одмор и дружење, со што ќе создаде ново место за секојдневно поминување на слободното време на жителите на Ново Лисиче и граѓаните на Скопје.

„Секое ново дрво е влог во почист воздух, повеќе сенка и поздрава средина за нашите деца. Сакаме овој парк да живее со смеата на најмладите, со прошетките на семејствата и со средбите на нашите повозрасни сограѓани. Место во кое секоја генерација ќе пронајде свое катче“, беше истакнато при означувањето на почетокот на изградбата.

Со реализацијата на овој проект, заедно со парковите кои веќе се изградени и оние на кои се работи, вкупната површина на парковско зеленило што се создава во Скопје достигнува околу 200.000 квадратни метри.

„Грижата за градот започнува со грижата за луѓето. Секое семејство треба да има простор за прошетка, секое дете место за игра и создавање убави спомени, а секоја населба зеленило какво што заслужува. Продолжуваме да го градиме Скопје рамномерно, во секоја општина, со еднаква посветеност кон секој граѓанин“, беше порачано денеска.

Новиот парк во Ново Лисиче претставува уште еден чекор кон создавање почист, позелен и поквалитетен градски простор, со повеќе места за престој на отворено и подобри услови за живот на сите генерации.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава за две лица за убиството во Дуќанџик

Две лица добија кривична пријава за убиство што пред пет дена се случи во населбата Дуќанџик во Скопје.

Кривична пријава за две лица за убиството во Дуќанџик

Како што информираат од министеството за внатрешни работи, по преземени мерки и активности, единицата за насилен криминал до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.К. и И.С., поради сомнение за дека сториле убиство.

Двајцата, на 6 септември, околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата помеѓу улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“ во Скопје, од мотоцикл пукале со огнено оружје кон група лица.

При пукањето бил погоден 26 годишниот А.М од Скопје, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема акција на МВР, се апси за лажни возачки за автобуси и камиони

На дваесетина локации МВР денеска извршува претреси, а во рамки на истрагата за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија.

Голема акција на МВР, се апси за лажни возачки за автобуси и камиони

Акцијата следува по истрагата што внатрешната контрола на МВР ја отвори минатиот месец, кога беше откриено дека вработени во управните служби незаконски впишувале повисоки категории во возачки дозволи на лица кои немале положено испит за управување камиони или автобуси.

Системот функционирал така што граѓаните фиктивно пријавувале изгубена возачка дозвола и поднесувале барање за нова. При фотографирањето и процесирањето на документот, корумпирани службеници во управните служби на мвр директно во системот им ги допишувале бараните повисоки категории. Се шпекулираше дека за услугата наплаќале тарифа од околу 1.400 евра.

Се појавија сомнежи дека на овој начин се фалсификувани повеќе од 300 возачки дозволи, а некои од инволвираните службеници претходно биле поврзани и со аферата за лажни пасоши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер