МакедонијаБез струја делови од Кисела Вода, Центар и СопиштеПоради зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 08:00 до 10:00 часот, ќе останат корисниците на ул.Борис Трајковски Бр1 (Пегла) Влез1 и мал дел од становите во влезот во општина Кисела Вода, соопшти РЦУК Скопје.Струја од 08:30 до 16:00 часот, ќе немаат и корисниците од улиците 1, 10, 11 и 12 во општина Сопиште, од 09:00 до 13:00 дел од ул. Рилски Конгрес и дел од ул.Партение Зографски во општина Центар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДЗР: Наплатените придонеси не се доволни за покривање на дефицитот во пензискиот систем на државата Објавен Конечен ревизорски извештај ДЗР - Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија за 2024 година.Зголемените приходи не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на пензиите во 2024 година, поради што се вршат трансфери од Буџетот на државата кои учествуваат со 36,71% во вкупните приходи на Фондот Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (Фондот) за 2024 година. Со извршената ревизија за 2024 година изразено е неповолно мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. Со спроведената ревизија ревизорите меѓу другото утврдија: Приходите од наплатен придонес за ПИО1 во 2024 година се зголемени за 14% во однос на претходната 2023 година2 и изнесуваат 71.435.601 илјади денари со учество од 61,74% во вкупно остварените приходи. Оствареното зголемување на приходите во 2024 година и понатаму не е доволно за покривање на расходите за пензии кои исто така секоја година бележат раст и во 2024 година изнесуваат 90.277.241 илјади денари. Трендот на движење на учеството на трансферираните средства од Буџетот на Република Македонија во вкупните приходи во периодот од 2014 до 2024 година е прикажан на следниот графикон: Графиконот укажува дека процентот на средствата кои се одвојуваат од Буџетот на државата до 2018 година континуирано се зголемува, за да од 2019 година бележи тренд на намалување. Во 2024 година учеството на трансферираните средства од Буџетот на државата учествува со 36,71% и бележи зголемување од 4,14 % во однос на 2023 година. Врз основа на податоците од матичната евиденција на Фондот со состојба декември 2024 година, бројот на осигурениците изнесува 556.294 лица додека бројот на пензионери изнесува 343.048 лица односно соодносот пензионери/осигуреници на крајот од 2024 година изнесува 1:1,63 и истиот бележи намалување во однос на 2023 година кога изнесувал 1:1,70. Ревизијата укажува на слабости во начинот на пресметката и навремената уплата на придонесите за осигурениците во вториот пензиски столб. Иако Фондот ги изготвува пресметките и ги доставува до надлежното министерство во законски утврдениот рок, средствата не се трансферираат навремено, при што во 2024 година доцнењето изнесува во просек околу два месеца. Заклучно со 27.02.2026 година, утврден е долг од 2.592.918 илјади денари по основ на нераспределени придонеси кон приватните пензиски друштва. Ревизијата утврди дека Фондот не врши навремена уплата на придонесите и за здравствено осигурување на пензионерите кон Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, иако има законска обврска за тоа. Во 2024 и 2025 година исплатите се вршени со задоцнување од неколку месеци, при што до 28.02.2026 година придонесите се исплатуваат со доцнење од осум месеци. Вкупната неисплатена обврска за периодот од јуни 2025 до јануари 2026 година изнесува 8.415.865 илјади денари односно 136.400.000 евра. Оваа состојба овозможува пензионерите да користат здравствени услуги без навремено уплатени придонеси, што негативно влијае и врз ликвидноста на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија. Фондот во континуитет се соочува со недостиг на кадровски капацитети на стручен и обучен кадар во секторите клучни за дејноста, подрачните единици, во Секторот за ИТ и во одделението за внатрешна ревизија, што значително влијае на квалитетот на извршувањето на дејноста и работењето на Фондот. Во делот на административното работење на Фондот утврдени се одредени надминувања на утврдените слабости од минатаите години но во периодот предмет на ревизија, 2024 година, ревизијата утврди дека: - не е извршено евидентирање на движниот и недвижен имот во деловните книги на постојаните средства добиени по основ на стечајни постапки за кои Фондот има сопственост или пренесено право на користење; - пописот на земјиштето е нецелосно спроведен и не е воспоставена целосна сметководствена евиденција на истото; - пописот на дел од побарувањата е извршен без утврдување на правниот основ и застареност; - Фондот не располага со целосни податоци за вкупно наплатените средства од акцизи од Буџетот и за основот за повлекување на средства од сметката од страна на надлежното министерство што влијае на потврдување на точноста и целосноста на наплатените приходи по овој основ; - одредени слабости во начинот на издавање на деловниот простор под закуп; - на сметката за уплата и распределба на придонеси, на крајот на секоја година остануваат парични средства кои не се користат за исплата на пензии; -слабости во спроведувањето на дел од постапките и реализацијата на договорите за јавни набавки; - слабости во начинот на доделување и исполнетоста на условите за сместување во становите при домовите за живеење на корисниците на пензија со кои стопанисува Фондот. Во делот на останати прашања известуваме за не усогласеноста на Законот за ПИО со Законот за административни службеници во начинот на пресметка на платите на вработените. За надминување на утврдените состојби дадени се препораки по кои надлежните органи имаат обврска да постапат. Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Реконструкција на Владата - нова шминка, иста екипа, иста политика, само нови тендериОрганизираната криминална група ВМРО најави реконструкција на Владата.Во пракса, тоа е само нова шминка на истото старо, нефункционално и корумпирано тело. Кога имате министер за правда од партија ЗНАМ која повеќе не постои, човек кој се правеше „мртов“ за случајот со Никола Груевски цел месец и сè уште не даде одговор дали ги испратил потребните документи - што точно се реконструира тука? Кога имате министер за внатрешни работи кој дозволи целосна партизација на МВР, кој го штити Владата и поединци од одговорност, и кој не презема никаква политичка одговорност за колапсот на безбедносниот систем и селективната правда - каква реконструкција е тоа? Кога имате заменик-премиер кој отворено работи против интересите на Македонија, кој ги застапува интересите на Србија, Русија и Кина, кој учествува во антиевропски и авторитарни мрежи, организира контра-митинзи против српските студенти и промовира кинеска авторитарна пропаганда – што се менува со таков човек во Владата? Кога имате генерален секретар на Владата со бугарска фирма и сомнителни финансиски извештаи, а во исто време половина министри, пратеници и директори имаат бугарски пасоши - каква е оваа „македонска“ Влада? Кога економијата е во распад, буџетскиот дефицит е потрошен за шест месеци, јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра, а премиерот отворено кажува дека младите ќе ги заменува со мигранти односно „економски работници“ – што точно се реконструира? Реконструкцијата која ја најави Христијан Мицкоски е чисто козметичка. Старите лица остануваат, старите практики продолжуваат, а новите имиња само ја менуваат амбалажата. Нема нова политика. Нема нова визија. Нема нова одговорност. Има само нова шминка на истото старо, корумпирано владеење и нови криминални тендери. Правилата на тендер коалицијата не се менуваат. Театарот е ист, истите глумци, само нови одела. По реконструкцијата, Мицкоски ќе најави предвремени избори во моментот кога повеќе нема да може да се задолжува, бидејќи пари во буџетот веќе нема. Нема да има ниту за нивните криминални тендери, ниту за плати и пензии. Од претстава во претстава, ќе ни кажуваат дека „немале време“, па ќе бараат уште четири години за да ја видиме „Македонија повторно горда“. Веќе видовме како изгледа „третата економија во Европа“ според Мицкоски. Сега се плашиме од најавата дека ќе бидеме први, но во сиромаштија. Македонија забрзано се движи кон пропаст. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМаѓар го откри планот: „Нов претседател до август“; „Уставот оди на референдум“Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија ќе има нов претседател до 20 август, со можност за нов устав одобрен на референдум следното лето.Унгарија дефинитивно ќе има нов претседател до националниот празник на 20 август, изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар, најавувајќи дека неговата земја, во најдобар случај, би можела да има нов устав одобрен на референдум следното лето. На прес-конференција во Будимпешта, унгарскиот премиер рече дека Основниот закон на Унгарија предвидува парламентот да избере нов претседател во рок од 30 дена од истекот на мандатот на претходниот шеф на државата, објави МТИ. „Тоа би можело да се случи на крајот на јули или почетокот на август. Нема потреба да се чекаат полните 30 дена; напротив, во интерес на земјата е да се заврши овој процес што е можно поскоро“, рече Маѓар. Тој изјави дека ќе се бара кандидат кој може да го претставува националното единство, нагласувајќи дека тоа не мора нужно да подразбира непартиска фигура или личност над политичките партии. „Би ја поздравиле поддршката од опозициските партии“, рече унгарскиот премиер и потсети дека една петтина од пратениците претставува доволен број за да се предложи претседателски кандидат, вклучувајќи ги и пратениците од опозицијата. Зборувајќи за уставните измени, Маѓар оцени дека Унгарија, во најдобро сценарио, би можела да има нов устав потврден на референдум уште следното лето. „Можеби ќе потрае повеќе време, но времето не е клучното прашање. Она што е важно е квалитетот и содржината. Сакаме земјата да има устав што секој може да го прифати со добра волја“, рече Маѓар. Споменатиот унгарски национален празник, кој е најголемиот национален празник, кој се слави на 20 август, е посветен на основачот на унгарската држава и првиот крал Стефан, кој постхумно беше прогласен за светец. Извор: Б92Тагови: Петер Маѓар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59