Граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе“ на блокада пред Владата како протест на случаите со фемицид
1Граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе“ на блокада пред Владата како протест на случаите со фемицид
ЗабаваБез срам позираат: Овој Инстаграм профил е преполн со фотографии од разголени убавици (фото)Камерон Дејвис е фотограф кој на својот Инстаграм ги објавува најубавите девојки во нивните најпровокативни изданија.Овој фотограф секојдневно објавува згодни девојки, кои бе срам позираа голи. Неговиот профил има повеќе од 200 илјади фанови и го привлекува вниманието со објавувањето на фотографии од разголени девојки. Погледнете ја галеријата со фотографии, а на овој линк можете да го погледнете и неговиот профил. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
МакедонијаГраѓанската иницијатива „Ниту една повеќе“ на блокада пред Владата како протест на случаите со фемицидПод мотото ,,Жени, живот слобода" пред Владата се одржаа протести против фемицидот и против насилството врз жените. Сето ова следува по последниот случај во Охрид кога 26-годишната Сара Ѓорѓиеска беше брутално претепана од нејзиниот 31-годишен партнер Кристијан Корабоски. На протестот присутните побараа поголема институционална одговорност и конкретни мерки за заштита на жените. Пред присутните денеска се обрати и Бети Ангеловска, мајка на 21-годишната Емилија Ангеловска од Битола, жртва на насилство. Ангеловска рече дека на сторителот му бил одреден само осумдневен притвор и дека во среда ќе излезе на слобода. Таа ги повика институциите да ги разгледаат доказите кои ги има против него. – Нашиот натрапник излегува во среда од притвор, после што ќе правиме? Осум дена притвор за дете тепано повеќе од една година. Значи го молам министерот, го молам јавното обвинителство, телефоните се земени на вештачење – во нив има снимки, видео материјали, значи претепана цела е . Повторно го моламн јавното обвинителство, во телефоните нејзини има видео записи убаво да ги прелистаат,-изјави Бети Ангеловска, мајка на Емилија Ангеловска. Лицето кое ја претепа Емилија избега преку прозор од полициска станица во Битола, за потоа самиот повторно да пријави. Додека присутните бараа побрза реакција на институциите при случаи со насилство врз жени, со свој став излезе и Рита Колумбија, постојаната координаторка на Обединатите Нации во земјава. Токму на светскиот ден на детето и во пресрет на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство, Колумбија од домашните органи побара побрза институционална реакција за превенција на фемицид, темелна ревизија од независно тело при секој случен фемицид и подигнување на проблемот на ниво на национален приоритет. Од почетокот на годинава во земјава се забележани седум фемициди,а последен беше случајот со Билјана Ќириќ од Богданци, која беше најдена мртва во опожарено возило. Од 2021 до 2025 година во Македонија се забележани 26 случаи на фемицид. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетнициОд виртуелно пријателство во он-лајн игра до уцени, самоповредување и насилство на деца. МВР има пријави и истражува дали познатата меѓународна мрежа „7 6 4“ што постои околу 6 години се прошири и во Македонија и преку своите членови со уцени, закани и психолошка контрола принудува деца да се сечат со жилети и да снимаат насилни содржини. Засега од МВР нема официјална потврда за медиумиските објави од пред неколку дена дека дете од скопско основно училиште се самоповредувало сечејќи се по нозете со остар предмет, откако комуницирало со некого преку видеоиграта Роблокс и „Тикток“, но сепак оттаму за Канал 5 велат дека има случаи во кои се забележани елементи што укажуваат на можна поврзаност со мрежата „7 6 4“. - „Поради тековните активности, во оваа фаза не би изнесувале конкретни податоци за бројот на пријави и градовите од кои се поднесени. По целосно утврдување на фактите, јавноста ќе биде соодветно информирана“. Оттаму упатија силен апел за внимателност до родителите појаснувајќи како доаѓа до првичен контакт на членовите од мрежата со децата. -Најчесто контактот со децата и младите го воспоставуваат претставувајќи се како нивни врсници или како лица заинтересирани за пријателски или како лица заинтересирани за пријателски или емотивен однос. Откако ќе ја стекнат нивната доверба, започнуваат со манипулации, закани и уцени, со цел да ги принудат да споделуваат интимни фотографии и видеоснимки, да се самоповредуваат, да вршат насилство врз други лица или животни, па дури и да преземаат дејствија кои можат да имаат животозагрозувачки последици. Материјалите што ги добиваат потоа ги користат како средство за дополнително заплашување, уценување и контрола врз жртвите,- - Гоце Андреевски – МВР. Комуникологот Бојан Кордалов смета дека е неопходна едукација за опасностите во интернет-просторот бидејќи лекот за сајбер безбедност е превенцијата, а таа се постигнува со запознавање и разговор со блиските. Како што детето го пуштаме само да оди на училиште и тоа минува крстосници и разни опасности додека дојде до училиште, или како што го пуштаме на некој роденден или да излекува навечер така тоа го правиме и во интернет просторот. Сме му дале едукација и правила како се функционира и кои се опасностите, истото мора да се направи и тука. Мора да се работи на едукација и на возрасните, а преку нив и на децата, на осојузување на сите чинители, институциите да постапуваат,- - Бојан Кордалов - експерт за комуникации и дигитална писменост Надлежните порачуваат родителите да внимаваат на ненадејни промени во однесувањето, повлекување, страв, таинственост при користењето на телефонот, заканувачки пораки или необјаснети повреди кај своите деца и посочуваат дека една пријава може да спаси и живот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
КошаркаКФМ: Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Македонија – КипарЦена на влезниците е 150 денари за сите блокови, односно трибини во комплетно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.Кошаркарската федерација на Македонија како организатор на натпреварот Македонија - Кипар, кој е дел од втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година, информира дека од денеска, сите заинтересирани љубители на кошарката можат да обезбедат влезни билети преку онлајн сервисот „МКТикетс“. Цена на влезниците е 150 денари за сите блокови, односно трибини во комплетно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Натпреварот Македонија – Кипар, ќе се игра на 26 ноември (четврток), со почеток од 18:00 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08