Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
БалканБез одговор од НИС за блокираните милион барели казахстанска нафта за Србија Вучиќ синоќа изјави дека очекува до крајот на оваа недела или во текот на следната недела да има одговори во врска со Нафтената индустрија на Србија.Нафтената индустрија на Србија (НИС), што е под санкции од САД поради мнозинско руско сопствеништво, не коментираше засега за наводната блокирана испорака на околу милион барели казахстанска нафта наменета за компанијата, доставена до Омишаљ во Хрватска. Српски медиуми јавија, пренесувајќи информација на агенцијата Ројтерс дека танкер со казахстанска сурова нафта е пристигнат во Омишаљ на 9 октомври, но товарот не е доставен во Србија. Јадрански нафтовод (ЈАНАФ), преку кој суровата нафта стигнуваше до НИС до почетокот на санкциите на САД, ниту ја потврди ниту ја негираше таа информација. Оттаму за хрватски медиуми одговориле дека последната испорака за НИС била на 8 октомври оваа година. „По тој датум, нема повеќе неиспорачана нафта за НИС во системот ЈАНАФ“, изјавија од компанијата. Медиумите во Белград пренесоа дека извори кои зборуваа под услов да останат анонимни, за Ројтерс изјавиле дека Србија има само неколку дена пред рафинеријата за нафта во Панчево да остане без сурова нафта за преработка и да престане со работа. Танкерот „Маран Хелиос“, што транспортирал милион барели казахстанска сурова нафта, наменета за НИС во Србија, пристигнал во Омишаљ на 9 октомври, според податоците од аналитичката група Кплер. Сепак, горивото потоа не пристигна во Србија, изјави извор близок до ова прашање, пренесоа медиумите во Србија.Таа количина нафта е доволна за работа на рафинеријата во Панчево за 10 денови. Нема засега информации дали нафтата што ја пренесувал танкерот е веќе продадена на друг купувач. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека очекува до крајот на оваа недела или во текот на следната недела да има одговори во врска со Нафтената индустрија на Србија и истакна дека медиумските написи дека Хрватите ќе станат нови сопственици на компанијата се невистинити. „Се надевам дека до крајот на неделата или следната недела ќе имаме што да ви кажеме по ова прашање“, рече претседателот Вучиќ на прославата на СНС, одговарајќи на новинарско прашање дали има напредок во врска со моменталната состојба со НИС. Тој предупреди на 9 октомври дека, без нови испораки, рафинеријата во Панчево, што обезбедува поголем дел од нафтените производи во земјата, вклучувајќи бензин и гориво за авијација, би можела да има тешкотии да продолжи со работа по 1 ноември. Сепак, Вучиќ рече дека складиштата за гориво се полни и дека постојните залихи на нафтени деривати треба да обезбедат снабдување на Србија до крајот на годината. „Нема да има недостиг од сурова нафта, нејзини деривати и нема да има енергетска криза“, рече Вучиќ минатата недела. НИС беше ставен на списокот на санкции на САД на 10 јануари поради таканаречениот „секундарен ризик“, односно мнозинска руска сопственост. Оттогаш, спроведувањето на санкциите беше одложено осум пати, но стапи на сила на 9 октомври. Во меѓувреме, сопственичката структура на НИС беше променета неколку пати, но таа сè уште е претежно во рацете на руски компании. Тагови: Александар Вучиќ НИС Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаТурист паднал од 12 метри височина, адреналинското возење се претвори во хорор- камерата цело време снимала (ВИДЕО)Она што требаше да биде возбудлива авантура се претвори во кошмар за турист од индиската држава Карнатака, откако паднал од висина од речиси 12 метри додека се возел со жичарница во одморалиште во Дандели.Инцидентот се случил кога, според семејството, безбедносниот механизам откажал, објавува NDTV. Видеото се појави на мрежите Туристот, идентификуван како К. С. од градот Виџајапура, претрпел повеќекратни скршеници во рацете и нозете откако ја изгубил заштитата на средина од возењето и паднал на земја. Страшниот инцидент бил снимен со камера, а видеото брзо се проширило на социјалните мрежи. 🚨 HORRIFYING ACCIDENT: Zipline Cable Snaps at Dandeli Resort 😱🛑 A terrifying video has surfaced capturing the exact moment a tourist fell from a dangerous height of 30–40 feet after a zipline lock broke mid-ride. Here is what you need to know about the incident: 📍 WHERE… pic.twitter.com/rNBi6grq0l — ViralDecoder (@ViralDecoder) July 19, 2026 Според семејството, безбедносната сопирачка на жичарницата „попуштила“, додека К. С. висел во воздух, по што се струполил на земја. Семејството го обвини менаџментот на одморалиштето за небрежност, тврдејќи дека опремата „не била правилно одржувана“. Бараат одговорност од менаџментот Повредениот маж прво бил однесен во Владината болница во Дандели, по што бил префрлен во болница во Виџајапур. Поради потребата од специјализиран третман, тој подоцна бил префрлен во Мираџ, каде што бил згрижен. Семејството бара одговорност од менаџментот на одморалиштето, тврдејќи дека „несреќата можела да се спречи“ со редовно одржување на опремата и соодветни безбедносни проверки.Тагови: туристот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЖена била избодена за време на молитва во црква Жена во 50-тите години е сериозно повредена во напад со нож што се случил во црквата на Светиот крст во Трамор, округ Вотерфорд, Ирска.Жена во 50-тите години е сериозно повредена во напад со нож што се случил во црквата на Светиот крст во Трамор, округ Вотерфорд, Ирска, за време на рецитирањето на бројаницата, непосредно пред мисата во 10 часот наутро. Таа била во главната црква кога била нападната, објавува RTE, по што била однесена во Универзитетската болница Вотерфорд со сериозни, но не опасни по живот повреди. 🚨 IRELAND A woman in her 50s has been STABBED this morning on the altar inside Holy Cross Church in Tramore, Waterford Gardaí have arrested a MAN in connection with the attack 📸 WLFRM pic.twitter.com/V2aytEio7a — Catholic Arena (@CatholicArena) July 21, 2026 Полицијата уапсила маж во 30-тите години во блиската куќа и му бил запленет нож. Тој моментално е во притвор во полициската станица во округот Вотерфорд. Парохискиот свештеник, отец Ричард О'Халоран, потврди дека еден верник е повреден во нападот. Епархијата Вотерфорд и Лизмор изјави дека е „длабоко шокирана од насилниот инцидент“ што се случил за време на службата, со порака за поддршка на повредената жена и благодарност до верниците кои помогнале „за време на овој ужасен настан“. Истрагата е во тек, според ирската телевизија.Тагови: Црква Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе обиделе да спасат човек да не се удави, па се удавиле петмина- трагедија во Охајо (ВИДЕО)Две жени и тројца мажи се удавија во американската држава Охајо.Според канцеларијата на шерифот на округот Делавер, трагедијата се случила во неделата навечер на реката Скиото, во близина на резервоарот О'Шогнеси, околу 16 километри северозападно од Колумбус, главниот и најголем град во државата Охајо, објави Њујорк Тајмс. Група од најмалку седум лица - два пара, нивниот возрасен пријател и две деца - престојувале покрај брегот на реката при зајдисонце. „Некои од нив ловеле риба кога еден од возрасните влегол во реката да плива“, рече шерифот Џефри Балцер. Детето истрчало на патот и запрело автомобил Кога пливачот почнал да се бори да остане на површината, двајца други возрасни се обиделе да му помогнат, но самите почнале да тонат. „После тоа, уште двајца возрасни се обиделе да ги спасат, пред сите петмина да исчезнат во реката“, им рече Балцер на новинарите на прес-конференција. „Не е невообичаено едно лице да почне да се дави, а други да се обидуваат да го спасат, иако немаат потребни вештини, па затоа завршуваме со повеќе смртни случаи“, нагласи шерифот. Властите беа известени за несреќата откако едно од двете деца истрча на блискиот пат и го запре автомобилот. На возачот му беше кажано дека „неговото семејство е удавено во реката“. Службите за итни случаи веднаш беа испратени на местото на настанот и брзо ги пронајдоа двете жени и ги извлекоа од водата. Набргу потоа, тие беа прогласени за мртви во блиската болница. Телата на тројцата исчезнати мажи беа пронајдени следниот ден. Шерифот рече дека двете деца, и двете под десетгодишна возраст, биле згрижени од локалните служби за заштита на деца по трагедијата.Тагови: Охајо удави Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter