МакедонијаБез ниту еден глас против, донесен е буџетот на Град Скопје - следува преродба на градот!Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека Советот на Град Скопје едногласно го усвои Буџетот за 2026 година, без ниту еден глас против.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека Советот на Град Скопје едногласно го усвои Буџетот за 2026 година, без ниту еден глас против, со што се поставуваат темелите за силен развоен циклус и финансиска консолидација на градот. Новиот буџет претставува јасен доказ дека со ред, визија и одговорна работа се постигнуваат конкретни резултати во интерес на граѓаните и иднината на Скопје. Во прилог објавата на социјални мрежи од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски: БЕЗ НИТУ ЕДЕН ГЛАС ПРОТИВ, ДОНЕСЕН Е БУЏЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ - следува преродба на градот! Буџетот за 2026 година е доказ дека кога има ред, визија и работа, ќе има и резултати. Сакам искрено и од срце да се заблагодарам на сите советници кои го поддржаа. Основниот Буџет на Град Скопје изнесува 5.201.600.000 денари, што претставува зголемување од 12,04% во однос на 2025 година. Ова зголемување е резултат на засилена и одговорна наплата на приходите во период од само месец и половина, со што на крајот на годината се очекува пренесен вишок од над 400 милиони денари. Дополнително, обезбедени се 260 милиони денари преку спогодба со Министерството за образование и наука и одлука на Владата на Македонија за студентски превоз за заостанатите години, обврска за која претходната влада на СДСМ немаше слух. Капиталните инвестиции во основниот Буџет изнесуваат 1.787.000.000 денари, или 34,4% од вкупниот буџет. За споредба, во 2025 година капиталните инвестиции изнесувале 1.344.160.000 денари, односно 28,9%. Ова значи повеќе инфраструктурни зафати, повеќе проекти на терен и конкретни, видливи резултати за граѓаните. Образованието е еден од нашите највисоки приоритети. Преку блок-дотациите од Министерството за образование и наука обезбедуваме средства за нови спортски терени во средните училишта, енергетски ефикасни фасади, нови клупи и столчиња, дополнителна ИТ опрема и подобрени услови за работа и учење. За првпат досега обезбедуваме униформи за сите ученици од прва година, обезбедуваме летен камп за учениците од социјално ранливи категории, како и награди за учениците со исклучителни резултати во спортот и образованието. Буџетот за образование е зголемен за 7,5% во однос на 2025 година, а дополнително се пренесуваат 68 милиони денари вишок од блок-дотациите за изградба на ново училиште, кое ќе биде предвидено со првиот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Сериозно се зајакнува и противпожарната заштита. Во 2026 година се обезбедуваат средства за вработување на 30 нови пожарникари, за првпат по повеќегодишна пауза се набавува целосна лична заштитна опрема и униформи, како и три возила за интервенции во тешко проодни средини. Буџетот за противпожарна заштита и спасување изнесува 450,2 милиони денари, што е зголемување од 25,72% во однос на претходната година. Културата добива силна поддршка со буџет од 159.831.000 денари, што е повеќе од двојно зголемување во однос на 2025 година. Со овие средства го спасуваме и продолжуваме проектот Европска престолнина на културата - Скопје 2028, како и бројни капитални проекти и реконструкции во културните установи. Паралелно, буџетот за спорт е зголемен на 26 милиони денари, што е 2,5 пати повеќе споредбено со 2025 година. Во делот на животната средина предвидени се 56,5 милиони денари, што е речиси двојно повеќе од претходната година. Дополнително, го спасивме и откочивме проектот со Светска банка за поставување фотоволтаици во училиштата во вредност од 46 милиони денари, кој беше заглавен повеќе од три години. Меѓу капиталните проекти се издвојува изградбата на Луна Парк, кој ќе биде завршен во текот на 2027 година, како и инвестиции од 90 милиони денари за детски катчиња, игралишта, фитнес справи, урбана опрема, паркови и пешачки патеки. Преку развојните програми се инвестира во реконструкција и опремување на културните установи и Зоолошката градина, проширување на капацитетите на ЈП Лајка, заштита и уредување на културното наследство како Скопско Кале, Аквадуктот, Старата чаршија и Скупи, како и изградба на бунари за техничка вода за наводнување. Се инвестира и во јавното зеленило со 210 милиони денари, набавка на нови канти и контејнери со 40 милиони денари, како и нови возила за комунална хигиена во износ од 24,2 милиони денари. Патната и сообраќајната инфраструктура е посебен фокус на Буџетот за 2026 година. Предвидени се средства за изградба и реконструкција на булеварите ,,Македонија”, ,,Љубљанска”, ,,Борис Трајковски”, ,,АСНОМ” и ,,Цветан Димов”, за кружниот тек во Ѓорче Петров, за довршување на Момин Поток по решената експропријација, како и за реконструкција на улиците ,,Фрањо Клуз”, ,,Перо Наков”, ,,Димо Хаџи Димов”, 101 во Волково, ,,Бутелска” и ,,Радишанска”, изградба на улицата ,,Македонско-косовска бригада”, мостот и булеварот ,,Февруарски Поход” и уредување на пристапите и паркинзите кај Матка. Обезбедени се 130 милиони денари за експропријација со цел забрзување на реализацијата на булеварските решенија, како и дополнителни средства за тековно одржување, сообраќајна сигнализација, безбедност во сообраќајот и подготовка на нови сообраќајни проекти во соработка со УНДП. Буџетот за 2026 година е и буџет на финансиска консолидација. Предвидена е директна поддршка за јавните претпријатија и културните установи со јасна цел за нивно раздолжување и стабилизирање до првата половина на 2027 година. За таа намена се издвојуваат средства за ,,Комунална хигиена”, ,,Паркови и зеленило”, ,,Дрисла”, ,,Лајка” , ,,Улици и патишта”, како и рекордни 920 милиони денари субвенции за ЈСП Скопје. Ова почитувани е буџет на одговорност, развој и иднина. Време е скопјани да живеат подобро, време е градот да застане на нозе и да оди напред! Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Се пушти во употреба детската градинка „Лавче“ во ИнџиковоУште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка.„Добар ден и од мене. Уште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка. Кога се пушта во употреба ваков проект, тоа значи дека има повеќе среќа, повеќе радост, повеќе убави моменти, пред сè за најмилите, за дечињата, и нема како човек да ја скрие емоцијата, бидејќи ова се навистина за мене прекрасни моменти. Би сакал да се заблагодарам и на министерот, и на градоначалникот, и на пратениците во македонското Собрание, на советниците, на вработените во Општина Гази Баба, на колегите од Владата, што овие проекти, коишто ги започнавме уште при самото формирање на Владата во јуни 2024, полека, но сигурно добиваат своја смисла, односно еден по еден се завршуваат, се пуштаат во употреба и веќе имаме корисници коишто го ползуваат сето тоа коешто го планиравме, а наша цел беше да го направиме животот поубав, поедноставен и да го подобриме, во суштина, квалитетот. Продолжуваме во оваа насока и во иднина и продолжуваме да испорачуваме проекти. Има уште многу проекти во периодот којшто следи, којшто ќе финишираат, ќе бидат завршени, ќе бидат пуштени во употреба, така да што, еве, ве повикувам вас, медиумите, да го проследиме сето она коешто значи како Македонија се гради, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНова неизвесност во Јунајтед: Фернандеш го одби договоротКапитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, ја одби втората понуда на клубот за продолжување на договорот, додека преговорите за неговата иднина на „Олд Трафорд“ се одвиваат во услови на нови промени на тренерската клупа .Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, ја одби втората понуда на клубот за продолжување на договорот, додека преговорите за неговата иднина на „Олд Трафорд“ се одвиваат во услови на нови промени на тренерската клупа и незадоволителни резултати на тимот. Актуелниот договор на Португалецот истекува на крајот од сезоната, сепак, Јунајтед има опција да активира клаузула за продолжување, со што тој би останал во клубот уште 12 месеци – со што договорот практично би се продолжил до 2028 година. Раководството на клубот сака да постигне согласност за нов договор со 32-годишниот капитен пред тој момент. Разговорите со неговите претставници траат веќе неколку месеци, но според извори на „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), втората понуда е одбиена. Не е сосема јасно кога точно Фернандеш ги одбил предложените услови, а моменталната нестабилна ситуација во клубот го отежнува предвидувањето кога би можеле да завршат преговорите. Доколку двете страни не успеат да се договорат за нов договор, речиси е сигурно дека Манчестер Јунајтед, пред 1 јануари, ќе ја искористи опцијата за продолжување на постоечкиот договор за уште една година. Со ова би се спречило Фернандеш да влезе во последните шест месеци од својот договор – период во кој тој би имал право да потпише преддоговор со странски клуб за трансфер, откако ќе заврши неговиот престој во Јунајтед. Активирањето на оваа клаузула би ѝ овозможило на управата повеќе време за преговори и за одлучување за иднината на еден од најважните играчи во тимот. Сепак, само по себе, ваквиот потег не би го решил прашањето за долгорочната иднина на португалскиот репрезентативец во клубот. Неизвесноста околу иднината на Фернандес се совпаѓа со уште една промена на клупата на Манчестер Јунајтед. Мајкл Керик доби отказ во четвртокот, по најлошиот старт на клубот во домашна натпреварувачка сезона во последните 40 години. Според „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), се очекува него да го наследи Маурисио Покетино, кој моментално е селектор на Соединетите Држави. Аргентинецот треба за првпат да го предводи Јунајтед на 22 ноември, на гостувањето против Ливерпул на „Енфилд“. Од клубот се надеваат дека доаѓањето на Покетино би можело да влијае врз одлуката на Фернандес и да го убеди да ја поврзе својата иднина со „Олд Трафорд“.Тагови: Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајотОткако пукна огромниот скандал со Алта банка, гледаме панични обиди на Христијан Мицкоски во одбрана на банката на Вучиќ и намера да се заташка случајот.Трајко Славески самиот се обвини. Ставил потпис, дал дозвола за работа на банка што според информациите во Србија служела за перење пари стекнати со криминал и корупција. Последните информации се дека постои сомнеж и за печатење пари. Славески јавно призна дека одлуката за Алта бака ја донел во консултации со Мицкоски, Затоа СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот Трајко Славески и против сите инволвирани во внесувањето на Алта банка во Македонија. Сега на ред е обвинителот Савески веднаш да постапи по кривичната пријава. Мицкоски го копира моделот на Вучиќ, врши притисок врз Обвинителството, дава задачаи. На јавноста веќе ѝ е јасно дека лажел и дека тој лично е одговорен за банката на Вучиќ. Обвинителството мора да работи според законот и да постапува. Гледаме во Србија што се случува со обвинителите што слепо ги слушале наредбите на Вучиќ. Се очекуваат апсења на главните обвинители што ѝ служеле на организираната криминална група и на режимот на Вучиќ. Затоа Савески мора да покаже дека работи независно и по закон. Гувернерот Трајко Славески исто така има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење, за злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески. Да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Во Србија секој ден има апсења. Обвинителството работи. Ги вади истрагите од фиока. Кај нас Мицкоски го копира Вучиќ и поднесува пријави против опозицијата за ширење паника. Паниката ја направија Мицкоски и Славески. Тие ја донесоа криминалната банка во Македонија, тие јавните претпријатија ги внесоа во Алта банка, тие им велеа на граѓаните дека се е во ред. И тие воведоа присилна управа и им ги блокираа парите на граѓаните. Сега граѓаните не можат да дојдат до своите пари. Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски прета во калта. Влегува во дилови и за продажба на банката иако Мицкоски нема никаква надлежност. Во Собранието лаже на надзорната расправа за Алта банка, ги лаже пратениците, ја лаже јавноста. Се плаши, од тоа што ќе покажат документите, што ќе се открие потеклото на капиталот, трансакциите, сметките и неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Затоа е потребна брза и силна реакција од Обвинителството. Мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook