ЖивотБез никакво образование, на 84 години освоила награда за ,,Најдобра нова актерка”На 84-годишна возраст, Бенедикта Санчез ја освои најпознатата награда за шпански филм во категоријата „Најдобра нова актерка“ и стана најстарата жена во историјата на шпанската кинематографија, која успеа да ја освои наградата.Наградите ,,Гоја”, шпанскиот еквивалент на Оскарите, што се одржаа во градот Малага, јужна Шпанија, беше сцена на оваа сензација. Бенедикта Санчез, натуршчик без никаква актерска школа, со неверување го коментираше ова признание велејќи: „Има многу изненадувања во сечиј живот и ова е едно од најголемите во мојот живот“. Во оваа категорија, лауреатите досега беа претежно млади актерки на почетокот на нивните актерски кариери. Затоа оваа одлука на жирито предизвика чудење на позитивен начин, а многумина дури реагираа емотивно. Филмот, во кој Санчез глуми и ја освои престижната награда, е филм од 2019 година наречен ,,Огнот ќе дојде’, во режија на шпанскиот режисер со француско потекло, Оливер Лакса. „Најдобрата нова актерка“ ја толкува улогата на мајка на осуден пироман, која се враќа во родното село во планините на Галиција, во северозападна Шпанија. Овој филм претходно го привлече вниманието на јавноста со освојување на „Наградата на жирито“ на минатогодишниот филмски фестивал во Кан, каде Санчез, кога ја претстави филмската екипа на црвениот тепих во Кан, предизвика сензација, танцувајќи мусиеира, традиционален галициски танц, наследство на провинцијата од каде потекнува и каде што во моментов живее. Оваа необична жена, е родена во 1935 година во селото О Корго во Галиција. Откако се омажила на 17-годишна возраст, таа емигрирала со својот сопруг во Бразил, каде работела како продавачка на книги пред да стане фотограф. Покрај тоа што е светски патник, Санчез е и страствен планинар и вегетаријанец, а се вратила со сопругот во родната Шпанија во 1979 година. По долг живот на југот на земјата, Санчез се враќа во родната Галиција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски со честитка за 11 Октомври: „Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи“ Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, потсетувајќи на храброста и пожртвуваноста на предците кои се бореле за слободата на Македонија.Во објавата, Мицкоски истакнува дека борците од пред 85 години немале гаранција за победа ниту сигурност дека ќе се вратат во своите домови, но верувале дека слободата вреди повеќе од сопствениот живот. Пред осумдесет и пет години, во една од најтешките ноќи на нашата историја, имало луѓе кои не знаеле дали ќе го дочекаат утрото. Но, знаеле дека татковината мора да дочека подобро утро. Тие немале гаранција дека ќе победат. Немале сигурност дека ќе се вратат во своите домови. Немале можност да знаат како ќе изгледа светот што ќе го остават зад себе. Но, имале нешто посилно од стравот. Имале верба дека слободата вреди повеќе од сопствениот живот. Нашите предци го направија она што во нивното време изгледало невозможно. Ја отворија вратата на слободата. Нашата должност е таа врата никогаш да не се затвори и низ неа да поминат генерации кои ќе живеат подобро, послободно и подостоинствено. Нека овој 11 Октомври не биде само ден на сеќавање. Нека биде ден на нова одговорност. Одговорност да ја чуваме слободата. Затоа што слободата не е завршена приказна. Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи. Честит 11 Октомври! Да е вечна Македонија!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Масакр на аеродромот во Ријад: 12 загинати, повеќе од 300 повредениДванаесет лица загинале, а повеќе од 300 беа повредени во вчерашниот ракетен напад врз Меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад, соопштија саудиските власти. Одговорноста за нападот ја презедоа јеменските Хути, кои се поддржани од Иран. Меѓу загинатите има четворица државјани на Саудиска Арабија, како и државјани на Бангладеш, Палестина, САД, Египет, Јордан, Сирија и Судан. Некои од повредените се во критична состојба. Проектилот погоди дел од аеродромскиот комплекс каде што се наоѓаат терминалите 3 и 4 за домашни летови. Ова беше трет напад врз аеродромот во Ријад во рок од неколку дена. 🇸🇦🇺🇸A US citizen is DEAD after Saudi airport attack 12 lives lost, over 300 wounded and counting… King Khalid Airport in Riyadh is in total CARNAGE. Officials insist the conflict is "contained," while ballistic missiles flatten civilian departure lounges and KILL travelers from nine other nations. This isn't distant crossfire anymore, it's a full-scale international inferno. Writer: Bri https://t.co/eBvPg9qvO0 — Mario Nawfal (@MarioNawfal) October 10, 2026 По нападот, сите аеродромски операции беа привремено прекинати, а летовите наменети за Ријад беа пренасочени кон други аеродроми. Очевидец изјави за Ројтерс дека по експлозијата видел неколку повредени лица како лежат во терминалот. Друг повреден патник раскажа дека видел нешто на небото непосредно пред ударот, по што дел од таванот се урнал во близина на излезот за качување во авион. Саудиската управа за цивилно воздухопловство претходно извести за жртви, повредени лица и материјална штета како последица на претходни напади. Тројца саудиски државјани загинаа во нападите на 8 октомври, додека еден судански државјанин почина претходниот ден во посебен напад врз аеродромот во Ријад. По најновиот напад, Хутите изјавија дека авиокомпаниите треба да го избегнуваат саудискиот воздушен простор, кој тие го прогласија за зона на воени дејствија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтоле Наумов на „Кавга со Иван“Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе НаумовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook