Без изненадување во четвртфиналето на македонскиот одбојкарки Куп - Канал 5

Без изненадување во четвртфиналето на македонскиот одбојкарки Куп

Втора година по ред финалниот турнир од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) 2026 во машка конкуренција ќе има исти учесници.

Без изненадување во четвртфиналето на македонскиот одбојкарки Куп

Бранителот на титулата „Штип Угд“ обезбеди место на Ф4 со победа синоќа во четвртфиналето над одбојкарите на Лирија со 3:0 (25:13, 25:10, 25:9), додека Работнички71&22, пак, славеше над Универзитет Тетово, исто така, во три сета (25:21, 25:22, 25:23) во последниот натпревар од четвртфиналната фаза.

Штип УГД и Работнички 71&22 се приклучија на Струмица и велешки Борец кои ден претходно го потврдија својот пласман на финалниот турнир.

Полуфиналните двојки ќе бидат одредени со жрепка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски формира нов сателит – ЗНАМ 2.0

ЗНАМ се распаѓа и веќе не постои ниту во анкетите ниту во гласови. 

СДСМ: Мицкоски формира нов сателит – ЗНАМ 2.0

Последните двајца што останаа, Максим Димитриевски и Горан Минчев се тепаат за фотелји и ги делат последните тендери за да ја наплатат својата улога на последните избори, кога ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи.

Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов инструмент, нов сателит- ЗНАМ 2.0, кој треба да му послужи за разбивање на опозициските гласови на следните избори.

ВМРО загуби 150 илјади гласови, поддршката им се намалува од ден на ден, резултати нема.

Буџетот е во колапс, а веќе нема пари ниту за редовна исплата на пензиите.

Затоа на Мицкоски му се брза да создаде нов инструмент за манипулација на изборниот процес и збунување на гласачите.

ЗНАМ 2.0 е уште еден проект во низата обиди на Мицкоски да ја одржи власта по секоја цена.

Но граѓаните веќе ја препознаа оваа игра на Мицкоски и нема да дозволат да бидат измамени.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делови од Драчево и Влае денеска без струја

Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (29 јуни) без електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода и Карпош, информираат од ЕВН Македонија.

Делови од Драчево и Влае денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– Улицата Герника бр.8 и бр.10 Драчево, општина Кисела Вода, од 5:00 до 13:00 часот;

– Улицата Иван Хаџиниколов бр.3 и бр.5 Драчево, општина Кисела Вода, од 5:00 до 13:00 часот;

– Улицата Вангел Дину и дел од непарни броеви на улицата Франц Прешерн, населба Влае, општина Карпош, од 9:00 до 13:00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СП2026: Канада прв осминафиналист

Ко-домаќинот на 23 светски фудбалски шампионат Канада е во осминафиналето!

СП2026: Канада прв осминафиналист

Канадските фудбалери се првите учесници во осминафиналето на Светското првенство, откако на отворањето на нокаут фазата на Мундијалот ја елиминираа Јужна Африка со резултат 1:0 (0:0).

Еден од домаќините на Светското првенство оствари историски успех со гол во судиското продолжение, постигнат од Стивен Јусташи.

YouTube video

Во битката за четвртфиналето, екипата на Џеси Марч ќе игра против подобриот тим од дуелот Холандија-Мароко, кој ќе се игра ноќта помеѓу понеделник и вторник од 03:00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер