-Многу сум разочаран. Слушам дека се вознемирени поради тоа што немаат место (во преговорите), па тие имаа столче три години и долго пред тоа. Денеска слушнав: „Оу, ние не бевме поканети“. Добро, вие сте таму три години. Никогаш не требаше да го започнете тоа (војната). Можевте да постигнете договор. Јас би можел да постигнам договор за Украина.
Трамп отиде и чекор понатаму. Оцени дека на Украина и се потребни избори, а дека рејтингот на Зеленски е незначителен, што ги подгреа шпекулациите за обид актуелниот лидер да биде изолиран, а функцијата во иднина да ја преземе проруски претседател.
-Имаме ситуација кога немавме избори во Украина, каде што во суштина имаме воена состојба и каде што лидерот во Украина, мислам, мразам да го кажам тоа, но тој е паднат на рејтинг од 4% - и каде што една земја е разнесена. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Зеленски, чиј мандат заврши лани, но поради воената состојба има право да ја врши функцијата и понатаму, ја прифати вербалната војна со Трамп. Го обвини дека живее во дезинформациски меур, поттикнат од Москва. Вели рејтингот му бил 58 проценти.
-Ако некој сака да ме смени во моментов, тоа нема да функционира во моментов. Друга работа, ако зборуваме за 4%, ја видовме оваа дезинформација. За жал, претседателот Трамп, со сета почит кон него како лидер на нација што ние многу ја почитуваме и која постојано не поддржува нас... За жал, тој живее во простор на дезинформации. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Кремљ соопшти дека средбата меѓу Трамп и Путин може да се случи до крајот на месецов. По вчерашната средба со американската делегација во Ријад, шефот на руската дипломатија Лавров се пофали дека односите со Вашингтон почнале да се нормализираат, а дека главен фокус за Москва е да се отстрани заканата Украина да се најде во Нато.
-Детално објаснивме вчера - зборуваме за елиминирање на заканите по безбедноста на Русија кои се создаваат многу години со вовлекување на Украина во НАТО. Претседателот Путин ја истакна оваа критична точка во неговиот телефонски разговор на 12 февруари со претседателот Трамп. , изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.
Францускиот претседател Макрон попладнево е домаќин на втор по ред вонреден Самит посветен на Украина, на кој за разлика од пред два дена, се поканети и Канада и повеќе други европски земји.