Бесплатни тестирања и совети за хепатитис Б, Ц и ХИВ на плоштадот во Охрид - Канал 5

Бесплатни тестирања и совети за хепатитис Б, Ц и ХИВ на плоштадот во Охрид

Милан Мишковиќ од Хепар центар – Битола информира дека оваа недела се вршат активни тестирања и оти бројот на заразени со хепатитис Ц, благо се зголемува.

Бесплатни тестирања и совети за хепатитис Б, Ц и ХИВ на плоштадот во Охрид

Под мотото „Јас не можам да чекам, ние не можеме да чекаме, хепатитот не може да чека“ денеска на Градскиот плоштад во Охрид преку едукација за болести на црниот дроб и бесплатни тестови за хепатит Б, Ц и ХИВ, Хепар центарот од Битола во соработка со организацијата за ретки болеси „Ретко е да си редок” од Охрид го одбележаа Светскиот ден за борба против хепатит.

Милан Мишковиќ од Хепар центар – Битола информира дека оваа недела се вршат активни тестирања и оти бројот на заразени со хепатитис Ц, благо се зголемува.

– Над 50-60.000 граѓани во Македонија можно е да се заразени со хепатитис Б и Ц. Ова е уште една можност за државата да поработи во иднина повеќе на скрининг програмите. Но и да апелираме терапиите, кои не се достапни во нашата земја, посебно за хроничен хепатитис Б да бидат на позитивната листа. Барем оваа група пациенти да добие навреме терапија да не прогресира болеста до карцином, посочи Мишковиќ.

Според него, првпат во државата се отвора Црнодробен центар, кој ќе биде во ЈЗУ Универзитетската клиника за Гастроентерохепатологија.

– Центарот ќе биде со мултидисциплинарен пристап составен од повеќе медицински експерти од различни области, кои ќе се борат да го анулираат црнодробниот карцином, а пред се хепатитисот Б и Ц, кои се едни од најголемите причинители. За жал, последните податоци ни покажуваат дека за 25 до 30 отсто во Европа се зголемува овој проблем, а не сме исклучок и ние како земја поради начинот на живот и храната што ја консумираме, рече Мишковиќ.

Време е, нагласи, да се обрне повеќе внимание на црнодробните заболувања, посебно на хепатитите, изразувајќи надеж дека ќе бидеме пример како мала држава која ги следи стапките на развиените земји и придонесува за намалување на бројот на карциноми.

Најновите статистики од Светската здравствена организација покажуваат дека секојдневно умираат околи 3.000 луѓе од хепатитис Б и Ц, а на секои 30 секунди еден човек го губи животот од хепатитис Б и Ц. Навременото тестирање и лекување може да спаси животи. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешки стек со компири

Во вторник (20.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Велина Стаменковиќ.

„Гответе со Дракче“ - Пилешки стек со компири

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. мали компири

3 лажици маслиново масло

30 гр. путер

3 парчиња пилешки стек

4 лажици кечап

4 лажици мајонез

1 лажиче сол

половина лажиче бибер

малку рузмарин, лук во прав и магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите

Најголемото дерби во Турција, помеѓу Фенербахче и Галатасарај, заврши со тепачка меѓу играчите на теренот.

Видео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите

Најголемото дерби во Турција заврши со победа на Галатасарај над Фенербахче (2:1), но натпреварот го одбележа хаос што настана веднаш штом судијата го означи крајот – и тоа меѓу фудбалери.

Прво дојде до кошкање, а потоа и до физички судир меѓу Арчи Браун и Абдулкерим Бадакчи.

Тие почнаа да разменуваат удари, паднаа на земја, а соиграчите и членовите на стручниот штаб веднаш интервенираа за да спречат уште посериозни инциденти.

Во еден момент, ситуацијата целосно излегла од контрола. До тој степен што полицајци морале на влезат на теренот за да спречат уште поголема тепачка. Играчите никако не можеа да се смират – имаше шутирање, туркање, закани...

Јасно е дека федерацијата ќе отвори истрага и дека ќе следат строги казни. Што се однесува до самиот натпревар, Виктор Осимен постигна два гола за победничкиот тим, додека Ирфан Кавеџи беше стрелец за гостите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи

„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. 

Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Кој ја обликува праведната зелена транзиција“, во рамки на Социо-еколошкиот форум во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, каде ги претстави локалните политики и конкретните чекори што ги презема општината за енергетската транзиција, заштитата на зеленилото и унапредувањето на јавните простори.

Тој посочи дека општината со формирањето на „Енергија Центар“ во 2023 година, првото општинско претпријатие во државата за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, стана лидер во процесот на енергетската трансформација.

„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Следен објект е ООУ „Димитар Миладинов“, каде по завршувањето на реконструкцијата на покривот ќе бидат инсталирани фотоволтаични централи. Наша цел е до крајот на мандатот сите образовни објекти под надлежност на Општина Центар да добијат фотоволтаични централи“, истакна Герасимовски.

Градоначалникот нагласи дека зелената транзиција подразбира и јавни простори што се пристапни за сите, вклучително и за постарите лица, лицата со попреченост и родителите со детски колички. Затоа, граѓаните треба да бидат вклучени уште во фазата на планирање, а не само да се консултираат откако проектите ќе бидат подготвени.

Општина Центар располага и со Зелен катастар и ГИС-портал, преку кои се евидентира, следи и планира зеленилото врз основа на конкретни податоци. Овие алатки овозможуваат подобар увид во состојбата со зелените површини и поодговорно планирање на нивната заштита и унапредување.

„Зелената транзиција не е само прашање на екологија и енергија. Таа е прашање на еднаквост, достапност и квалитет на живот. Ако сакаме навистина зелен и праведен град, мора да го градиме заедно со граѓаните, а не само за нив“, порача Герасимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер