Бесплатни стоматолошки услуги за 300 социјално ранливи граѓани - Канал 5

Бесплатни стоматолошки услуги за 300 социјално ранливи граѓани

Целта е санирање и постигнување оптимално орално здравје кај лицата од ранливите категории, подобрување на системското (општо) здравје, како и превенција, мотивација и едукација за правилна орална хигиена.

Бесплатни стоматолошки услуги за 300 социјално ранливи граѓани

Стоматолошкиот факултет – Скопје при УКИМ на вкупно 300 социјално ранливи граѓани (150 мажи и 150 жени) ќе им овозможи бесплатни услуги – лекување и екстракција (вадење) на заби, дентални реставрации, ендодонтски третман, протетичка рехабилитација и флуор профилакса. Пациентите најпрво ќе бидат индивидуално, темелно прегледани, а потоа ќе добијат и соодветни термини – кога точно да појдат на Клиниката за да им бидат изведени потребните зафати.

Се работи за проект на Стоматолошкиот факултет што ќе се реализира со поддршка на Градот Скопје и во соработка со партнеритe – ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон’’ и „Интердентал“ Скопје. Целта е санирање и постигнување оптимално орално здравје кај лицата од ранливите категории, подобрување на системското (општо) здравје, како и превенција, мотивација и едукација за правилна орална хигиена.

Сите сеопфатни, превентивни и куративни услуги ќе бидат изведени во рамки на практичната настава на Стоматолошкиот факултет, во новите сали за вежби на студентите, под директна супервизија на наставниот кадар, во наставната база на ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон’’ во Скопје.

Како што вели за МИА професорката од Стоматолошкиот факултет Снежана Пешевска, конечен показател за успешноста на проектните активности ќе бидат здравиот, реставрираниот стоматогнатен систем и вратената убава насмевка на пациентите.

-По селекција на кандидатите, избрани ќе бидат оние што ќе ги исполнат условите на конкурсот, вкупно 300 учесници (150 мажи и 150 жени) од различни возрасни групи. Кај нив ќе биде направен преглед и пополнети ќе бидат почетните податоци во посебно дизајнирано картон-досие. Дијагностиката, планот на терапија, а потоа и извршените стоматолошки интервенции ќе бидат евидентирани во досието, заедно со рентгенграфските записи, фотографиите и клиничките индекси за проценка на оралното здравје (пред и по терапијата). Ако бидат изработени протетички надоместоци, ќе биде прецизиран и нивниот вид, објаснува Пешевска.

Професорката нагласува и дека секој поединец ќе добие средства за одржување орална хигиена, соодветни за условите во неговата дентиција, а предвидена е и едукација за нивна правилна примена. Доколку се оцени, пак, дека има потреба од антибиотска терапија или локални антисептици, и тие ќе се препишат (дадат) без финансиски надомест.

– Директните корисници на проектот ќе добијат потполна реставрација на дентицијата, оптимално здравје на забите и забнопотпорниот апарат, правилна мастикација (џвакање на храната), превенција од нарушувањата на темпоромандибуларниот зглоб и индиректно, со ова, подобро општо здравје. Секако, не помалку значајно е што кај граѓаните од оваа категорија ќе ја вратиме убавата насмевка, постигнувајќи естетика. Едновремено ќе ја подобриме и фонетиката, со што ќе влијаеме на самодовербата и на подобрување на социјалното живеење, потенцира Пешевска.

Според неа, потврдено е дека популацијата со неповолен социо-економски статус има и полошо орално здравје. Токму овие социо-економски нееднаквости во оралното здравје претставуваат голем предизвик за здравствената политика, не само зашто повеќето од нееднаквостите може да се сметаат за неправедни, туку и зашто може да се придонесе за намалување на последиците од оралните заболувања на сиромашните групи, а со тоа и да се подобри состојбата на оралното здравје на населението во целина.

-Лицата кои имаат пониски приходи се и поретки посетители на стоматолошките ординации. Причината за поретката посета на стоматолог не е само цената на стоматолошките третмани, туку и непостоењето навика за посета на стоматолог, што секако е поврзано со образованието. Голем број од лицата со ниски приходи заради преокупираноста со изнаоѓање на сите можни решенија за задоволување на основните животни потреби, не наоѓаат време за посета на стоматолог. Поради тоа, овие луѓе се помалку едуцирани и мотивирани од страна на стоматолозите за одржување орална хигена. Тоа води кон зголемена гингивална инфламација, напредување на пародонталната болест, несанирани кариозни лезии, нефункционален стоматогнатен систем,…, децидна е професорката.

Таа дополнува и дека задоволството на студентите и наставно научниот кадар на Стоматолошкиот факултет од вклучување во пружање стоматолошки услуги на полесно достапен начин и од сеопфатен обем кај социјално ранливата категорија граѓани, ќе биде индикатор не само за општествената корисност и хуманиот аспект на професијата, туку и за унапредување на образовниот процес.

-Развивањето институционална долгорочна соработка од ваков вид на ниво на Град Скопје, а во иднина и на ниво на одделните општини во Скопје, е во агендата на Факултетот, истакнува Пешевска.

Деканот на Стоматолошкиот факултет, професор Ќиро Ивановски смета дека овој проект ќе ги направи далеку подостапни стоматолошките услуги за социјално ранливите граѓани. Како што нагласува, тие се соочуваат со многу проблеми во секојдневното живеење и грижата за оралното здравје не им е приоритет. Стоматолошките интервенции претежно ги бараат при акутни, болни состојби, по чие решавање, генерално, не продолжуваат со санација на целата дентиција. Фактор кој придонесува за ваквата состојба, секако, нагласува деканот, се и финансиските средства за партиципација во еден дел или во потполност – кога станува збор за фиксните стоматолошки протетички изработки.

-Рамноправноста во однос на останатите категории граѓани сметаме дека ќе биде потполно постигната. Сите имаат еднакво право на здравствена заштита, но проблемите во секојдневното живеење ги ставаат превентивните мерки за заштита на оралното и општото здравје далеку од приоритетите кај граѓаните од социјално ранливите категории. Специфичностите на овие категории граѓани поставуваат и потреба од специфичен пристап, но и многу полесно достапна стоматолошка заштита. Приоритет кај оваа популација не е само решавањето на ургентните состојби (болка и акутни дентогени инфекции), туку потполна санација и рехабилитација на стоматогнатниот систем, односно постигнување оптимално орално здравје и едновремена едукација за правилна орална хигиена со која ќе се одржат постигнатите тераписки резултати, како и редовните контролни прегледи, подвлекува деканот.

Во разговор за МИА тој посочува и дека најчесто, за жал, пациентите од социјално ранливата категорија граѓани ги решаваат само ургентните состојби. Остануваат, вели, потенцијалните дентогени жаришта во оралната средина со нарушено здравје, што има свои импликации и врз општото здравје на поединците.

-Со овој проект ќе се обезбеди достапност, координирана, јасно определена тераписка стратегија за секој поединец, која ќе биде остварена преку потполна санација на оралното здравје и протетичко рехабилитирање кога е потребно (мобилни и фиксни протетички надоместоци), што ќе води до оптимално орално и подобрено општо здравје, напоменува Ивановски.

Согласно динамиката на предвидените активности, јавниот повик за учество во проектот ќе биде објавен идниот месец, на веб и фејсбук страниците на Стоматолошкиот факултет и на Градот Скопје, во печатените и електронски медиуми. Претходно е планирана промоција во сите скопски општини преку посета на установи и директни средби со граѓани.

Селекцијата на кандидатите кои ќе ги исполнат условите и ќе учествуваат во проектот ќе биде во септември, а закажувањето на прегледите и нивното спроведување во октомври.

Дел од проектот не може да бидат лица со попреченост кај кои стоматолошките интервенции се изведуваат во кабинетот за општа анестезија и не се предвидени за клинички вежби на студентите, лица со хендикеп кај кои стоматолошките интервенции се изведуваат во приемна амбуланта на приземјето од причина што истите не можат да се упатат на погорните катови и да бидат прифатени на студентските вежби, лица со заразни заболувања (hepatit, HIV и останати) кај кои стоматолошките интервенции се изведуваат во инфективна амбуланта и не се предвидени за клинички вежби на студентите, како и лица зависници од дроги кои исто така се примаат во инфективна амбуланта и не се предвидени за клинички вежби на студентите.

Една од анкетите на Државниот завод за статистика покажува дека според 72 отсто од испитаниците главна причина за непосета на стоматолог е неможноста финансиски да ја платат услугата – сметаат дека услугата е премногу скапа.

Стоматолошкиот факултет годинава веќе реализираше сличен проект, но во соработка со Црвениот крст. Во рамките на оваа координирана активност околу 200 возрасни лица кои физички не се во можност сами да посетат стоматолог, беа згрижени и добија спектар на услуги: лекување и пломбирање кариозни заби, екстракција (вадење) на заби, пародонтална терапија, а дел и протетска рехабилитација. Проектот базиран на Mеморандумот за соработка меѓу двете институции, е се уште во тек, а ги опфаќа и бегалците, вклучувајќи ги и оние од Украина кои ја напуштија земјата поради конфликтот со Русија.

Јавниот повик треба да биде објавен во август, но претходно ќе биде организирана негова промоција во сите скопски општини./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разголена украинска тенисерка се забавува на Ибица (ВИДЕО)

Украинската тенисерка Марта Костјук (24) го привлече вниманието на своите следбеници со објави од нејзиниот одмор на Ибица. 

Разголена украинска тенисерка се забавува на Ибица (ВИДЕО)

„Беше некаде во јули“, напиша таа во описот на објавата.

Младата спортистка сподели неколку фотографии од вечерното излегување, а нејзиниот избор на облека предизвика најмногу коментари.

Блескаше во смел фустан

За излегувањето, Костјук избра црн тесен фустан со прорезови на стомакот и колковите и проѕирни мрежести детали што откриваа дел од нозете. Комбинацијата ја нагласуваше нејзината фигура, а нејзините следбеници не го криеја своето воодушевување во коментарите.

„Воу, изгледаш прекрасно“, „И надвор од теренот си пламен“, „Како ќе се опоравам од ова?“ и „Овој фустан е сè“ се само дел од коментарите што следеа по објавата.

Нејзината пријателка Ева Лис, исто така тенисерка, која ѝ се придружи на патувањето, исто така реагираше на фотографиите. Друштво им правеше и германската манекенка Каролин Даур.

„Дали воопшто смеам да дишам до тебе во тој фустан?“, се пошегува Лис во коментарот.

Успешна сезона на теренот

Најдобрата сезона во нејзината кариера е зад неа. Оваа година, Костјук ја освои својата прва титула во ВТА ​​1000 со триумф на турнирот во Мадрид, каде што ја победи Русинката Мира Андреева во финалето. Пред тоа, таа го освои и турнирот во Руан, а на Ролан Гарос стигна до првото полуфинале на Гренд слем турнири во нејзината кариера.

По одморот на Ибица, се очекува да се врати на тенисот и да се подготви за остатокот од сезоната, вклучувајќи го и настапот на Отвореното првенство на САД.

Тенериски талент од Киев

Марта Костјук е родена на 28 јуни 2002 година во Киев, главниот град на Украина. Таа почнала да тренира тенис како дете и многу рано се пробила во професионалниот свет. Веќе на 15-годишна возраст, го освоила јуниорскиот Отворен турнир на Австралија, што бил еден од првите главни показатели за нејзиниот талент.

Костјук пораснала во спортско семејство - нејзината мајка Талина Бејко исто така играла тенис, а подоцна била нејзин тренер. Таа го имаше своето деби на ВТА турнејата во 2018 година, а вниманието на јавноста го привлече уште кога стигна до третото коло од главниот турнир на Отвореното првенство на Австралија, на само 15 години.

Позната е по својот агресивен стил на игра, моќните удари од основната линија и борбеноста на теренот. Покрај спортските успеси, таа често зборува за својата поддршка за Украина по руската инвазија, поради што одби да се ракува со руски и белоруски тенисерки на турнирите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уби три девојчиња во студио за танц- наместо во затвор, префрлен е во психијатриска болница

Аксел Рудакубана, осуден на 52 години затвор за убиство на три девојчиња и обид за убиство на уште десет лица во Саутпорт, е префрлен од затвор во психијатриска болница.

Уби три девојчиња во студио за танц- наместо во затвор, префрлен е во психијатриска болница

Во јули 2024 година, Рудакубана ги нападнал учесниците на танцова работилница на тема музика од Тејлор Свифт, пишува SkyNews.

Тој се изјасни за виновен за убиството на деветгодишната Алис да Силва Агиар, шестгодишната Бебе Кинг и седумгодишната Елси Дот Стенкомб. Во времето на нападот имал 17 години. Рудакубана вчера бил префрлен од затворот со висока безбедност Белмарш во болницата Бродмур. Министерството за правда соопшти дека префрлањето не влијае на должината на неговата казна.

Семеен адвокат: Обид за манипулирање со системот

Крис Вокер, адвокат од канцеларијата на Бонд Тарнер, кој ги застапува семејствата на убиените девојчиња, рече дека веста е особено тешка за нив бидејќи доаѓа непосредно пред втората годишнина од нападот. Годишнината се слави следната среда.

„Семејствата што ги претставуваме беа известени за ова во последните 48 часа. Веста ќе ги погодеше силно во секое време, но се случи непосредно пред втората годишнина. Веруваме дека ова е уште еден потег на AR кој се чини дека се обидува повторно да го манипулира системот“, рече Вокер.

„Добивме само основни информации. Им даваме поддршка на семејствата и итно бараме состанок со властите за да ја разбереме целата ситуација пред да дадеме дополнителни коментари“, додаде тој.

Трансфер во болница

Сторителите кои претставуваат висок ризик и не можат да останат во затвор поради ментални нарушувања можат да бидат преместени во психијатриски одделенија со висок степен на обезбедување. Таму тие имаат статус на пациенти, а не на затвореници. Трансферот доаѓа откако Рудакубана наводно нападнал судски службеник со топла вода во затворот Белмарш во мај минатата година.

Болницата Бродмур во Беркшир е најстарата од трите болници со висок степен на обезбедување во Велика Британија и во неа биле сместени некои од најозлогласените криминалци во Велика Британија, како што се Рони Креј и серискиот убиец Питер Сатклиф, познат како Јоркширски Мевосек.

Можно враќање во затвор

Според Законот за ментално здравје, службениците на Министерството за правда мора да ја прифатат препораката на клиничките експерти за префрлање на затвореникот во затворен објект.

Затвореник во болница со висок степен на обезбедување мора да учествува во третман и терапија, што е предуслов за какво било разгледување на враќање во затвор или ослободување. Доколку се процени дека повеќе не му е потребен болнички третман, законот дозволува негово брзо враќање во затвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фјури во бизарна борба и пред само 1.500 гледачи го претепа Полјакот Вах

Тајсон Фјури (37) го победи полскиот ветеран Мариуш Вах (46) со технички нокаут по седмата рунда денеск во Тајланд, надминувајќи ја првата пречка на патот до долгоочекуваната пресметка со Ентони Џошуа.

Фјури во бизарна борба и пред само 1.500 гледачи го претепа Полјакот Вах

Британскиот тешкаш беше пресилен за поранешниот предизвикувач за светската титула, чиј корнер ја предаде борбата по седмата рунда.

Ова беше втора последователна победа на Фјури откако се врати од пензија, откако го победи Арсланбек Махмудов на стадионот Тотенхем во април. Сите очи сега се насочени кон Џошуа (36), кој се бори со Албанецот Кристијан Пренг во Саудиска Арабија оваа сабота. Доколку Џошуа победи, тој треба да влезе во рингот со Фјури подоцна оваа година, а Вембли во ноември се споменува како можно место за одржување на натпреварот.

Доминација во бизарна атмосфера

Иако светот на борбите е навикнат „Циганскиот крал“ да ги полни стадионите и да води мултимилионски спектакли, Фјури имаше една од најбизарните борби во неговата кариера. Мечот се одржа на стадионот Макс Муај Тај во Патаја пред само 1.500 гледачи и без телевизиски пренос. Полјакот се мери со повеќе килограми од Фјури на официјалното мерење, што му се случи на 37-годишниот Британец за прв пат по 15 години, но тоа не играше никаква улога во рингот.

„Циганскиот крал“ беше во целосна контрола од самиот почеток на борбата. Пред бучна толпа, Фјури брзо го наметна својот авторитет, користејќи карактеристични финтови и движења со горниот дел од телото, додека го диктираше растојанието со остри удари во главата и телото. Иако Вах се обиде да го зголеми темпото во втората рунда, постојаните финтови и движења на Фјури го нарушија секој негов ритам.

Од третата рунда, борбата стануваше сè поеднострана. Фјури ја презеде целосната контрола, комбинирајќи напади во главата и телото, додека Вах не можеше да најде одговор. Доминацијата продолжи и во средните рунди, а во петтата Фјури го притисна Полјакот на јажињата со серија аперкати. И покрај силните удари, Вах ја покажа издржливоста што го красеше во текот на целата негова кариера. Сепак, на крајот од седмата рунда, неговиот корнер процени дека примил доволно удари и ја предаде борбата.

„Нека Џошуа прво го помине тестот“

По победата, Фјури изненади објавувајќи дека нема да патува во Саудиска Арабија за да ја гледа борбата на Џошуа. „Имав 10-неделен тренинг камп и бев надвор четири месеци пред тоа... време е да си одам дома и да се одморам и се надевам дека ќе можеме да го потпишеме договорот следната недела“, рече Фјури.

Кога беше прашан за локацијата на потенцијалниот меч со Џошуа, тој беше криптичен: „Кој знае каде ќе биде борбата? Ирска, Њујорк, Вегас, Лондон... можеби дури и Патаја во Тајланд“. Потоа му испрати порака на својот ривал: „Ќе видиме дали ќе го помине тестот утре... најголемиот тест од сите е колку му се големи топките, немаше храброст да влезе во рингот и да се соочи со мене, не сум убеден“.

За својот противник, 46-годишниот Вах, Фјури рече: „Мариуш е голем, жилав човек со висина од над 1.80 метри, секогаш велам... во тешка категорија секој може да те нокаутира. Имав една борба за две години, па секако сакав да ги направам рундите, да бидам активен, сето тоа е дел од процесот на активен борец. Тоа значи дека ќе бидам остар и подготвен за борба, кој и да е следен.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер