Бесплатни канти за отпад ќе добијат штипски пензионери со ниски примања, самохрани родители.... - Канал 5

Бесплатни канти за отпад ќе добијат штипски пензионери со ниски примања, самохрани родители....

Бесплатни канти за отпад ќе добијат штипски пензионери со ниски примања, самохрани родители и лица со инвалидетет

Бесплатни канти за отпад ќе добијат штипски пензионери со ниски примања, самохрани родители....

Самохрани родители, пензионери со најниски примања и лица со инвалидитет ќе добијат бесплатни канти за отпад. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски денеска изјави дека согласно одлуката на претпријатието кантите кои ги доби претпријатието од страна на Општина Штип ќе бидат доделени на овие групи граѓани, со цел соодветно да се собира отпадот и да се одлага од страна на претпријатието.

-Од страна на Општина Штип ни се доделени 1.216 канти за домаќинства. Сега во постапка на нашиот Управен одбор и таму имаме предлог таквите садови за одлагање на комунален отпад да бидат доделени на пензионери кои имаат најмали примања, на членови на здруженијата на инвалиди и на самохрани родители, вели Арсовски.

Тој посочи дека поставените контејнери за селекција на отпад не го даваат посакуваниот резултат. Арсовски посочува дека уште треба да се работи на свеста кај граѓаните, со цел отпадот да се селектира и на тој начин да завршува во контејнерите. Во спротивно се соочуваат со проблеми, односно чести дефекти на возилата за собирање на смет.

-Поради тоа имаме чести дефекти на возилата, затоа што многу често во садови за комунален отпад нашите работници наоѓаат градежен шут и некои други типови на отпад кои не соодвестуваат и не можат нашите возила да ги примаат и да ги одложат, изјави Арсовски.

ЈП „Исар“ и понатаму продолжува со веќе започнатите активности и проекти за бесплатно собирање и одлагање на градежниот и кабаст отпад. Задача на граѓаните е само да пријават во кол центарот на претпријатието и да добијат бесплатна услуга.

-ЈП „Исар“ секоја сабота има задолжени екипи со специјални возила кои го одлагаат градежниот и кабастиот отпат. Истото функционира на база на претходно поднесена пријава во нашиот кол центар и нашите екипи секоја сабота излегуваат и морам да напоменам дека бесплатно го собираат и одлагаат кабастиот отпад по барање на граѓаните, рече додава Арсовски.

Кога се во прашање контејнерите за одлагање на текстилен отпад, активностите даваат резулат, а се размислува во иднина да се зголеми бројот на контејнери во кои ќе се одлага текстилниот отпад. Идентично се работи и на проект за зголемување на бројот на подземни контејнери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панел – дискусија за меѓуврсничко насилство – загрижува зголемената бруталност во случаите

Обемот на врсничко насилството не расте, но загрижува фактот што расте бруталноста во дел од пријавените случаи, порача министерката за образование Весна Јаневска, на панел-дискусија на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам“,.

Панел – дискусија за меѓуврсничко насилство – загрижува зголемената бруталност во случаите

Обемот на врсничко насилството не расте, но загрижува фактот што расте бруталноста во дел од пријавените случаи, порача министерката за образование Весна Јаневска, на панел-дискусија на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам“, организирана во Охрид по повод утрешниот Меѓународен ден на младите – 12 Август. Во последните три учебни години, како што кажа, се регистрааат просечно по околу 50 случаи во училиштата.

-Анализите покажуваат дека една од главните причини за врсничкото насилство е семејното насилство, како и недостигот од соодветна грижа за децата во дел од семејствата. Затоа, заедно со МВР, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Комората на психолози, неодамна започнавме иницијатива за надградба на компетенциите на училишните психолози и наставници за препознавање семејно насилство и занемарување преку однесувањето на децата и спречување на нивна понатамошна трансформација во насилство насочено кон врсниците,- - Весна Јаневска- министерка за образование и наука.

Претседателката Сиљановска- Давкова предупреди дека постојаната изложеност на насилство преку медиумите, филмовите и социјалните мрежи го менува начинот на кој тоа се доживува во реалноста.

-Јас понекогаш велам дека можеби ние возрасните, само заради таа фраза „на младите им припаѓа иднината“, ја осиромашуваме сегашноста. Земете ја сегашноста, ако сакате да влијаете врз иднината. Затоа вклучувањето во процесот на одлучување на младите, не само во Собранието, на сите нивоа, во училиштата, е важно,- - Гордана Сиљановска Давкова- Претседател на Македонија.

На средбата во вилата „Билјана“ во која учествуваа младински активисти, ученици, психолози и експерти беше нагласено дека се зајакнуваат и стручните служби преку ангажирање кадар таму каде што недостигал, а се вратени и дежурствата на наставниците за време на одморите во ходниците и училишните дворови, наместо оваа обврска да ја извршуваат ученици.

Во собраниска процедура се и законски измени со кои се предвидуваат парични казни од 250 евра за родителите и старателите на децата за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиштето, но и за родителите кои одбиваат да соработуваат со училишните служби.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превозниците од Балканот на координација во Скопје – ако нема решение до 1 септември, повторно на протести

Сакаме решение на проблемот а не протест – превозниците од Западен Балкан едногласни откако и по неколку месеци од воведувањето на новиот ЕЕС систем.

Превозниците од Балканот на координација во Скопје – ако нема решение до 1 септември, повторно на протести

Сакаме решение на проблемот а не протест – превозниците од Западен Балкан едногласни откако и по неколку месеци од воведувањето на новиот ЕЕС систем – професионалните возачи и натаму се соочуваат со проблеми при влез во земјите од Шенген зоната. Преку писмо до ЕУ бараат оние 90 во последните 180 дена да им се бројат во часови. Очекуваат привремено решение да биде донесено на состоанкот во рамки на ЕУ кој би требало да се одржи на 1 септември на кој ќе се разговара за визната стратегија на ЕУ, во спортивно велат иако несакаат ќе бидат проморени на нови протести и евентуални блокади на граничните премини....

„Ние буквално остануваме без работа ако немаме возачи камионите ќе ни стојат, за да не случи вие како потрошувачи, граѓани да останете без продукти во продавниците, ни е еве да речеме вака нај ние ќе се жртвуваме и ќе застанеме на граничните премини или околу амбасадите на ЕУ и на други делови каде има странски инвеститори. Ако една држава нема сопствен превоз не можеме да зборуваме за раст и развој не економијата... “- Билјана Муратовска – МАКАМТРАНС.

„Ако дојде до протести, минатите протести ги прекинавме поради ветување, овој пат ако излеземе на границите нема да се повлечеме се додека нема конкретно решение односно додека да има имплементација на решението...“ - Џорџе Лешњак - Здружение на превозници на Црна Гора.

„Ние сме веќе во протест, во нашите фирми веќе има протести, тие не се видливи, затоа што 50 % од нашите возачи не сакаат да возат тури. Тие доаѓаат во фирмата, не сакаат да одат на товарење или ако отидат велат нека вози кој сака. Јас не сакам на граница бидејќи никој не ми гарантира дека нема да бидам депортиран, вратен, дека нема да добијам забрана, јас не го сакам тоа...“ - Неџо Мандиќ – претседател на Меѓународното транспортно бизнис здружение Белград .

На ниво на Македонија со овој проблем според здружението засегнати се околу 17 илјади, додека на ниво на Западен Блакан над 100 илјади професионални возачи. Претставниците на превозниците велат доколу останат без работа штетата ќе биде огромна не само за самите возачи и компании туку и за економијата на секоја земја...

Во јануари годинава, превозниците од МАкедонија, Србија, БОсна и Херцеговина, Грна Гора, ги паркираа своите камиони и ги блокаираа граничните премини. Македонските превозници протситраа 4 дена, а протестот беше прекинат со ветување дека надлежните во земјава че се вклучат во решеавање на проблемот, но засега како што велат превозниците трајно решение нема...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Истекува рокот за притворот на Груби – ќе има ли обвинение или тој ќе се брани од слобода?

Обвинение сè уште нема, а се доближува законскиот рок по кој поранешниот вицепремиер може да излезе од домашен притвор. 

Истекува рокот за притворот на Груби – ќе има ли обвинение или тој ќе се брани од слобода?

Доколку обвинителството не подигне обвинение до 22 август, кога истекува актуелната мерка, преистражната постапка ќе може да продолжи, но исходот Груби ќе го чека од слобода.

Обвинителството молчи дали до истекот на рокот ќе донесе конечна одлука, со образложение дека постапува во рамките на законските рокови. Во меѓувреме, растат политичките тензии и меѓусебните обвинувања за тој кој ќе сноси одговорност околу случајот Груби.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во телевизиско гостување во Приштина, изјави дека тој бил тој што побарал од Груби да се врати во Македонија и да се соочи со одговорност доколку злоупотребил неговата доверба:

„Јас бев главниот поддржувач кој побара Артан Груби да се врати во Македонија за да го преземе процесот. Му реков директно: ‘Ако си ја злоупотребил мојата доверба, ќе одговараш.’ Тој се заколна дека ќе работи чесно, а единствениот одговор што ми го даде беше: ‘Работев чесно.’ Јавно побарав, а истовремено вршев притисок врз локалната политика да го пуштат да излезе и да одговори. Но не сакам селективна правда, туку вистинска правда. Мислам дека работите одат добро – првото нешто е да се ослободи од домашен притвор, па да видиме како ќе продолжи." изјави Али Ахмети – ДУИ.

Владејчката ВРЕДИ деновиве обвинува дека истрагата против Груби се води бавно и нетранспарентно. Партијата тврди дека тој знае клучни детали за случајот „Лотарија" и бара Обвинителството јавно да образложи зошто сѐ уште нема обвинение.

На навестувањата дека Груби може да излезе од притвор за десетина дена поради непостоење обвинение, реагираше и СДСМ, оценувајќи дека патот на Груби од свечен пречек со црвен тепих и камери, преку куќен притвор, до најава за целосна слобода не е случаен.

„Артан Груби веројатно наскоро ќе излезе и од куќен притвор, ако обвинителот кој го извади од Шутка не поднесе обвинение во законскиот рок. И сега се поставува логичното прашање: кога Груби ќе биде слободен, дали повторно СДСМ и Венко Филипче ќе бидат прогласени за виновни?", велат од СДСМ.

Според информациите, во досегашниот тек на постапката Груби и неговата одбрана се запознаваат со доказите, а неофицијално, по неколку месеци од враќањето неодамна конечно бил спроведен да даде исказ пред јавниот обвинител.

Заедно со Груби, осомничени за злоупотреба на Државната лотарија се и поранешниот директор Перпарим Бајрами кој е сè уште во бегство и неколку други лица.

Според обвинителството, штетата надминува 8 милиони евра, а делото носи затворска казна од најмалку 4 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер