Ќуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд
1Ќуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд
3Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
ЗдравјеБесплатни дерматолошки прегледи во Градскиот парк по повод борбата против рак на кожаВо организација на Здружението на дерматовенеролози на Македонија денеска во Градски парк во Скопје ќе се одржи настан под мотото „Да се заштитиме од Сонцето, да спречиме рак на кожа!" со бесплатни дерматолошки прегледи. Со ова Здружението ќе се приклучи кон активностите на Европската академија на дерматовенеролози и дерматовенеролозите од ЕУ за превенеција од ракот на кожа. На настанот најавени се обраќања на заменик министерот за здравство доц. д-р Владимир Рендевски, претседателот на Здружението на дерматовенеролози на Македонија проф.д-р Андреј Петров и проф. д-р Сузана Николовска, директорка на ЈЗУ Универзитетската Клиника за дерматологија – Скопје. Ракот на кожата е меѓу најчестите и најоптоварувачките видови на рак во Европската Унија. Во 2020 година, на над 106.000 граѓани на ЕУ им бил дијагностициран меланом што го прави шести најчест вид на рак и една од дваесетте најчести причини за смрт од рак, се посочува во заедничката изјава на Европската академија на дерматовенеролози потпишана од претседателите на дерматолошките асоцијации од Европа, меѓу кои и од Здружението на дерматовенеролози на Македонија. – Кератиноцитните карциноми (кои вклучува карциноми на базалните клетки и сквамозните клетки) се далеку најраспространети од сите видови на рак и додека не се опасна по живот во повеќето случаи, може значително да влијаат на квалитетот на животот на пациентот. Голема загриженост е тоа што кератиноцитните карциноми се најбрзо растечките карциноми, а инциденцата се очекува да продолжи да расте (за над 40% до 2040 година), претставувајќи огромен предизвик за здравствените системи. Ова не мора да биде случај, бидејќи ракот на кожата е дел од 40 проценти од карциноми што може да се спречат и чија инциденца би била значително намалени доколку се прифатат посвесни и поодговорни однесувања, стои во заедничката изјава. Европскиот план за борба против ракот е важна можност да се здружат силите кон развој на соодветна ЕУ политика и регулаторна рамка за справување со ракот на кожата. Со цел да се подобри превенцијата од рак на кожата низ Европа, организациите потписнички ја повикуваат Европската комисија да дејствува на неколку области каде се потребни дополнителни мерки и тоа: подобрување на разбирањето, едукацијата и свеста за рак на кожата и спроведување интервенции засновани на докази за промени на однесувањето и воведување мерки за заштита на граѓаните на ЕУ од прекумерна изложеност на природно и вештачко УВ зрачење. Се бара и препознавање на ракот на кожата како професионална болест и спроведување мерки за заштита од УВ зраците за работниците на отворено, подобрување на регистрацијата на случаите на рак на кожата низ Европа за откривање на ризчните групи и подобрување на раното откривање на рак на кожа со целен скрининг на високоризичните групи. Беспланите дерматолошки прегледи ќе се вршат во Градскиот парк на платото кај споменикот на Гоце Делчев од страна на доктори дерматолози од приватниот сектор и државните клиники. При тоа ќе биде делен и едукативен материјал за граѓаните. Настанот е отворен за сите граѓани и општествено одговорните компании кои работат во оваа област, без надоместок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЌуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на судНајостро демантирам дека сум сопственик, содружник или лице со специјални овластувања во компанија која добила државен тендер од било која државна институција, ниту во време на Влада на СДСМ, ниту сега. Јас сум пензионер, кој како машински инжењер има уставно загарантирано право хонорарно да биде ангажиран од приватна компанија. Компанијата која за дневно политички цели ја споменува Венко Филипче е странски инвеститор кој отворил фабрика во Македонија во 2019 година кога Зоран Заев е премиер. За ова мое тврдење го ставам целиот свој личен кредибилитет и одговорност. Недостатокот на демократски капацитет да се слушнат политички критики не се покрива со дрски манипулации. Ако не му кажале на Филипче, јас сум основач на СДСМ и носител на партиската книшка број 17. Погрешно се пресметал дека може мене да ме претстави како нов вмроовец. Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд, се наведува во демантот на Никола Ќуркчиев, поранешен генерален секретар на СДСМ. Ќуркчиев реагира на наводите на Филипче во емисијата „Само интервју“ , во кое наведе дека тој годинава добил тендер од 1,6 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаПод пустината во Кина се пронајдени големи извори на вода Геолозите открија два големи извори на вода под кинеската пустина Синџијанг. Откритието би можело да му обезбеди на северозападниот регион вреден нов ресурс за проекти за контрола на песок и земјоделство, објавија кинеските медиуми. Пустинскиот регион привлече внимание поради обемните напори за пошумување и опустинување на неговите периферии како дел од иницијативата „Голем зелен ѕид“, како и промените во врнежите што го трансформираат сушниот западен дел од Кина, објави SCMP. Откритието на подземните води е направено за време на проект за пребарување вода во пустината Такламакан, спроведен од локалното геолошко истражување во автономниот регион Синџијанг Ујгур. Наодите го оспоруваат општоприфатеното мислење дека под површината на пустината лежи само застоена и солена вода.Тагови: пустина извори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!Соединетите Американски Држави наскоро ќе отворат воена база во Полска, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена база во Полска“, напиша тој. Недолго потоа, неговата објава беше споделена од Белата куќа на официјалниот профил на мрежата X. Оваа објава следи по претходните информации дека САД ќе го намалат бројот на своите војници стационирани во Германија. Дел од тие сили треба да го зајакнат источното крило на НАТО во соседна Полска.Тагови: Доналд Трамп Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook