Бесплатна музичка работилница со Горан Алачки во Крушево - Канал 5

Бесплатна музичка работилница со Горан Алачки во Крушево

Од 24 до 26 јуни годинава во Спомен-домот на Тоше Проески ќе се одржи втората бесплатна работилница за млади музичари, која ќе ја раководи маестро Горан Алачки. Младите ќе имаат можност три дена да работат со својот ментор, а резултатите од нивната заедничка работа ќе бидат презентирани на завршниот концерт кој ќе се одржи на платото пред Спомен-домот. Специјален гостин на концертот ќе биде македонската поп пејачка Елена Ристеска, која ќе исполни неколку свои песни и песни од репертоарот на Тоше.

Бесплатна музичка работилница со Горан Алачки во Крушево

- Наша цел беше преку овој проект на еден креативен начин да ја продолжиме благородната мисија на нашиот Тоше Проески, кој многу се залагаше за своите млади колеги, за младите музичари, за нивна едукација и усовршување, рече на денешната прес-конференција министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Наша заложба, додаде, беше на овој начин да ја збогатиме нашата регионална сцена со нови, талентирани млади изведувачи кои ќе имаат можност да се здобијат со непроценливи искуства од македонските најреномирани уметници и ѕвезди.

- Сите учесници на работилницата ќе имаат можност да научат специфични техники на музицирање на еден од најкомплексните инструменти, кој е застапен во традиционалната и класичната музика и последните години станува се популарен и меѓу помладите генерации. Маестро Алачки е изведувач со извонредна техника и креација и уверена сум дека младите музичари, како минатата така и оваа година ќе имаат ментор со непроценливо искуство, со непроценливо знаење, уметник кој македонското фолклорно наследство го афирмираше низ целиот свет, рече Канческа-Милевска. Додаде дека досега Спомен-домот на Тоше Проески го посетиле повеќе од 280.000 гости од целиот регион.

Министерката за култура потсети дека лани во Крушево се одржа исклучително успешна работилница со македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски и неговиот асистент Христо Мулар, кои го поделија своето знаење со младите луѓе. Се одржа и завршен концерт на учесниците на работилницата кој беше насловен „70 гитари за Тоше“ и од кој произлезе и видео запис, кој на социјалните мрежи го видоа повеќе од 130.000 луѓе. По повод одржувањето на првата работилница се изработи и документарен филм.

Иво Јанковски од продукциската куќа „Трето уво“ потенцира дека се залагаат за културни настани и во другите градови, а не само во Скопје и Охрид.

- Сметаме дека Спомен-домот на Тоше Проески и градот Крушево се едно од најинтересните и најубави, но се уште недоволно откриени места во Македонија. Не постои поидеално место во Македонија од Спомен-домот на Тоше, кој во иднина би можел да прерасне во регионален, музички едукативен центар на Балканот, рече Јанковски. Тој посочи дека пријавувањето за работилницата е се уште во тек и ги повика сите заинтересирани да се пријават.

Маестро Горан Алачки информира дека првпат како ментор прави работилница на македонско тло на која ќе се слави македонската музика.

- Првпат ќе имате можност да слушнете како звучи поп и рок музика изведена на инструментот хармоника. Тоа ќе бидат интересни аранжмани, на кои се уште работам, рече Алачки.

Директорката на Спомен-домот на Тоше Проески Елена Мирческа нагласи дека се домаќини на многу манифестации, од едукативен, хуманитарен и музички карактер. Работилницата, како што рече, е исклучителна чест за градот Крушево, за националната установа и уште една можност да покажеме на дело за несебичноста и отвореноста за соработка и гостопримливост.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проговори пилотот, кој го спасувал Шумахер по несреќата- откриени се нови детали за трагедијата

Пилотот на хеликоптерот кој помогна во спасувањето на Михаел Шумахер по сериозната несреќа при скијање во француските Алпи, за прв пат јавно проговори за деталите од драматичната операција што се случи на 29 декември во Мерибел.

Проговори пилотот, кој го спасувал Шумахер по несреќата- откриени се нови детали за трагедијата

Јаник Даинезе, тогашниот пилот на хеликоптерот за итни случаи на SAF Hélicoptères, откри дека го знаел идентитетот на повредениот човек пред полетувањето. Затоа, од самиот почеток беа воведени посебни мерки на претпазливост, а на членовите на екипажот им беше кажано да ги отстранат микрофоните и GoPro камерите за да избегнат снимање што би можело да ја загрози приватноста на легендарниот возач на Формула 1.

Дополнително обезбедување беше присутно и на местото на несреќата. Луѓето што го придружуваа Шумахер се погрижија областа да биде затворена и никој да не може да снима фотографии или видеа што подоцна би можеле да протечат во јавноста.

Даинезе ја опиша и атмосферата за време на летот, нагласувајќи дека во хеликоптерот владеела целосна тишина бидејќи сите биле фокусирани на задачите што ги имале.

- Секако, го чувствував притисокот внатре. Луѓето го обожаваа како бог, иако не бев фан на Формула 1 - рече пилотот.

Летот до Универзитетската болница во Гренобл траел околу 25 минути, по што Шумахер бил предаден на лекарите.

Дајнезе открил дека подоцна, за време на вториот лет до истата болница, сфатил колку вниманието на јавноста било насочено кон легендарниот спортист. Кога пристигнал, нашол автобуси, црвени знамиња и голем број луѓе, а болничкиот комплекс го потсетил, како што рекол, на патека од Формула 1.

Случајот останал под строга тајност со години. Минатата година, тројца мажи беа осудени во Германија за обид за уцена на семејството Шумахер, користејќи снимки направени по несреќата.

Од неговата фатална несреќа на скијање, семејството на легендарниот возач строго ја чува неговата приватност, а информациите за неговата здравствена состојба речиси никогаш не стигнуваат до јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украинските напади драстично ги намалуваат руските нафтени капацитети

Според два извори од индустријата, украинските напади со беспилотни летала врз руските рафинерии го намалиле капацитетот на Русија за преработка на нафта за приближно 30 отсто.

Украинските напади драстично ги намалуваат руските нафтени капацитети

Украинските удари врз руските рафинерии дополнително ги отежнуваат напорите на Москва да се справи со недостигот на гориво на домашниот пазар, и тоа во време кога Русија продолжува да испорачува дизел на меѓународните пазари, согласно договорот со американскиот претседател Доналд Трамп.

Украина ги зачести нападите врз руските рафинерии од крајот на октомври, откако пропадна предложениот договор за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура.

Значителен пад

Според извори од индустријата и официјални претставници, во текот на изминатата недела, украинските напади го попречиле работењето и предизвикале вонредни ситуации во девет од 35-те големи руски рафинерии.

Извори од индустријата наведуваат дека вкупниот дневен капацитет на руските рафинерии погодени од напади со беспилотни летала од крајот на октомври – вклучително и три големи постројки во централна Русија – изнесува приближно 300.000 тони (2,2 милиони барели). Ова е во контекст на вкупниот примарен капацитет за преработка на нафта во Русија, кој изнесува околу 930.000 тони дневно.

До крајот на октомври, руските рафинерии преработувале приближно 700.000 тони (пет милиони барели) сурова нафта дневно, наведуваат изворите.

Според проценките на изворите, реалното намалување на преработката на сурова нафта во руските рафинерии би можело да достигне и до 200.000 тони дневно. Меѓу погодените постројки се рафинериите во Рјазањ, Јарослављ и во областите долж реката Волга.

Постојани напади

Гувернерот на Ленинградската област изјави дека во понеделникот, во ноќен напад, украински беспилотен летало ја погодило рафинеријата за нафта „Кириши“ – втората по големина во Русија – при што избувнал пожар. Тој додаде дека во нападот загинала една жена.

Во напис објавен во вторникот во рускиот дневен весник „Комерсант“, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Украина ги игнорира повиците на Трамп за прекин на нападите врз руските енергетски цели.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека Киев продолжува со нападите врз цели поврзани со рускиот нафтен сектор, како одговор на руските напади врз енергетските капацитети. Тој посочи дека украинските електрани, енергетските мрежи, системите за греење и водоснабдување се под постојан напад и дека Москва одбива да ја намали ескалацијата.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Власта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен ред

Предлог законот за јавни набавки попладнево стаса на дневен ред во Собранието, откако владеачкото мнозинство го отрфли предлогот на СДСМ тој да биде повлечен.. 

Власта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен ред

Дејан Трајкоски е во Парламентот..

Дејан, откако вчера претседателката Сиљановска стави вето на еден член од предлог законот, мнозинството експресно реагираше...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер