Бесплатен паркинг во Скопје за 1 Мај, освен на одредени локации - Канал 5

Бесплатен паркинг во Скопје за 1 Мај, освен на одредени локации

По повод Меѓународен ден на трудот, денеска дел од паркиралиштата во Скопје се бесплатни за користење.

Бесплатен паркинг во Скопје за 1 Мај, освен на одредени локации

Од ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар и ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информираат дека бесплатен паркинг ќе важи за отворените јавни паркиралишта, додека наплатата ќе продолжи на затворените локации со автоматски систем.

Редовно ќе се наплаќа паркирањето на „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“, како и во зоната А0 Водно, катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ и паркиралиштата кај Кочо Рацин, Градска болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и Клинички центар „Мајка Тереза“.

Надлежните најавуваат дека редовниот режим на наплата ќе продолжи од 2 мај, со вообичаено работно време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нов ценовен шок, Мицкоски најавуваше намалување а цените на горивата поскапеа

Наместо поевтини горива, како што ветуваше Мицкоски граѓаните се соочуваат со нов ценовен шок. 

СДСМ: Нов ценовен шок, Мицкоски најавуваше намалување а цените на горивата поскапеа

Горивата повторно драстично поскапеа. Со последните две поскапувања дизелот е поскап за над 11 денари и сега чини 94 денари за литар.

А мерки за заштита на стандардот на граѓаните нема.

Секоја негова најава за намалување доведува до нов раст на цените. Граѓаните веќе се плашат од неговите најави за „мерки“.

Ова второ последователно големо поскапување за само една недела, ќе значи и нов бран на поскапување на храна, превоз и услуги.

Секој ден е нов ценовен шок. Додека народот се прашува како ќе го преживее месецот, Мицкоски нема намера да го заштити животниот стандард.

Повторно нема никакви конкретни мерки - ниту за работниците, ниту за пензионерите, ниту за земјоделците, ниту за социјално ранливите.

Луѓето го бројат секој денар за живот. Платите, ниту просечната, ниту минималната не стигнуваат за да се протурка месецот.

Минималната потрошувачката кошничка повторно е скоро 70.000 денари

Само за храна и пијалаци на едно четиричлено семејство му се потребни над 25.000 денари месечно. Ако се додаде и кирија за стан од 60 квадратни метри, трошоците се 83.873 денари.

Тоа е реалноста со Мицкоски и неговата ВМРО -ОКГ - за нив луксуз и тендери, за граѓаните трошки.

Во Македонија секој ден е борба за преживување, математика за како да се купи храна, како да се платат сметки, како родителите да ги издржуваат своите деца - животот е се потежок.

Каква трета економија во Европа, вистината е дека Мицкоски и неговата Влада системски го уништија стандардот на граѓаните, а економијата ја донесоа пред колапс.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Во услови на глобална неизвесност ребалансот ги засилува капиталните инвестиции и го поддржува економскиот раст

“Ребалансот на Буџетот ќе обезбеди редовна исплата на платите, пензиите, социјалните надоместоци и сите останати обврски што државата ги има кон граѓаните.

Димитриеска-Кочоска: Во услови на глобална неизвесност ребалансот ги засилува капиталните инвестиции и го поддржува економскиот раст

Ребалансот на Буџетот за 2026 година не е последица на проблеми со јавните финансии, туку претставува развоен документ со кој се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции, поддршка на граѓаните и натамошен економски раст во услови на зголемена неизвесност на светските пазари, геополитички ризици и ценовни притисоци, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Плусинфо.

Владата преку ребалансот на Буџетот за 2026 година обезбедува стабилност на јавните финансии, се обезбедува редовна исплата на сите законски обврски на државата, а истовремено се зголемуваат средствата за капитални инвестиции, земјоделство, социјална заштита, образование, спорт и локален развој.

“Ребалансот на Буџетот ќе обезбеди редовна исплата на платите, пензиите, социјалните надоместоци и сите останати обврски што државата ги има кон граѓаните. Сепак, во услови на веќе обезбедени стабилни буџетски приходи и јавни финансии, акцентот сега го ставаме на капиталните инвестиции. Инвестициите што денес ги реализираме во патишта, железници, енергетика, образование, здравство и комунална инфраструктура, ќе создадат повисока економска активност, нови работни места и подобар животен стандард“, истакна министерката.

Во интервјуто Димитриеска-Кочоска посочи дека ребалансот е усогласување со променетите економски околности и новите законски обврски, а не резултат на недостиг на приходи или нарушена ликвидност.

“Потребата од ребаланс произлезе од променетите економски околности во текот на годината. Геополитичките случувања, растот на цените на енергенсите и промените на меѓународните пазари влијаеја врз одредени буџетски проекции. Како одговорна Влада, наша обврска е тие проекции навремено да ги усогласиме со реалната состојба. Истовремено, во меѓувреме произлегоа и дополнителни законски обврски, пред сè поради потпишаните колективни договори, како и потребата од дополнителна поддршка за земјоделството, социјалната заштита и општините. Но, она што најсилно го карактеризира овој ребаланс е определбата за инвестиции.

Одлучивме средствата да ги насочиме таму каде што ќе создадат најголема додадена вредност за економијата. Затоа велам дека ова не е кризен ребаланс, туку развоен ребаланс“, нагласи министерката.

Осврнувајќи се на собраниската расправа, министерката оцени дека прифаќањето на аргументирани амандмани, меѓу кои и оние за поддршка на жените земјоделки, национална СОС линија и два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство, покажува дека Владата останува отворена за конструктивни предлози што се во интерес на граѓаните.

Таа додаде дека позитивните економски показатели – растот на БДП од 3,1 проценти во првиот квартал, зголемените странски директни инвестиции, растот на градежништвото, услугите и извозот – се потврда дека македонската економија останува стабилна и дека политиките што ги спроведува Владата даваат резултати. Според неа, ребалансот создава услови за продолжување на инвестицискиот циклус, одржување на фискалната стабилност и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Скопје го гради својот најголем еколошки штит!

Проектот кој со децении претставуваше неопходност и надеж за Скопје, денес забрзано се гради и станува реалност.

Ѓорѓиевски: Скопје го гради својот најголем еколошки штит!

Пречистителната станица за отпадни води е најголемиот и најсовремен еколошки проект во Македонија. Станува збор за комплексен инфраструктурен зафат кој опфаќа изградба на околу 60 објекти и кој ќе донесе историска промена во заштитата на реката Вардар, животната средина и здравјето на граѓаните.

По првичниот застој, предизвикан од незавршени административни процедури, неусвоени детални урбанистички планови, нерешена експропријација на земјиштето и задоцнети плаќања кон изведувачот, денес изградбата се одвива со забрзана динамика и во согласност со предвидениот работен план.

Речиси 40 проценти од градежните работи веќе се завршени.

„Пречистителната станица е нашиот најголем еколошки штит и проект од историско значење за Скопје. Со нејзината изградба ќе ставиме крај на долгогодишното загадување на Вардар со непречистени отпадни води и ќе создадеме поздрава и побезбедна животна средина за сегашните и за идните генерации“, истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Согласно договорот склучен меѓу ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и изведувачот, завршувањето на градежните активности е предвидено во првата половина на 2028 година. Потоа ќе следуваат две години пробна работа, која треба да заврши во првата половина на 2030 година.

Реализацијата на овој капитален проект значи почист Вардар, поздрава животна средина, повисоки еколошки стандарди и посигурна иднина за генерациите што доаѓаат.

Најголемиот еколошки проект во Македонија забрзано напредува, затоа што Скопје заслужува чиста, модерна и европска иднина.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер