Бесими: Замрзнувањето на цените на основните прехрамбени производи е времена мерка

Замрзнувањето на цените на основните прехранбени производи, според министерот за финансии Фатмир Бесими, треба да се гледа како времена мерка. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

МФ:Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност одржа седница за зголемување на цената

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност одржа седница за зголемување на премијата.

Министерството за финансии (МФ) во врска со донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност, денеска ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница со цел да ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки. Притоа, како што информира, заклучи, в понеделник на нова седница да разгледа Извештај од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Истовремено, врз основа на добиеното известување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), која е регулатор на осигурителниот сектор, Министерството денеска се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата.

-Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата на Република Македонија согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот (Службен Весник на Република Македонија бр. 88/05, 70/06, 81/08, 47/11, 135/11, 112/14 и 145/15) ја сочинуваат членови од Министерството за финансии, Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. Односно утврдување на премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што гг утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување, наведува МФ.

При тоа посочуваме дека техничката премија којашто е дел од премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата, останува непроменета. Со донесените одлуки од страна на осигурителните друштва, кои се доставени до Агенцијата за супервизија на осигурувањето на 23 април 2024 година, а со примена од 25 април 2024 година, е извршена корекција на цената во делот на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци).

Министерството вчера беше информирано од АСО, како регулатор на осигурителниот пазар во земјата, дека мнозинството друштва за осигурување донеле одлуки и доставиле известување до Агенцијата за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност на 23 април 2024 година со примена од 25 април 2024 година, а со интервенција во делот на премијата за вршење на дејноста осигурување (режиските трошоци) кои осигурителните друштва самостојно ја утврдуваат.

Зеленски: Светот мора да изврши притисок врз Русија за да избегне катастрофа во Запорожје

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот треба да изврши притисок врз Русија да ја врати нуклеарната централа Запорожје под целосна украинска контрола за да се избегне катастрофа со радијација во централата.

Зеленски овој апел го упати на социјалните мрежи по повод 38-годишнината од катастрофата во нуклеарната централа Чернобил.

- Радијацијата не познава граници или национални знамиња. Катастрофата во Чернобил покажа колку брзо може да се појават смртоносни закани. Десетици илјади луѓе ја ублажија катастрофата во Чернобил по цена на сопственото здравје и животи, елиминирајќи ги нејзините ужасни последици во 1986 година и годините потоа, истакна тој.

Во исто време, Зеленски потсети дека пред две години нуклеарната централа Чернобил беше под руска окупација 35 дена. „Руските војници ги ограбуваа лабораториите, ги заробија чуварите и го малтретираа персоналот, го искористија за да започнат понатамошни воени операции“, рече Зеленски.

- Веќе 785 дена руските терористи ја држат во заложништво нуклеарната централа Запорожје. Одговорност на целиот свет е да изврши притисок врз Русија за да се осигура дека ЗНПП ќе биде ослободена и вратена под целосна украинска контрола, како и дека сите украински нуклеарни постројки се заштитени од руски напади, нагласи украинскиот претседател.

Според него, тоа е единствениот начин да се спречат нови катастрофи со радијација, кои се закануваат да се случат се додека „руските окупатори се присутни во Запорожје“.

- Се сеќаваме на посветеноста на луѓето кои спасија животи во 1986 година. Ги цениме сите што помагаат да се спасат животи во моментов, рече Зеленски.

Обвинителството во Подгорица отвори предмет против Мило Ѓукановиќ

Вишото државно обвинителство во Подгорица отвори предмет во врска со интервјуто на поранешниот претседател на Црна Гора и ДПС Мило Ѓукановиќ.

Станува збор за интервју за Радио Антена М од Подгорица, во кое Ѓукановиќ последните апсења на неговите најблиски соработници ги нарече политички реваншизам и го спореди со крвна одмазда.

По детална анализа на интервјуто, Вишото државно обвинителство по потреба ќе преземе и други мерки и дејствија со цел да донесе одлука за евентуално сторено кривично дело, информираат за црногорските медиуми од Вишото обвинителство во Подгорица. /МИА

притисни ентер