Бесими: Високиот ранг на Индексот за активна транспарентност потврда за заложбите - Канал 5

Бесими: Високиот ранг на Индексот за активна транспарентност потврда за заложбите

Високото рангирање на Министерството за финансии помеѓу државните институции според Индексот за активна транспарентност за 2021 година, е потврда за нашите заложби за континуирано подобрување на фискалната транспарентност.

Бесими: Високиот ранг на Индексот за активна транспарентност потврда за заложбите

Ова го напиша министерот за финансии Фатмир Бесими на својата Фејсбук страна.

Министерството за финансии е второ на листата од министерствата според активна транспарентност, а четврто од сите државни институции, и бележи скок од 9,2 процентни поени во однос на минатата година со 94,4 од можни 100 проценти.

-Наш главен фокус е креирањето подобар систем на јавни финансии, што ќе води кон раст на економијата и подобар квалитет на живот за сите граѓани. Индексот на активна транспарентност потврдува дека нашите постојани активности за подигање на фискалната транспарентност даваат резултати и во таа насока ќе продолжиме и во иднина, пишува Бесими.

Министерството за финансии, како што нагласува, има креирано повеќе алатки за фискална транспарентност. Фискалниот бројач, кој на дневна основа ги прикажува буџетските приходи, расходи и капитални расходи, нивната реализација во однос на планот, како и месечни податоци за државниот долг. Календарот на даночна регулатива, каде се објавени сите планирани промени на даночната регулатива до крајот на годината, со што на бизнис заедницата и на јавноста им се овозможува поефикасно и поефективно да ги планираат своите активности. Порталот „Отворени финансии", кој овозможува преглед на сите исплати од Трезорот. Веб апликацијата „Граѓански буџет", која на едноставен начин покажува како се крои буџетот, на кој начин се полни и како се трошат распределените средства. Платформата „Јавен долг" каде може да се следи состојбата на долгот, неговото движење по години, раздолжувањата, повлекувањата за тековната година, како и финансирањето на истиот. Алатката „Капитални расходи", која покажува колку од капиталните расходи предвидени со Буџетот секоја институција има реализирано досега – како процент од планираното и апсолутен износ, како и колку треба да се реализира до крајот на годината.

-Со објавувањето на сите овие информации значајно се подобрува фискалната транспарентност, а со тоа се креира и подобар систем на јавни финансии. Кога граѓаните и компаниите се добро информирани и знаат како јавните институции ги трошат средствата собрани од даноците, тие можат да се вклучат во процесот на планирање, да бараат одговорност од институциите, како и да прават притисок трошењето да се прави на поефикасен начин, пишува министерот.

Индексот за активна транспарентност покажува колку институциите објавуваат информации на сопствена иницијатива, без притоа да има доставено барање за пристап до тие информации. Активната транспарентност на државните институции е подобрена за 5 процентни поени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!

Потресното сведоштво на мајка за насилството што го преживеало нејзиното дете во училиште повторно го отвора прашањето: Кој ги штити децата додека насилството станува нивно секојдневие?

ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!

Пред години, Либерално-демократската младина ја започна кампањата „Свирни против булинг“, предупредувајќи дека врсничкото насилство не е детска игра, не е фаза на растење и не смее да се премолчува!

Предупредувавме, баравме превенција, едукација и институционална реакција. Но нашите апели не добија соодветен одговор.

Денес повторно слушаме сведоштва за деца што трпат понижување, физичко и психичко насилство. А каде се институциите? Каде се механизмите за заштита? Кој презема одговорност?

Нема оправдување за насилството! Нема оправдување за премолчувањето! И нема простор за уште една празна институционална изјава дека „се работи на случајот“!

ЛИДЕМ бара итно:

* Надлежните институции да го испитаат пријавениот случај и да обезбедат заштита на детето.

* Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да спроведат контрола на постапувањето по пријавите за врсничко насилство.

* Во секое училиште да функционира јасен, достапен и доверлив механизам за пријавување и заштита.

* Да се обезбеди психолошка поддршка за жртвите и системска превенција, со вклучување на родителите, наставниците и учениците.

* Јавно да се соопштат преземените системски мерки и роковите за нивно спроведување, со целосна заштита на приватноста на децата.

Не бараме одмазда меѓу деца. Бараме одговорност од возрасните и институциите што се должни да ги заштитат!

Доста е со кампањи само на хартија, протоколи во фиоки и реакции дури откако нечие дете ќе преживее траума!

ЛИДЕМ повторно го крева гласот и повикува на конкретна институционална акција. Ниту едно дете не смее да се плаши да оди на училиште!

Пред години свиревме за да го спречиме насилството. Денес прашуваме: ДАЛИ НЕКОЈ ВООПШТО НЀ СЛУШАШЕ?

СВИРНИ ПРОТИВ БУЛИНГ! НЕ МОЛЧИ ПРЕД НАСИЛСТВОТО!

Либерално-демократска младина

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

СДС под водство на Филипче доживеа политички дебакл. СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје.

Бројките и фактите се најдобриот показател за состојбата во која се наоѓа СДС која на чело со Филипче се претвори во партија без политичка визија, без убедлива понуда и без капацитет да се наметне како сериозна алтернатива помеѓу граѓаните.

Филипче под менторство на Заев ја претвори СДС во партија која се радува на порази.

На Филипче и СДС им посакуваме уште многу вакви „успеси“ четврти и петти места, славење на поразите и се помала поддршка од граѓаните, се наведува во пшартиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција мобилизира 70.000 полицајци пред новиот бран протести

Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска.

Франција мобилизира 70.000 полицајци пред новиот бран протести

Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска, а властите се загрижени за можно повторување на нивото на насилство видено минатиот викенд.

Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез објави дека масовното присуство на полицијата треба да спречи насилство и грабежи. Тој рече дека 70.000 полицајци и жандармериски персонал ќе бидат распоредени низ цела Франција.

Нуњез додаде дека имало бројни повици за насилство и грабежи, кои, според него, биле пораки од демонстрантите.

Голем број протести беа забранети, а рутата на маршот беше променета во Париз

Министерот за внатрешни работи рече дека голем број демонстрации веќе се забранети. Собирите ќе бидат дозволени ако организаторите обезбедат обезбедување, „и под услов, се разбира, тие да не се одржуваат на места каде што може да има грабежи, нарушување на јавниот ред и слично“.

Во Париз, маршот што го објавија синдикатите беше дозволен, но рутата беше променета. И покрај ограничувањата на демонстрациите во саботата, полицискиот час во чувствителните области на градовите остана на сила, рече Нуњез.

Младите луѓе протестираат со недели барајќи подобри услови во училиштата. Во текот на изминатиот викенд, други групи им се придружија на нивните протести во бројни градови, вклучувајќи ги и оние против високите трошоци за живот. На маргините на протестот избувнаа сериозни конфликти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер