Бешлиоска: Медицинските сестри не се вклучени во донесувањето закони, - Канал 5

Бешлиоска: Медицинските сестри не се вклучени во донесувањето закони,

Ќе извршиме меѓународен притисок врз здравствените власти, вели Бешлиоска.

Бешлиоска: Медицинските сестри не се вклучени во донесувањето закони,

Медицинските сестри не се вклучени во донесувањето на законите, а ги дадоа предлозите, работеа на тоа и беа во работните групи во кабинетите на сите министри за здравство досега, изјави денеска претседателката на Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки, стоматолошки сестри предводени од Здружението „За нас“, Гордана Бешлиоска, која рече дека веќе нема да дозволат и натаму да бидат маргинализирани при носењето закони во сопствената држава, ќе извршат меѓународен притисок врз здравствените власти и ќе ги повикаат здруженијата на пациенти да им помогнат.

- Ова е преседан кој не можеме да го надминеме. Да не бидете во процес на сопствен закон, да не бидете на јавна расправа, да ве застапуваат формални луѓе заминати во пензија со години, кои на 1-ви си ја добиваат пензијата и им е гајле за сестрите кои гинат внатре во болниците. Доста е веќе, истакна Бешлиоска, реагирајќи што вчера не биле поканети на презентацијата на 12 закони од областа на здравството, што ја организираше Министерството за здравство.

Таа посочи дека по нивната реакција вчера дека не биле поканети на презентацијата на 12 закони од областа на здравството, денеска биле поканети на средба со министерот за здравство Азир Алиу на која им било кажано дека е направен административен пропуст.

- Не можат медицинските сестри да бидат административен пропуст, ниту трошок, ниту бројки. Дегутантно е да дојдете во ситуација да слушнете ваква информација. Ние ништо не уценуваме. Така беше сфатена нашата реакција, како уцена. Ако досега уценувавме целиот период наназад немаше да дојдеме доваква маргинализација на сестринската професија. Иако зборуваме за тоа дека Унијата на здруженијата на медицинските сестри го донесе меѓународниот свет на сестринството минатиот викенд на Конгресот во Струга, каде сме гласот во меѓународното креирање на политиките за сестрите, замислете какво ни е чувството кога сте маргинализирани за носењето закони во сопствената држава. А имате сестри кои се на ниво помошник на лекар, нешто што веќе не го признава некоја, рече Бешлиоска.

Нашите медицински сестри, посочи таа, мора да ја имаат вертикалата на кариерниот развој која ја побарува директивата ии во сето она што го уредува образовниот процес на сестрите.

- Незнам по кој пат законот сме го работеле во работни групи, им го доставививме и вчера да имате повикани формални луѓе. Го побарав од министерот и му кажав дека едно од најголемите барања во овој момент е советодавно место на медицинска сестра во Министерството, сектор. Да не слушаме вакви приказни дека правникот пропуштил, тој пропуштил, нас тоа не не интересира. Ние сме најголема бројка во здравствениот систем, што треба да направиме да ги оставиме пациентите во болниците и да излеземе на улица. На културен и професионален начин си ги бараме своите права. Дојдовме во ситуација да не бидеме повикани на јавна расправа, да не сме дел од групите, и да испратиме се што треба и најболното е што се им подготвуваме, се ќе испратиме не само сега на сите и после тоа тие ќе го прифатат во работата, а сестрите повторно маргинализирани. Воопшто не не спомнуваат дека ние го направивме тоа, појасни Бешлиоска.

Таа истакна дека прелеана е чашата и ќе извршат меѓународен притисок врз здравствени власти.

- Ќе ги покренеме и здруженијата на пациентите со кои сме вмрежани бидејќи со сите имаме потпишано договори и треба да ни помогнат. Мора медицинските сестри да го добијат своето место со цел подигнување на вредноста на пациентите. Одредени луѓе кои со години се провлекуваат во работата на овие закони беа повторно таму повикани. Дајте да ги видиме резултатите, да видиме што некој сработил досега. Не може медицинските сестри да прегоруваат во болниците, а ние да имаме незадоволни пациенти. Еден ден сите без исклучок ќе бидеме пациенти. Бараме сериозно образование на сестрите, сериозно пресликување на нивните компетенции во болниците. На ваков начин тоа не може така да биде, медицинските сестри ќе се одлеваат и натаму и ќе дојде време кога нема кој да не лекува и кога нема да има сестри за да се јават на конкурсите, рече Бешлиоска.

Нагласи дека медицинските сестри се незадоволни немаат здрава работна околина, безбедносни услови на работа, вреднување и валоризација на трудот и признавање на образованието. Кој пациент не сака да го лекува високо образувана медицинска сестра, кој пациент сака да кружи околу него сестра и да вика јас имам високо образование, ама ме плаќаат со средно образование, праша Бешлиоска. Таа посочи дека пациентот сака нега и сестрата да ги исполни работните задачи.

Според неа, не може наутро десет пациенти да ги нахрани една медицинска сестра или да ги услужи, а треба три да бидат околу нив во елективните одделенија, не може во интензивните неги наместо на еден пациент да има една сестра, да има една сестра на шест, седум пациенти.

- И сестрите имаат недостатоци, тоа ќе го направи законот, кој го бараме и за законски рамки и обврски кои ќе казнуваат по основ на се или нешто. Можеше ли да ја земат на одговорност сестрата на Онкологија за грешката, не, па таа нема линценца, по кој основ ќе одговара. Дали видовте години наназад нешто да се помрдне за медицинските сестри. Имавме многу средби со овој министер и жал ми е што и самиот тој е затечен и преземал ригорозни мерки кон сите тие кои не си ја извршиле работата како што треба. Донесе одлука веднаш се што е пропуштено во целокупниот процес наназад да се вратат нештата за да може да бидеме вклучени и во сите 12 закони и во наредните закони кои се носат, меѓутоа ние побаравме од него сето тоа да биде преточено преку сектор за сестринство, рече Бешлиоска.

Одговарајќи на новинарско прашње таа истакна дека сме единствената земја во регионот каде нема закон за медицинските сестри, а кога немате закон немате лиценца и немате одговорност, нема основа на што да се одговара.

- Докторите имаат закон за здравствена заштита во кој се опишани по сите основи, а сестрите во само два до три члена, како што е недостоинствено. Или во моментот веднаш се потребни дополнувања на анекси и изменување на Законот за здравствена заштита за структурно да се постават некои работи или законот за сестринството мора да се донесе без оглед дали е донесен законот за лекарите, додаде Бешлиоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пукотница, па експлозија во Шпанија- загина полицаец, друг остана без нога, настрада и полициско куче

Шпански полицаец и куче трагачи беа убиени денеска, додека друг полицаец изгуби нога откако бомба скриена во ранец експлодираше по пукањето.

Пукотница, па експлозија во Шпанија- загина полицаец, друг остана без нога, настрада и полициско куче

Полициските службеници беа повикани на локација во северниот град Овиедо по пријави за пукање по семејна расправија, за време на која 17-годишно девојче беше тешко повредено, објави Дејли Меил.

Полицијата и членовите на единицата за деактивирање експлозивни направи пристигнаа на местото на настанот, каде што пронајдоа ранец со експлозивна направа, за која се сомневаше дека ја оставил напаѓачот, пред влезот во зградата.

Додека полицајците ракуваа со уредот, се случи експлозија, при што загина еден човек, локално идентификуван како Хуан Хозе, член на Специјалната кучешка единица.

Тригодишен германски овчар по име Дани, кој му помагал за време на операцијата, исто така загинал во експлозијата, соопшти Националната полиција на Шпанија.

Повредениот полицаец беше член на единицата за деактивирање експлозивни направи. Откако ја изгуби едната нога, неговата состојба остана критична.

Тинејџерката повредена во пукањето останува во болница, но повеќе не е во критична состојба.

Полицијата соопшти дека сè уште се обидува да го пронајде осомничениот, 64-годишен шпански државјанин за кој се вели дека има долго криминално досие, објави шпанскиот весник „Ел Паис“. Властите ја исклучија можноста за терористички мотив.

Сопругата на осомничениот веќе е уапсена како дел од полициската истрага. Властите наводно го блокирале подрачјето каде што се случила експлозијата додека се обидуваат да соберат повеќе информации.

Националната полиција на Шпанија изрази сочувство за смртта на Хуан Хозе, велејќи во соопштението:

„Нашите мисли се со неговото семејство, пријателите, колегите и сите најблиски до него“.

Тие додадоа дека му посакуваат на повредениот полицаец „брзо закрепнување“.

Шпанскиот премиер Педро Санчез се огласи на социјалните мрежи за да го изрази својот „длабок шок“ поради смртта на службеникот на Националната полиција.

„Нема зборови што можат да ја ублажат болката на неговото семејство и колегите“, напиша тој.

„Им ја испраќам целата моја љубов и мојата целосна поддршка на тешко повредениот полицаец. Вашата посветеност и храброст заслужуваат благодарност од целата земја“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција

„Имено со овој амандман предлагаме членот 13 да се избрише и амандманот се предлага во врска со укажувањата на претседателката на републиката. “

Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција

„Овој закон директно се носи заради новонастанатите услови во светот по геополитичката реалност и заради тоа што се нефункционални сегашниве услови на законот. Ова е неколку пати овој закон да се менува од кога ова владеачко мнозинство е во Собранието, и претходниот пат за првпат во историјата беше искористен инструментот антикорупциска проверка и сето она коешто антикорупциската комисија го достави до Собранието ние го прифативме и го внесовме.

Така да со бришењето на овој член комплетно ги прифаќаме указите од претседателката и сметаме дека непречено овој закон може да продолжи во својата постапка да биде усвоен и да го олесниме системот и да го направиме попрактичен, позаконски, потранспарентен и поцелоисходен за целата државна управа“, рече Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието.

Стојаноски истакна дека измените на Законот за јавните набавки се дел од Реформската агенда и имаат за цел унапредување на системот преку воведување дигитални алатки и вештачка интелигенција, со што ќе се подобри процесот на јавни набавки, ќе се намалат ризиците од корупција и злоупотреби и ќе се поттикне реализацијата на инфраструктурните и другите проекти.

„Овој закон е дел од Реформската агенда, активност којашто треба да се спроведе. Се дополнуваат надлежностите на бирото за јавни набавки во делот на дигитални алатки и вештачка интелигенција како инструменти за подобрување на процесот на јавни набавки и намалување на ризиците од корупција и други злоупотреби. Зошто на крајот од денот се носи овој закон? За да се поттикне реализацијата на проектите и оваа држава да оди напред.

Еве ова е Државен завод за статистика градежништво. Тука можете да видите споредба помеѓу 29 квартали на СДС и 8 на ВМРО-ДПМНЕ, сега да видите која е разликата и зошто овој закон се менува. Кога ќе ги соберете сите 29 квартали на СДС, 14 се негативни, 15 позитивни, ВМРО-ДПМНЕ 8 квартали, 8 позитивни. Плус 14,1 просечен квартален реален раст на градежништво, а СДС во 29 квартали минус 0,2. Има вештачка интелигенција, има усогласување со планот за раст и на крајот од денот има логички работи коишто ќе го подобрат системот на распишување на тендери на јавни набавки“, дециден е Стојаноски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проговори пилотот, кој го спасувал Шумахер по несреќата- откриени се нови детали за трагедијата

Пилотот на хеликоптерот кој помогна во спасувањето на Михаел Шумахер по сериозната несреќа при скијање во француските Алпи, за прв пат јавно проговори за деталите од драматичната операција што се случи на 29 декември во Мерибел.

Проговори пилотот, кој го спасувал Шумахер по несреќата- откриени се нови детали за трагедијата

Јаник Даинезе, тогашниот пилот на хеликоптерот за итни случаи на SAF Hélicoptères, откри дека го знаел идентитетот на повредениот човек пред полетувањето. Затоа, од самиот почеток беа воведени посебни мерки на претпазливост, а на членовите на екипажот им беше кажано да ги отстранат микрофоните и GoPro камерите за да избегнат снимање што би можело да ја загрози приватноста на легендарниот возач на Формула 1.

Дополнително обезбедување беше присутно и на местото на несреќата. Луѓето што го придружуваа Шумахер се погрижија областа да биде затворена и никој да не може да снима фотографии или видеа што подоцна би можеле да протечат во јавноста.

Даинезе ја опиша и атмосферата за време на летот, нагласувајќи дека во хеликоптерот владеела целосна тишина бидејќи сите биле фокусирани на задачите што ги имале.

- Секако, го чувствував притисокот внатре. Луѓето го обожаваа како бог, иако не бев фан на Формула 1 - рече пилотот.

Летот до Универзитетската болница во Гренобл траел околу 25 минути, по што Шумахер бил предаден на лекарите.

Дајнезе открил дека подоцна, за време на вториот лет до истата болница, сфатил колку вниманието на јавноста било насочено кон легендарниот спортист. Кога пристигнал, нашол автобуси, црвени знамиња и голем број луѓе, а болничкиот комплекс го потсетил, како што рекол, на патека од Формула 1.

Случајот останал под строга тајност со години. Минатата година, тројца мажи беа осудени во Германија за обид за уцена на семејството Шумахер, користејќи снимки направени по несреќата.

Од неговата фатална несреќа на скијање, семејството на легендарниот возач строго ја чува неговата приватност, а информациите за неговата здравствена состојба речиси никогаш не стигнуваат до јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер