ФудбалБеше шампион на Европа, со Јунајтед победи во ЛШ, а сега доаѓа во МакедонијаВистинска трансфер бомба пристигнува од Македонија. Гостивар, тимот кој минатата сезона заврши на деветтото место во шампионатот, е во завршна фаза од преговорите со легендарниот Португалец Нани (37).Веста ја објави порталот Макфудбал, а истиот извор пишува дека до крајот на работата останува само да се решат ситните детали и дека Нани е задоволен од финансиските услови. Нани во своите златни времиња беше еден од најдобрите офанзивци во Европа, а во дресот на Манчестер Јунајтед освои дури 12 трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2008. Сер Алекс Фергусон го донесе во 2007 година од Спортинг за 25 милиони евра. Нани осум години настапуваше за тимот од Олд Трафорд, а потоа се пресели во Фенербахче. Потоа го облече дресот на Лацио, Валенсија, се врати во својот Спортинг, а беше и во Америка каде настапуваше за Орландо. Пред две години беше член на Венеција, а потоа и на австралиски Мелбурн. Неговиот последен ангажман беше во Адана, Турција. Во дресот на португалската репрезентација одигра 112 натпревари и постигна 23 гола. Пред осум години беше европски првак со Португалија. Трансфермаркт го проценува на 200 илјади евра, пренесе Индекс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
МакедонијаГолем пожар на плац на автобуската компанија во близина на селото Тркање, кочанскоГолем пожар избувна утрово на плац со гаражи и автобуси во близина на селото Тркање, предизвикувајќи сериозна материјална штета. Огнената стихија избувнала околу 9 часот во објектот на компанијата, кој се наоѓа во месноста Цацков Бунар, во непосредна близина на бензинска пумпа . Со брза интервенција на протипожарните единици од Кочани и Виница пожарот е изгаснат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаради климатските промени расте интересот за одгледување маслинки во МакедонијаКлиматските промени кои ни се веќе реалност која ја живееме а кои со себе носат потопли и посушни лета и се поблаги зими покрај проблемите за земјоделците носат и придобивки. Една од тие придовки со затоплувањето е ширењето на насадите под маслинки во Македонија, кои досега беа карактеристични само за медитеранските продрачја а сега веќе границата драстично се поместува. Засега овие насади во помал број се подигаат во јужните региони во земјава, Дојран, Гевгелија, Валандово но според науката за тоа каде успешно може да се одгледуваат маслинки не треба да се гледа регионот туку важни се многу фактори поврзани со микро локацијата. Пред 20 тина години во Македонија имаше голем инересот за подигање на маслинови насади но најголемиот дел од нив измрзнаа зимата 2001/2002 поради долгиот период со многу ниски температури. Маслинката иако е исклучително способна за регенарација и нејзината долговечност од 100 години па дури има записи за маслинови дрва стари и до 2000 години сепак може да измрзне ако се работи за млади садници. Затоа препораката на стручните лица е да се засадуваат трогодишни садници и уште најмалку две години да се заштити нивното стебло од можно мрзнење за потоа да немаат проблеми, нешто што го потврдуваат и земјоделците кои веќе 20 години имаат маслинки кои ги одгледуваат во Македонија. Маслинката за која расте интересот за нејзино ширење нуди нови можности за македонското земјоделство. Макеоднија е целосно увозно зависна од трпезни маслинки како и од увоз на маслиново масло кое заради начинот на здрава исхарана станува се побарано, заради што немаат маслинките проблем со пласманот. Но освен производство и преработка маслинките нудат и можнсот за развој на агро руралниот туризам за кој доста од странците кои ја посетуваат земјава се заинтересирани. Тагови: маслинки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВтор круг од предвремените избори за градоначалник во БрвеницаВо општина Брвеница се одвива гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од предвремените избори.Според Државната изборна комисија гласањео почнало навреме во седум часот а во првите два часа гласале 3,98 отстои од запишаните избирачи, што е повисока излезност од 1,52 отсто во споредба со првиот круг. До 11 часот излезноста била 13,82 отсто, што за 4,71 процент во однос на првиот круг.. Во Брвеница е Михајло Видимлиски. Михајло како се одвива гласањето, и колкав е одзивот од гласањето според последните информации од ДИК? Kога ќе биде следната прес конференција на ДИК, и кога може да се очекуваат последните информации околу излезноста? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Брвеница ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook