Беше најсекси жена на светот со идеални пропорции, а сега е сменета (ФОТО) - Канал 5

Беше најсекси жена на светот со идеални пропорции, а сега е сменета (ФОТО)

Веќе 15 години британската манекенка, актерка и ТВ водителка Кели Брук суверено ја носи титулата секс симбол, со која за неколку дена ќе го прослави својот 41 роденден.

Беше најсекси жена на светот со идеални пропорции, а сега е сменета (ФОТО)

Имено, во 2005 година, за прв пат, на 25-годишна возраст, според изборот на ФХМ, таа е прогласена за најсекси жена во светот, а во меѓувреме мина низ неколку раскинувања, спонтан абортус, но и борба против вишокот килограми.

Но, иако многумина се сомневаа дека титулата убавица ќе трае кратко, фантастичниот изглед остана до денес. Со текот на годините, Брук, од 1998 година, се најде на скоро секоја листа од сто најубави жени, а фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи зборуваат за тоа дека таа ќе биде долго на тронот, а како додаток велат дека истото списание ја прогласило за победник повторнож во 2016 година

Дека не ја краси само убавина, тоа покажа објавувајќи ја нејзината автобиографија „ Close up“, која беше вклучена во списокот на бестселери на „Сандеј тајмс“. Таа исто така глумеше во неколку филмови како што се ,,Absolon", "Fishtales", "Piranha 3D", "Keith Lemon: The Film" и "Taking Stock",, а во САД е позната по улогата во ситкомот „ One Big Happy“.

Во секој случај, истражувачите од Универзитетот во Тексас врз основа на податоците за нејзините мерења заклучиле дека девојката од Кент е совршено во скоро секој поглед. Имено, Кели е висока 168 сантиметри, а таа е позната по своите пропорции 99-63-91.

Со текот на времето, таа прилично се опушти и се зголеми за неколку броеви, но, како што рече, на почетокот не ги забележала вишокот килограми, но ја истакнале фотографите на кои морала да го вовлече стомакот на црвениот тепих.

Таа за списанието „Хелоу“ изјави дека првично била во шок, но тоа ја поттикнало повторно да започне да работи на нејзиното тело. За рекордно време, таа паднала од конфекциски број 44 на 40, што го носи и денес, а токму нејзините облини, според мислењето на многумина, ја прават совршена.

Дека нема комплекси, Кели покажа пред неколку дена кога го прошета своето кученце Теди во Лондон во негламурозно издание, без шминка и фризура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)

Девет лица загинаа во пад на приватен авион во округот Палм Бич, Флорида. Авионот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Се урнал на прометна сообраќајница, при што се создал длабок кратер и избувнал голем пожар.

Деветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)

Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил насобирање мраз на авионот. Потоа упатил повик за помош, предупредувајќи дека леталото брзо ја губи висината. Според податоците од следењето на летот, авионот изгубил 27 илјади стапки за една минута. Во областа имало и бури, но не е познато дали тие придонеле за несреќата. Околу 600 жители од блиската населба биле евакуирани поради оштетувањата. Несреќата ја истражуваат американските воздухопловни власти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Во понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - Кисми

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Состојки за денешниот рецепт:

1500 гр. свинско филе

1 кг. свежи печурки буковки

200 гр. путер

100 гр. сенф

150 гр. мед

500 мл. кисела павлака

сол, бибер

лук во прав

италијанска (тајланска) мешавина

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Мицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка.

Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина.

Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ.

Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ.

Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт.

Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем.

Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза.

Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда.

Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско.

Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер