Беше четврти рекет на светот, а сега го брани Киев - Канал 5

Беше четврти рекет на светот, а сега го брани Киев

Многу активни и поранешни украински спортисти се приклучија на одбраната на својата татковина откако Русија ја нападна Украина.

Беше четврти рекет на светот, а сега го брани Киев

Меѓу нив е Андреј Медведев, легендарниот украински тенисер кој беше четврти играч на АТП ранг листата во 1994 година.

„Легендата на светскиот тенис е подготвена да остане во Киев и да го чека непријателот. Неверојатно ми е драго што го гледам капитенот на украинската репрезентација Андреј Медведев. Патриот на Украина“, напиша пензионираниот украински тенисер Серхиј Стаховски на Инстаграм и објави фотографија со неговиот сонародник.

Медведев во кариерата освои 11 АТП турнири, а најголем успех на Грен слем во 1999 година беше кога играше во финалето на Ролан Гарос, губејќи од Американецот Андреа Агаси во пет сета, иако првите два сета ги доби со 6-1 и 6: 2.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почувствуван земјотрес во Гостивар и околината

Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Почувствуван земјотрес во  Гостивар и околината

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5.

Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Д-р: Даниловски: Сега не може да се каже дека ова е врвот на епидемијата на Западен Нил

Епидемиологот доктор Драган Даниловски за Канал 5 вели дека Македонија веќе се наоѓа во засилена трансмисија на Западен Нил, но не може да се каже дали ова е врвот на епидемијата..

Д-р: Даниловски: Сега не може да се каже дека ова е врвот на епидемијата на Западен Нил

Смета дека околу 80 проценти од заразените се асимптоматски..

Целиот разговор на Сања Трајковска Ставров со епидемиологот доктор Драган Даниловски погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холивудска ѕвезда од 90-тите забележана по подолг период во јавноста

Холивудската актерка Бриџит Фонда ужива во своите пензионерски денови далеку од Холивуд.

Холивудска ѕвезда од 90-тите забележана по подолг период во јавноста

Бриџит Фонда била забележана неделава во Лос Анџелес, за време на едно од своите ретки појавувања во јавноста.

Пензионираната 62-годишна актерка е фотографирана како излегува од ресторан во друштво на асистентката .

Бриџит на себе има обична маица на риги и црни панталони и воопшто не неликува на онаа русокоса убавица од деведесетите година на минатиот век.

Фонда ретко се појавува во јавноста откако го напушти Холивуд пред повеќе од дваесет години.

Ѕвездата на филмот *Single White Female* се појавува многу ретко во јавноста а, најголемо медиумско внимание привлече нејзиното излегување со сопругот Дени Елфман.

Тоа се случи кога беа фотографирани заедно за првпат по 16 години, по враќањето од патување во Лос Анџелес. Таа се омажи за поранешниот фронтмен на бендот „Оинго Боинго“ (Oingo Boingo) во 2003 година.

Една година подоцна, парот објави дека Фонда очекува дете, а својот син Оливер го добија на почетокот на 2005 година. Актерката, позната и по улогата во *Кум 3* (The Godfather Part III), се повлече од глумата за да се посвети на одгледувањето на својот син, кој сега има 21 година.

Бриџит Фонда потекнува од познато актерско семејство; таа е ќерка на Питер Фонда, внука на Џејн Фонда и внука на Хенри Фонда. Во 2023 година, таа му изјавила на еден папарацо дека нема намера да се врати на глумата бидејќи е „прекрасно да се биде обичен граѓанин“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер