Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ТенисБеше 13. на АТП листата, а сега фрла бомби со дрон (ВИДЕО)Александр Долгополов, некогаш светски познат тенисер, се бори во украинската армија во војната против Русија.Поранешниот 13-ти тенисер во светот моментално е пилот на дронови со кои фрла бомби врз руски цели. На своите социјални профили тој сподели видео на кое вежба бомбардирање со дрон. „Праксата прави совршенство. А коментарите на моите другари се бесценети“, напиша Долгополов. Пензионираниот украински тенисер има 36 години, а во кариерата освоил три шампионски титули - Буенос Аирес во 2017 година, Вашингтон во 2012 година и Умаг во 2011 година. Кога Русите ја нападнаа украинската територија, најуспешниот украински тенисер се приклучи на украинската војска и се откажа од тенисот. „Војната е огромен хаос. Тенисот некако ме подготви за војна. Мора да бидеш смирен под притисок и да реагираш брзо и прецизно, да донесеш правилни одлуки. Не паничам, многу техники во тенисот можат да се применат и во војна. Погрешните одлуки во војната можат да чинат животи“, рече Долгополов во претходно интервју. Practice makes perfect. Comments of brothers in arms = priceless😅🫡🇺🇦 pic.twitter.com/DTgJfGplkd — Alex Dolgopolov (@TheDolgo) January 31, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПрво место за Дивна Пешиќ Грозданов на натпреварот за најдобри апстрактни експресионистиНајдобри апстрактни експресионисти во светот: Пешиќ Грозданов, Чуан, Мофат, Ривас, Џон, Скопелити, Филичкин, Орантас, Бренан И Александрова / 2026 Американски уметнички наградиУметници од 69 земји се натпреваруваа на АМЕРИКАНСКИТЕ НАГРАДИ ЗА УМЕТНОСТ 2026, каде што на 20 од најценетите галерии во САД им беа испратени слики преку интернет за да ги оценуваат во цртеж, сликарство, скулптура, дигитална уметност и фотографија. Над 300-те победнички дела, од 1-во до 6-то место (и нерешени) во сите 50 категории, ќе бидат прикажани во претстоен филм и 75 статии. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд ЕУ пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаницаНа почетокот на следнава недела од Европска Унија пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница заради која досега се угинати околу 10 илјади овци.Веднаш ќе се поделат по ветеринарните амбуланти за на територијата на цела Македонија да започне вакцинацијата која нема да донесе забрана за извоз на нашето јагне за пазарите на Европската Унија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПредизборен молк во Србија пред клучните избори во недела Завршни предизборни митинзи во соседна Србија која во недела се подготвува за најнеизвесните избори во последните 14 години. Под реден број еден на гласачкото ливче е коалицијата предводена од владеачката Српска народна партија, насловена „Александар Вучиќ - Обединета Србија“. Својот завршен митинг Вучиќ го оддржа во спортската сала „Ранко Жеравица„ во Белград, а негови поддржувачи вчера излегоа на улиците и во други градови низ Србија. „Да се подготвиме во недела, пенкало во раката, да го заокружиме она што е потребно и да ги победиме. Да ги победиме и да им пружиме рака вечерта после тоа, но никогаш да не заборавиме она низ кое поминавме. Да не заборавиме како ни ја рушеа државата, и секогаш да ја чуваме и браниме и да ги учиме нашите поколенија за тоа. Напред Белград, да живее Белград. Да живее Србија. Одиме да ги победиме!“ Околу 150 000 граѓани вчера вечер се собраа на централниот градски плоштад во Белград – Славија, во поддршка на протестното младинско движење кои на гласачкото ливче настапуваат под број 3 - „Студентска листа - Студентите победуваат“.Голем дел од 250-те кандидати на Студентската листа кои се кандидираат за парламентот се дел од српската академска и научна фела, или пак се сметаат за политички аутсајдери. „Пратеничката функција е одговорна јавна функција. Оној што ја добива мора да знае кому му одговара. Знаеме кому ќе одговараме. Нашите мандати ќе бидат во вашите раце, во рацете на народот! Затоа, едно е без сомнение – 25 октомври Србија победува, бидејќи знаете зошто. Затоа што кој победува – студентите победуваат!“ 18 изборни листи се натпреваруваат за 250 места во српскиот парламент. Гласањето ќе се одвива на вкупно 8.392 избирачки места, од кои 93 се во странство во 37 земји, меѓу кои и Македонија, 60 избирачки места се на територијата на она што Србија го нарекува автономна покраина Косово и Метохија, додека пак во Босна и Херцеговина ќе бидат отворени 27 избирачки места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook