Николоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула
2Николоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула
3Николоски: Имаме договори со Хрватска, Швајцарија и Романија,во октомври очекувам договор со Словенија
Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
1Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
3Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан
КултураБеседата „Чувај се себеси“ “ ќе ја добие наградата „Григор Прличев“Беседата „Чувај се себеси“ “ на авторот под шифра: „1111“ ќе ја добие наградата „Григор Прличев“ за 2025 година.Беседата насловена „Чувај се себеси“ на авторот пријавен под шифра „1111“ е избрана за најдобра на Конкурсот што во чест на охридскиот поет и преродбеник го распишува Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. Од пристигнатите осум беседи на конкурсот комисијата ја издвои посочената беседа поради нејзината уметничка, јазична и естетско – етичка вредност. На Конкурсот што се организира на државно ниво, право на учество имаа сите млади автори на возраст меѓу 15 и 30 годиини. Авторот на наградената беседа треба да го докаже својот идентитет и авторство со примерок од творбата испратен на [email protected] Наградата за најдобра беседа во вредност од девет илјади денари ќе му биде врачена на 6 февруари на манифестацијата „Прличеви беседи“ во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Легендарниот Федерер пристигна на Балканот: Погледнете каде ужива во својот одморЕден од најдобрите светски тенисери во историјата, сланвиот швајцарски тенисер Роџер Федерер ужива во заслужената пензија.Годинава, швајцарската ѕвезда го избра хрватската крајбрежје за летен одмор со семејството – дестинација што му ја препорачаа неговиот поранешен тренер и близок пријател, Иван Љубичиќ. Судејќи според фотографиите што ги сподели со своите повеќе од 15 милиони следбеници на Инстаграм, поранешниот светски рекет број еден престојува во Истра, поточно во областа на Пула и Ровињ. Швајцарскиот ас објави фотографии од крајбрежјето во Ровињ, од прошетките и пливањето во Јадранското Море, а се пофали и со интересните сувенири и магнети што ги пронашол таму. – Сакам времето за одмор да го поминувам со семејството – напиша Федерер покрај објавените фотографии. Покрај крстарењето со луксузен брод, Швајцарецот покажа дека во слободното време ужива и во едноставни активности, како што е возењето велосипед. Неговото пристигнување на хрватското крајбрежје привлече големо внимание во регионот, а на социјалните мрежи уследија бројни позитивни реакции и пораки за добредојде од локалното население и од фановите.Тагови: Роџер Федерер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВРЕДИ: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување?Обвинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето.Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале. „Приказни за мали деца“, вели народот. Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија“ и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски. Не случајно Бујар Османи, кој чека во низок старт, пласира прашања и теми со кои директно или индиректно го адресира Груби. Улогата на Ислам Абази е многу важна за идните разврски во ДУИ, каде што очајно се обидуваат да создадат впечаток во јавноста дека ја контролираат ситуацијата, иако таа одамна им е надвор од контрола. Односно, од тоа што прозборел Артан ќе зависи кој ќе оди курбан. За Ахмети допрва доаѓаат тешки времиња. Угоре високо, удолу длабоко!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула Промовиран новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула Заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски на скопскиот аеродром заедно со претседател на Управниот одбор и Извршен директор за воздухопловна навигација во Националaната македонска навигација М-НАВ Владимир Ристески денеска го промовираа новиот АТМ-систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула Скопје. Ресорниот министер рече дека оваа година има рекорден број на летови . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook