Бесант: Приходите од царини се речиси 100 милијарди долари - Канал 5

Бесант: Приходите од царини се речиси 100 милијарди долари

САД собраа речиси 100 милијарди долари приходи од царина, објави вчера секретарот за финансии Скот Бесант.

Бесант: Приходите од царини се речиси 100 милијарди долари

-Се приближуваме до 100 милијарди долари. Мислам дека годишните приходи би можеле да достигнат 300 милијарди долари, рече Бесант во интервју за американската телевизиска мрежа Фокс Бизнис кога беше прашан за моменталното ниво на приходи од царина.

Бесант претходно посочи на можноста за достигнување на 300 милијарди долари приходи до крајот на годината. Сè уште не е јасно на кој конкретен период мислеше секретарот за финансии на САД кога ја спомена бројката од речиси 100 милијарди долари. Бесант нагласи дека приходите од царина се зголемија во јуни, но без да прецизира конкретна бројка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Мора да имаме демократски капацитет, ако сакаме да ја имаме довербата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски , се обрати на трибината на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски: Мора да имаме демократски капацитет, ако сакаме да ја имаме довербата

Мицкоски се обрати на настанот по повод 15 септември - Меѓународниот ден на демократијата во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓаните воодушевени: Работници асфалтирале погрешна улица, ја сфатиле грешката по 350 метри

Во Илмајоки, во финската покраина Јужна Остроботнија, дел од патот бил асфалтиран по грешка, иако работата на тој дел воопшто не била планирана.

Граѓаните воодушевени: Работници асфалтирале погрешна улица, ја сфатиле грешката по 350 метри

Изведувачот ја забележал грешката дури откако бил отстранет стариот асфалт и ја известил општината за тоа, пишува Yle.fi. Сепак, било одлучено да се заврши работата, и тоа по малку пониска цена од првично договорената.

Новиот асфалт бил нанесен на улицата Ојанперантие, во близина на центарот на Илмајоки, во должина од нешто повеќе од 350 метри.

Техничката комисија одлучила да ги покрие трошоците, кои изнесуваат околу 30.000 евра, од средства наменети за проекти за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Овој непланиран дополнителен трошок нема да ја загрози имплементацијата на другите делници чие асфалтирање веќе било планирано во програмата.

Општина Илмајоки изјавила за Yle.fi дека грешката, меѓу другото, се должи на промената на името на улицата.

Веста за случајот го привлече вниманието на медиумите кон неколку стотици метри пат во мирна станбена област, што го натера техничкиот директор на општина Илмајоки, Паво Перела, да се обрати до јавноста, велејќи дека делницата привлекла позитивно внимание кон општината.

„Сега имаме улица која е национално многу важна поради својот асфалт“, се пошегува тој, коментирајќи го интересот на медиумите.

Перела, сепак, не верува дека она што се случило била грешка во вистинската смисла на зборот. Тој вели дека станува збор за забуна или еден вид позитивна случајност, но во никој случај не било ништо лошо.

„Ова е ситуација во која сите добиваат. Жителите, општината, а можеби дури и изведувачот кој ја направил забуната, имале корист“, рече Перела.

Мамихентије, улицата која првично требаше да се асфалтира, исто така доби нова асфалтирана површина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се трага по 129 луѓе од превртениот ферибот во Индонезија, најмалку шестмина загинаа (ВИДЕО)

Индонезиските власти ја засилија потрагата по 129 лица кои се водат како исчезнати откако траект се преврте во бури во Јаванското Море во неделата. Најмалку шест лица загинаа во несреќата.

Се трага по 129 луѓе од превртениот ферибот во Индонезија, најмалку шестмина загинаа (ВИДЕО)

Тракетот „Вирго Транспорт 8“ превезувал повеќе од 240 лица кога капетанот издал повик за помош, велејќи дека бродот се навалува во бурно море со бранови високи до три метри поради силни бури. Траектот пловел од Сурабаја, покраина Источна Јава, до Банџармасин, покраина Јужен Калимантан, на островот Борнео.

Контактот со траектот бил изгубен околу 2 часот наутро во неделата, а властите биле известени околу два часа подоцна дека бродот се превртел во водите на Масалембо, во Јаванското Море, на околу 92 милји (148 километри) од Банџармасин, објави Асошиејтед Прес.

Снимките објавени од Националната агенција за пребарување и спасување во неделата го покажаа превртениот ферибот како плови во бурно море додека хеликоптер го бараше исчезнатиот човек.

Нуркачи и подводни дронови во потрага

Во понеделник, во потрагата беа вклучени 17 бродови и авиони, со околу 655 припадници на војската, полицијата и другите служби, изјави Мохамед Сијафи, раководител на Националната агенција за пребарување и спасување.

Властите, исто така, распоредија специјализирани подводни тимови, како и подводни термални дронови управувани од морнарицата, за да го засилат пребарувањето и да го забрзаат пребарувањето и евакуацијата на жртвите.

„Сè уште се надеваме дека ќе најдеме повеќе преживеани“, рече Сијафи за време на видео брифинг.

Спасувачките екипи, со помош на блиските реморкери и други бродови што минуваа низ областа, спасија 108 лица во неделата, додека шест тела беа пронајдени.

Според податоците од бродот, фериботот превезувал 243 лица - 213 патници и 30 членови на екипажот, иако во Индонезија е вообичаено вистинскиот број на патници да се разликува од официјалните бројки. Фериботот долг 119 метри, изграден во Јапонија во 1987 година, превезувал и 89 возила.

Причината за несреќата сè уште не е утврдена.

Преживеаните опишуваат моменти на ужас

Еден преживеан, Ахмад Сауди, рече дека фериботот изгледал преполн и дека многу патници морале да спијат во ходниците и заедничките простории бидејќи кабините биле полни.

Сауди, возач на автобус кој патувал со возилото што го превезувал, се сетил на моментот кога фериботот одеднаш почнал да се навалува, предизвикувајќи паника кај патниците додека силните бранови се удирале во бродот.

Патниците првично се обиделе да се држат за блиските предмети, но потоа почнале да се движат кон повисоката страна на бродот бидејќи навалувањето се зголемило. Сауди шпекулирал дека фериботот можеби бил неурамнотежен од камиони натоварени од едната страна.

„Жените во кабините од економска класа веројатно не преживеале бидејќи фериботот се навалувал толку брзо“, рече Сауди.

Тој рече дека немало аларм или предупредување до патниците за тоа што се случува, па затоа многумина во кабините можеби немале доволно време да излезат.

Друг преживеан, Фаисал, рече дека тој и уште 14 патници се држеле за делот од превртениот ферибот што бил над водата.

„Кога бродот почна да се навалува, луѓето паничеа и истрчаа кон горната палуба, но фериботот на крајот целосно се преврте. Ние 14-те бевме заробени таму“, рече тој.

Групата, додека чекаше спасување и се бореше со исцрпеност и силни бранови, постојано го рецитираше исламскиот повик за молитва, или езан. Фајсал подоцна беше однесен од бранот до чамец за спасување, што, според него, му помогнало да преживее.

Индонезија е архипелаг од повеќе од 17.000 острови, што ги прави фериботите едно од најчестите средства за транспорт. Несреќите се случуваат редовно, делумно поради лошото спроведување на безбедносните стандарди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер