БЕСА: Мора под итно да се прогласи вонредна состојба во државата - Канал 5

БЕСА: Мора под итно да се прогласи вонредна состојба во државата

„Бараме од Владата да испрати наредба до сите извршители во Македонија да ги одложат одлуките за присилно плаќање на физички и правни лица најмалку за наредните 3 месеци.“

БЕСА: Мора под итно да се прогласи вонредна состојба во државата

Движењето БЕСА внимателно ја следи состојбата создадена co ширењето на пандемијата од корона вирусoт СОVID-19 и нормално, покрај најголема грижа што мора да се посвети во почитување на препораките на релевантните институции, не смееме да заборавиме дека и ново настанатата ситуацијата исто така го нарушува и нормалното функционирање на општеството, компаниите и го доведува во прашање семејната економска ситуација на граѓаните воопшто.

Земајќи ги предвид сите создадени околности, веруваме дека за да се спречи ширењето на коронавирусот, државата мора под итно да влезе во вонредна состојба бидејќи ова е единствениот начин да се радикализираат мерките за заштита од оваа брзо распространетата пандемија во регионот, но и во нашата земја.

Но, бидејќи сме свесни дека ова ново настатата состојба економски ќе им наштети на граѓаните но и на бизнис заедницата, на неколку релевантни институции им предлагаме да преземат мерки за ублажување на еконмската ситуација како за физички така и за правни лица.

Затоа:

1. Бараме од Владата да испрати наредба до сите извршители во Македонија да ги одложат одлуките за присилно плаќање на физички и правни лица најмалку за наредните 3 месеци.

2. Бараме ЕВН-Македонија да го продолжи рокот на неплатени сметки од два на четири месеци со тоа што нема да ја прекинува електричната енергија во домаќинствата и праните лица со што треба да овозможи приклучот на струја до максимум 4 неплатени сметки.

3. Да се отварат социјални центри во сите општини каде што за сите социјални случаи и за тие што немаат никаков приход во семејството да им се обезбедат бесплатно делење на основни прехрамбени и хиегиенски производи

4. Сите комерцијални банки во земјата да го одложат рокот на плаќање за кредити што ги добиле физички и правни лица најмалку во наредните 3 месеци.

5. Малите бизниси во наредните три месеци да добијат финансиска помош максимум до 3000 евра месечно во зависност од бројот на вработени, со што ќе им помогне да опстанат во овие вонредните услови.

Владините мерки за стимулирање на бизнисот, како што се самовработување или разни грантови треба да се прекинат и средствата од овие стимулативни мерки треба да бидат распоредени целосно за поддршка на активни мали и средни претпријатија во зависност од потребите на истите. Додека за сите компании што ги покачиле цените на неисправен начин истите тие да не бидат вклучени во делот на олеснителните мерки од државата.

6. Одложено плаќање на ДДВ најмалку три месеци, како и сите компании што оствариле добивка во претходната фискална година, доколку ги реинвестираат своите средства за истите да бидат ослободени од данок на доход.

Овие мерки што ги предлагаме се засноваат на реални барања на граѓаните и се засновани во реални можности владата да ги реализира.

Посакуваме ситуацијата со корона вирусот да биде надмината и во исто време сите треба да се однесуваме како одговорни и совесни актери, индивидуално но и како политички субјекти, бидејќи сега немаме никакво ривалство едни со други, но имаме заеднички непријател наречен корона вирус кој мора да го победниме и за да го направиме тоа сите ние мора да дејствуваме во согласност со препораките на релевантните институции на државата. Ова битка е заедничка без разлика на партиска, етничка, религиозна или било каква друга определеност. Ние можеме и ќе успееме.

Движење БЕСА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Естонија се подготвува да ја затвори границата со Русија по обидот за саботажа

Естонскиот премиер Кристен Михал нареди подготовки за евентуално целосно затворање на границата со Русија по обидот за напад врз компанија што произведува воени дронови.

Естонија се подготвува да ја затвори границата со Русија по обидот за саботажа

Естонските безбедносни служби се сомневаат дека руската воена разузнавачка служба ГРУ стои зад обидот за саботажа, објави естонскиот јавен радиодифузер „ERR“.

Во сабота, 14 ноември, осум латвиски државјани беа приведени по обид за провала во фабриката „Треод Системс“ во Виимси, северно од Талин. Според естонските власти, целта на нападот била да се предизвика експлозија и да се запали објектот, кој, меѓу другото, произведува дронови за извидување со долг дострел и борбени летала.

Премиерот нареди подготовки за затворање на границата

Михал денес објави дека разговарал за евентуалното затворање на источната граница со министерот за внатрешни работи Игор Тара. Тој им наложи на министерството и владините оддели да ги подготват сите потребни мерки за да може границата да се затвори доколку безбедносната ситуација дополнително се влоши.

Естонскиот премиер предупреди дека руските разузнавачки служби ги експлоатираат граничните премини за да дејствуваат против Естонија. Затворањето на границата, според него, би ги намалило безбедносните ризици и би испратило порака до Москва дека нападите врз естонската одбранбена индустрија не се прифатливи.

Веќе втор напад врз одбранбената индустрија

Најновиот инцидент не е прв ваков случај во Естонија. Во август, беше извршен прикриен напад врз компанијата „Милрем Роботика“ во Талин, која се занимава со развој на беспилотни воени возила и други одбранбени технологии.

Естонската служба за внатрешна безбедност проценува дека обидот за напад врз „Треод Системс“ бил извршен по наредба на руската ГРУ. Премиерот Михал рече дека целта на ваквите операции е да се заплаши населението и да се ослабне поддршката за Украина.

Естонија, нагласи тој, нема да ја намали својата помош за Киев, туку ќе продолжи да ја зајакнува соработката со сојузниците и да го зголемува притисокот врз Русија.

Граничните премини работат со намален капацитет со месеци

Естонија во моментов има три отворени гранични премини со Русија: Нарва, Лухамуа и Коидулу. Сите се отворени од 7 до 19 часот, а ноќни затворања се воведени за зајакнување на граничната безбедност и поефикасен надзор.

Владата во август одлучи дека ограниченото работно време ќе важи до понатамошно известување. Во тоа време, министерот за внатрешни работи рече дека нема доволно причини за целосно затворање на границата, но најновиот безбедносен инцидент го отвори повторно ова прашање. Естонските власти сè уште не го објавија датумот на евентуалното затворање, ниту потврдија дека е донесена конечна одлука.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јеменските Хути ослободија 600 воени заробеници

Јемските бунтовници Хути изјавија дека ослободиле околу 600 луѓе заробени за време на најновата ескалација на конфликтот во Јемен, а Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) го потврди нивното ослободување.

Јеменските Хути ослободија 600 воени заробеници

Службеникот на Хутите задолжен за прашањата на затворениците, Абдул Кадер ал-Муртада, рече дека ова е „најголемото еднострано ослободување на притвореници во двегодишната граѓанска војна во Јемен“, објави Ал Џезира.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) потврди дека „властите во Сана, со поддршка на тимови од организацијата, еднострано ослободија 600 луѓе „кои беа притворени во врска со вооружениот конфликт“.

„Нашите претставници разговараа со секој од затворениците пред ослободувањето, поддржувајќи го нивното достоинствено враќање во своите домови“, соопшти МКЦК.

Организацијата нагласи дека нема никаква улога во утврдувањето на бројот на ослободени или во одлучувањето кој ќе биде ослободен.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со повремени сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. 

Утре променливо облачно со повремени сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер