Хасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитници
2Хасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитници
3Силвестер Сталоне за децениската кавга со Арнолд Шварценегер, со кого сега се побратими: Јас сум идиот
ФормулаБерни Еклстоун ја продава неверојатната колекција болиди на Формула 1 (ВИДЕО)Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун, одлучи да ја продаде својата импресивна колекција од 69 историски Гран При и Формула 1 болиди, чија вредност се проценува на повеќе од 400 милиони долари.Британскиот бизнисмен, познат како една од највлијателните личности во историјата на спортот, со децении ја држеше оваа колекција подалеку од очите на јавноста. Сега тој одлучи да ја продаде, а многумина ја сметаат за најдобра приватна колекција на Ф1 болиди во светот. Некои од автомобилите што ги поседува се таму повеќе од 50 години и не се видени откако ги купил. Од 69 автомобили во колекцијата, 30 му припаѓаат на Брабам, тимот што Еклстоун го поседувал помеѓу 1972 и 1985 година. Колекцијата вклучува најмалку еден примерок од секој автомобил што тимот го има произведено, вклучувајќи го и легендарниот Brabham BT49C, управуван од Нелсон Пике на патот до титулата во 1981 година. Меѓу нив е иновативниот Brabham BT46B Fan Car, познат по победата на Ники Лауда на Големата награда на Шведска во 1978 година - трката по која концептниот автомобил беше забранет. Колекцијата вклучува и 17 Ferrari, меѓу кои се издвојува Dino 246, со кој се возеле великани како Фил Хил, Ричи Гинтер и Тони Брукс. Посебно за одбележување е Ferrari 275 F1, управуван од Алберто Аскари во Ф1 трките во Италија и Германија - првото Ферари кое победило во историјата на Формула 1. Овој болид неодамна беше реставриран во двегодишен процес. Меѓу скапоценостите на колекцијата е Ferrari F2002, со кој Михаел Шумахер и Рубенс Баричело постигнаа три победи во сезоната 2002, една од најдоминантните години за Ферари во историјата на спортот. Еклстоун, кој има 94 години, ги објасни причините за ваквата одлука. „Ги собирам овие автомобили повеќе од 50 години, избирајќи ги само најдобрите примероци. Додека другите колекционери се фокусираа на спортските автомобили, мојата страст отсекогаш биле Гран При и Ф1 болидите. Тие се врвот на спортот, поважни од сите патнички автомобили или другите тркачки возила“, рече Еклстоун. „Сите возила што ги купив имаат фасцинантна историја и се ретки уметнички дела. Но, дојде време да размислам што ќе се случи со нив кога ќе ме нема. Сакам да знам каде ќе завршат. Не сакам да ја оставам мојата сопруга да се грижи за нив откако ќе заминам, затоа решив да ја продадам колекцијата“, додаде тој. Колекцијата на Еклстоун не е само колекција на автомобили - тоа е историјата на спортот раскажана преку возилата што ги одбележаа најголемите моменти во Формула 1. Од легендарните возачи како Мајк Хоторн и Ники Лауда до иновациите што го обликуваа спортот, секој болид носи уникатен карактер и приказна. За љубителите на мотоспортот, оваа колекција претставува неверојатна можност да се доближат до самото срце на Формула 1. Сепак, како што истакна Еклстоун, цените на овие болиди не се за секого - тоа се автомобили чија вредност е еднаква на нивното историско значење .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АвтомобилизамПретставен е првиот сериски автомобил што официјално ја проби границата од 500км/час (ВИДЕО)Додека култните брендови Ferrari и Lamborghini објавија дека повеќе немаат намера да се натпреваруваат во максимална брзина, кинеските производители не покажуваат знаци на забавување. Електричниот хиперавтомобил Yangwang U9 Xtreme достигна брзина од 503,17 км/ч и со тоа постави нов светски рекорд за сериски автомобили. Овој резултат е важен не само затоа што U9X сега е најбрзиот автомобил во светот. Јангванг сè уште го држеше рекордот, кој го постави во 2025 година со брзина од 496,22 км/ч. Потоа го надмина Bugatti Chiron Super Sport 300+, чија максимална брзина беше 490,48 км/ч. Новиот потфат е особено значаен затоа што U9X е првиот сериски автомобил во историјата што официјално ја сруши границата од 500 км/ч. Достигнувањето е уште поголемо затоа што е постигнато на јавен пат. Рекордно возењето беше извршено на затворен дел од автопатот E11 во Абу Даби, со германскиот тркачки возач Марк Басенг зад воланот. BYD обезбеди ексклузивен пристап до делница од патот долга 10 километри за таа пригода. Од нив, седум километри беа погодни за обидот за рекорд, а работниците темелно го проверуваа секој сантиметар од асфалтот за да ги отстранат сите остатоци и пустинскиот песок. Yangwang е луксузен бренд на компанијата BYD, а моделот U9 Xtreme ја црпи својата енергија од четири електрични мотори кои заедно развиваат 3019 КС. Верзијата Xtreme користи електричен систем од 1200 волти, за разлика од стандардниот модел U9 кој работи на 800 волти. Исто така е опремена со прилагодена верзија на батеријата Blade на BYD. Подготовки за рекордот и уништениот прототип Тимот на Yangwang не успеа веднаш да достигне 503 км/ч. Денот претходно, тие направија две возења во кои U9 достигна брзина од 490 км/ч. Инженерите потоа работеа цела ноќ за да ја доведат батеријата и моторите до оптимална температура и да го фино подесат аголот на задниот спојлер. Тие исто така го прилагодија амортизирањето на суспензијата за подобро справување со нерамнините на патот и го прилагодија притисокот во гумите за максимална стабилност. Модификациите се исплатија следниот ден. U9X стана првиот сериски автомобил кој доби сертификат за брзина од над 500 км/ч, подвиг кој беше потврден и од судија на Гинисовата книга на рекорди. Тоа беше и првпат да се постави рекорд за брзина на јавен пат од 2017 година, кога Koenigsegg Agera RS достигна 446,97 км/ч на дел од државниот автопат во Невада. Јангванг освои уште три рекорди: за најбрз електричен сериски автомобил, најбрза гума за електрично возило и најбрза гума за пат. U9X користи специјални „полу-слик“ гуми развиени од компанијата Giti Tire со седиште во Сингапур. Сепак, во периодот помеѓу постигнувањето на рекордот и официјалното објавување, од Кина протекоа снимки од друг модел на U9 Xtreme. Автомобилот целосно се распадна додека се обидуваше да достигне максимална брзина на тест патека во Кина. BYD не кажа колку брзо се движело возилото кога ја изгубило контролата или што точно ја предизвикало несреќата. Силата на ударот во заштитната ограда го уништи хиперавтомобилот, оставајќи го недопрен само централниот монокок од јаглеродни влакна во кој се наоѓаше возачот. Возачот не беше сериозно повреден во несреќата.Тагови: автомобил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоповиќ: Мицкоски е во паника, клопчето за Алта банка се одмотува, следува одговорностМицкоски е уплашен и во паника затоа што вистината за Алта банка излегува на виделина. Клопчето се одмотува, а тој се плаши од одговорноста.Затоа се заканува на СДСМ. Затоа од владина говорница му нарачува на Обвинителството кого да гони и за кое дело. Тоа е начинот на кој функционира организираната криминална група ВМРО. Ја обвинува СДСМ за ширење паника. Како шириме паника кога уште пред една година алармиравме да не се дозволи ова со банката? Шириме паника и во Европа, во Црна Гора и во Србија каде се постапува против оваа банка и се спречува? Или всушност во паника е Мицкоски затоа што знае дека ќе одговара затоа што ја донесе Вучиќевата пералница на пари во Македонија. Кога веќе се повикува на Кривичниот законик, го потсетуваме Мицкоски на членот 368-а, кој се однесува на „попречување на правдата“. Ставот 5 предвидува затвор од една до десет години за влијание со сила, сериозна закана или корист врз обвинител, судија или друго наведено лице, за постапување спротивно на неговите должности и овластувања, или за спречување во вршењето на тие дејствија. Тоа го прави Мицкоски со наредбите на обивнителство и заканите кон опозицијата. Ја попречува правдата. Исто како неговиот ментор - Вучуиќ. Се е копи-пасте. Видовме во Србија како се руши сега како кула од карти, како се апси, се поднесуваат кривични пријави. Од вистината нема бегање. Во последниот Извештај на Европската комисија јасно е нотиран политичкиот притисок врз правосудството. Извештајот на ЕК има директна врска со Савески. За почеток, ако сака да го поправи, мора да престане да му крева на Мицкоски на телефон, да престане да прима нарачки од Собранието и од телевизиските настапи и да почне да си ја работи работата за која положи заклетва оред народот, а не пред ВМРО. Не одредува Мицкоски каде смее, а каде не смее да истражува обвинителството во врска со Алта банка. Има закон, има обвинителство и суд. Тие мора да одлучуваат, да делуваат, да обезбедат правда. За Алта банка мора да има независна истрага и одговорност за сите за кои ќе се утврди дека го прекршиле законот. Почнувајќи од Мицкоски, Славевски и Кочовска па потоа сите по ред. Дадовте заклетва пред граѓаните!, рече Наташа Поповиќ, членка на Извршен одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитнициИако СДС е познат по лаги и местенки, овој пат го допре дното.Бетон Герасимовски, исклучително поради лични интереси и себепромоција, во целост ја засрами Општина Центар и доделувањето на јубилејните награди „Феникс“. Веројатно со намера да доделува престижни награди, онака како што самиот проценил дека треба, Бетон Герасимовски им доделува награди на луѓе кои не ја добиле довербата од комисијата, која пак, е формирана токму со таа цел - да избере кој ќе добие награда. Герасимовски и СДС одлучуваат „од ракав“ , и тоа на начин познат само за нив, правејќи го тоа на штета на имиџот на сите инволвирани, но и на грбот на двајца млади луѓе. На Ана Петковска Николовска, избрана поради достигнувања во воспитувањето и образованието, како и на Марин Поповски, избран за достигнувањата во спортот, градоначалникот Герасимовски не им додели награди, иако комисијата ги избрала за добитници. Ама затоа му додели награда на Тодор Тасевски, кој со 4 гласа од комисијата, за жал, не го достигнал прагот од најмалку 5 гласа. Дека се ова е вистина ќе ви ја покажам сликата која истото го докажува, од гласањето на комисијата за доделување на наградата Феникс. Бетон Герасимовски, во обид да се испере од некомпетентните и неуспешните обиди за себепромоција, потона уште подлабоко. Па така, наместо јубилејна награда „Феникс“, на социјалните мрежи се предомисли и го преименуваше наградите во „50 години Општина Центар“, иако евидентно доделуваше статуетки во форма на феникс. Почитувани, Бетон Герасимовски не само што се посрамоти себеси и Општина Центар, туку и ги посрамоти и кандидатите, но и добитниците на оваа награда. Го посрамоти секој еден што учествуваше на церемонијата за доделување на наградите, затоа што одлуката воопшто не е одобрена од Советот. Поради некомпетентност, брзоплетост и очаен обид за себепромоција, им го наруши угледот на угледни луѓе од Општината. Прашање е како сега Герасимовски ќе му објасни на Тодор Тасевски зошто му доделил статуетка кога неговото име воопшто не е наведено во предлог-одлуката, која пак допрва треба да се најде пред Советот на Општина Центар. Секој има право да биде избран за оваа престижна награда, но на начин кој му доликува на Центар, легален и достоинствен, рече Сузан Хасан, член на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter