ФормулаБерни Еклстон уште три години на чело на Формула 1Берни Еклстон ќе остане уште три години на чело на Формула 1 иако американската компанија „Либерти медија“ ќе стане мнозински сопственик на најбрзиот тркачки циркус во светот.- Новите сопственици сакаат да останам уште три години. Сакаат да им помогнам во бројните обврски, а за тоа е потребно време, изјавил 80-годишниот Еклстон за новинската агенција Ројтерс. „Либерти медија“ чиј сопственик е Џон Малон и која има 35% од удделот во Формула 1, наскоро ќе го преземе раководењето со овој спорт или подобро речено бизнис вреден 8,5 милијарди долари. Состанокот на одборот на Формула 1 на кој треба да биде официјализиран договорот е закажан за 13 септември. /миаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00Гори дива депонија во Шуто Оризари11:53
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
ЕвропаИрска го презема претседателството со Советот на ЕУИрска го презеде шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар.Во оваа пола година еден од главните приоритети на Унијата ќе биде буџетот за следниот седумгодишен период. Ирска, членка на ЕУ од 1973 година, го презема претседателството со Советот по осми пат. Нејзината програма ги истакна економската конкурентност, безбедноста, проширувањето и континуираната поддршка за Украина како свои главни приоритети. Европската комисија, предводена од претседателката Урсула фон дер Лајен, ќе биде во Корк, Ирска, во четврток и петок, како што е вообичаено на почетокот на секое ротирачко претседателство, кога членовите на Комисијата се среќаваат со членовите на владата на земјата што претседава. Денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ќе присуствува на церемонија во Даблин по повод почетокот на претседателството и ќе разговара со ирскиот премиер Мајкл Мартин. Ирска, како претседател, ќе игра клучна улога во преговорите за следната повеќегодишна финансиска рамка (MFF), што ќе биде клучно прашање во втората половина од годината. Пред една недела на Самитот, лидерите на ЕУ ја задолжија Ирска да подготви нова рамка за преговори за износите на МФП и предлог за нови сопствени извори на финансирање за европскиот буџет до октомври. Договор за структурата на идниот седумгодишен буџет веќе е постигнат, а сега останува најтешкиот дел - за големината на буџетот и износите за секоја категорија расходи. Целта е да се постигне договор до крајот на годината, што, со оглед на различните позиции на земјите-членки, ќе биде многу тешко да се постигне. Германија бара буџет за 400 милијарди евра помал. Фактот дека Германија, најголемиот нето придонесувач во европскиот буџет, бара буџет за 400 милијарди евра помал од предлогот на Комисијата, кој предложи износ од два трилиони евра за програмскиот период од 2028 до 2034 година, исто така покажува колку се оддалечени позициите.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски и Дачиќ на Табановце ќе ја промовираат кампањата „Вози одморен“Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе го посети граничниот премин Табановце, каде заедно со министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, ќе ја промовираат летната превентивна кампања „Вози одморен“.Настанот ќе започне во 11 часот и 30 минути и е дел од активностите насочени кон подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот за време на летната сезона, кога се очекува зголемена фреквенција на возила и патници на граничните премини.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелјиШефот на организираната криминална група- Христијан Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји.Нема резултати – има театар со реконструкција. Ова не е реформа на владата туку козметичка промена на истата криминална структура. Некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти“, велат од опозициската СДСМ. Според нив „внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – сè во исти раце. Само се вртат столчиња за да се создаде впечаток дека нешто се менува. Ова е тактиката на Мицкоски: кога економијата е во колапс, кога буџетот е празен, кога нема пари ни за пензии, кога европскиот пат е блокиран – тогаш се прави „реконструкција“ за да се одвлече вниманието велат од опозициската партија.Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook