Берлускони ја измами првата сопруга со 20 години помлада, а втората со тинејџерка - Канал 5

Берлускони ја измами првата сопруга со 20 години помлада, а втората со тинејџерка

Во светот одекна веста дека поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони почина на 87-годишна возраст.

Берлускони ја измами првата сопруга со 20 години помлада, а втората со тинејџерка

Контроверзниот политичар и еден од најбогатите Италијанци ќе остане запаметен по неговото бурно љубовно минато кое го одбележаа бројни скандали и афери.

Првата сопруга на Силвио Берлускони била Карла Елвира Лусија Дал Ољо (82), која имала 24 години кога се запознале. Тие се венчале во 1965 година и добиле две деца, ќерката Марија Елвира и синот Пјеро Силвио. Нивниот брак се распадна по 20 години.

Во 1980 година, Силвио започнал афера со 20 години помладата актерка Вероника Ларио (66), со која имал уште три деца, ќерките Барбара и Елеонора и синот Луиџи. Тие се венчаа во 1990 година, а објавија дека се разведуваат во 2009 година, кога беше откриена неговата врска со тинејџерката Ноеми Летиција. Вероника тогаш изјавила дека нејзиниот сопруг е болен човек кој трча по девојки. Тие официјално се разведоа дури во 2014 година.

Тој од 2020 година е во врска со неговата последна партнерка Марта Фасина, која е 53 години помлада од него, а минатата година „симболично се венчаа“ наспроти силното противење на неговите деца. Прославата изгледаше како вистинска свадба, но парот не беше официјално венчан поради несогласувањата околу наследството во неговото семејство.

Имено, децата на Берлускони не биле воодушевени од тоа што тој на 85 години сака да се ожени со 53 години помлада жена, која тогаш би имала право на дел од неговото наследство кое се проценува на шест милијарди евра.

Берлускони започнал врска со Марта Фасина во 2020 година, по раскинувањето со Франческа Паскале, која тогаш имала 34 години. На нејзиниот Инстаграм има објава од јануари оваа година каде заедно позираа за нејзиниот роденден.

„Нема поубава прослава од онаа што ја поминувате со саканата личност. Ви благодарам на сите за убавите желби за мојот роденден“, напиша таа покрај фотографијата на која нежно го бакнува. Тоа е и нивната последна заедничка фотографија.

Да потсетиме дека поради Берлускони цел свет слушна за бунга бунга забавите, поради кои подоцна неколку пати беше обвинет за учество во малолетничка проституција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

20 лица се уапсени викендов поради трговија со дрога

Task Force и викендов активно против недозволената трговија со дрога: 20 лица лишени од слобода.

20 лица се уапсени викендов поради трговија со дрога

Од 2 до 4 октомври 2026 година, припадниците на Министерството за внатрешни работи, преку координирани активности на Работниот тим – Task Force, постапуваа во 13 случаи поврзани со недозволена трговија со дрога, на подрачјето на повеќе Сектори за внатрешни работи и Регионални центри за гранични работи.

Во рамки на преземените активности извршени се повеќе прегледи и претреси на лица, возила, домови и други простории, при што е запленета поголема количина наркотична дрога, а 20 лица се лишени од слобода, меѓу кои и двајца странски државјани – од Полска и Чешка.

Во текот на викендот, на подрачјето на СВР Струмица во еден од случаите полициските службеници пронашле и одзеле 59 стебла марихуана со вкупна тежина од околу 680 килограми, додека во друг случај пронајден е и одземен голем патнички куфер полн со марихуана. На подрачјето на СВР Скопје, при претреси на три локации што ги користело едно лице, одземени се осум кеси со околу 800 грама марихуана, при што лицето е лишено од слобода.

На подрачјето на СВР Велес, при претрес на дом и преглед на лице, одземени се 29 помали кеси со вкупно 15 грама кокаин, 14 грама кафеавкаста материја и околу 5.000 евра. Во рамки на активностите на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, извршени се претреси на четири локации, при што две лица се лишени од слобода, а пронајдени и одземени се околу 200 грама кокаин, 505 милилитри масло од хашиш и 4,58 грама марихуана.

За преземените активности ќе следуваат соодветни кривични пријави.

Ова се конкретни резултати од координираната работа на полициските службеници на терен и продолжение на засиленото постапување против лицата и криминалните структури инволвирани во производство и недозволена трговија со наркотична дрога.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога и откривање на лицата инволвирани во овој вид криминал, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца малолетници од Скопје предизвикале пожар во парк шумата Гази Баба, уапсени се

Лишени од слобода тројца малолетници од Скопје поради предизвикување пожар, следува пријава.

Тројца малолетници од Скопје предизвикале пожар во парк шумата Гази Баба, уапсени се

На 04.10.2026 во парк шума Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода тројца малолетници од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека предизвикале пожар при што била опожарена сува трева.

Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а по целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството ги оспорува заклучоците на вештакот ангажиран од д-р Нино Васев

Во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Онкологија 1“. Денеска во Кривичниот суд беше испрашуван вештакот Владимир Даниловски, вешто лице ангажирано од страна на одбраната.

Обвинителството ги оспорува заклучоците на вештакот ангажиран од д-р Нино Васев

Неговите заклучоци за терапијата на онколошките пациенти беа оспорени од обвинителството на денешното вкрстено испрашување.

На судењето кое се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти, обвинителството поставуваше прашања за дозирањето и третманот на конкретни онколошки пациенти со лекови и терапија за кои, како што нагласи вештото лице, се произнесува во своето вештачење и наведува дека се дадени согласно европските протоколи и се во насока на тоа да се види стручноста на ова вешто лице.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер