Илјадници жители на Берлин веќе потпишале петицијата против ваквиот чекор, што го потврдил и градоначалникот на источниот дел од Берлин. Тој пак, својот план го брани со тврдењето дека со рушењето на ѕидот ќе се создаде простор за изградба на пешачки мост кој ќе ги поврзува источниот и западниот дел од градот.
Но, делот од ѕидот што треба да се руши, е покриен со мурали и се вика Источна галерија, е најдолгиот преживеан дел од Берлинскиот ѕид.
Тоа е воедно и втората најпосетена туристичка атракција, и на него има над 100 цртежи, пренесува Би-би-си. Ова место просечно дневно го посетуваат 1.000 луѓе, додека во туристичката сезона бројката знае да се искачи и до 10.000 посетители.
„Најдолгиот дел кој сѐ уште стои од поранешната линија на смртта, заедно со јавниот кеј на реката, ќе бидат целосно и засекогаш уништени“, се вели во петицијата.
Планираните згради, чија изградба треба да почне на пролет годинава, ќе бидат високи околу 60 метри, и секоја ќе има по 36 стана, чија пазарна цена би била околу 3.000 долари за квадратен метар.