Берлин планира да тестира „лебдечки воз“ – ќе биде поевтин и без возач

Градот Берлин планира да тестира воз со магнетна левитација (маглев) на патека долга пет километри, изјави претседателот на фракцијата на Демохристијаните (ЦДУ) во градското собрание, Дирк Штетнер.

„Се очекува дека „лебдечкиот“ воз ќе биде поевтин и дека изградбата на пругата ќе потрае помалку време од изградбата на нова подземна железничка линија“, изјави претставник на берлинската ЦДУ.

„Покрај тоа, интересна е информацијата, особено ако се земе предвид хроничниот недостиг на работници во берлинската јавна сообраќајна компанија БВГ, дека возот маглев ќе сообраќа без машиновозач“, нагласи Штетнер.

Берлинските медиуми пишуваат дека на тој план се согласиле и социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц.

Изградбата на пробната патека ќе чини, според Штетнер, од 80 до 85 милиони евра, а ќе се финансира од посебен фонд вреден пет милијарди евра за проекти кои треба да ги ублажат климатските промени. Функционерот на ЦДУ не соопштува детали за трасата, а не се знае ни кога треба да почне изградбата.

Западен Берлин имаше од 1984 до 1991 година кратка M-Bahn линија за магнетни возови, која првично беше тест проект, а потоа накратко беше вклучен во редовниот сообраќај. По обединувањето на Германија, проектот беше напуштен, забележува агенцијата dpa.

Се празнува Св. Климент Охридски - изворот на нашата духовност и образование

Денеска во земјава се одбележува  8 декември – денот на Св. Климент Охридски, и патронен празник на Македонската православна црква.

Ќе биде доделена и државната награда „Св. Климент Охридски“. Централниот настан што го организира Владата се одржува во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а Македонската православна црква со празнични богослужби го одбележува својот патрон. Дејан Трајкоски е пред Соборниот храм во Скопје, што ќе се случува денеска ?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Филмот „М“ на Вардан Тозија доби награда за најдобар филм на фестивал во Њујорк

 Филмот „М“ на Вардан Тозија ја доби наградата за најдобар филм на њујоршкото издание на фестивалот „Dances with films“.

-Одушевен сум што ја примам наградата за најдобар филм на годинашното издание на „Dances with films“ во Њујорк. Претставуваше голема чест и уникатно искуство да се биде дел од официјалната селекција на овој исклучителен фестивал, со креативни и бескомпромисни филмски автори, на настан што прерасна во двигател на американскиот и интернационален филмски дух, вели режисерот Вардан Тозија, кој во Њујорк лично ја прими наградата.

Фимот „М“ на овој фестивал ја имаше американската премиера. Според USA Тoday, фестивалот се вбројува меѓу „десетте најзначајни филмски настани на северноамериканскиот континент“, според CNN - важи за „лидер во позиционирање на свежи и нови таленти на филмската индустрија“, додека Indiewire го препознава како „нашироко признаен поради откривањето на иновативниот дух и талент во независната кинематографија“.

-Уникатно воден филм со динамичен емотивен импакт, „М“ е спектакуларно достигнување во меѓународната филмска соработка, стои во официјалното образложение на Фестивалот.

Приказната на Тозија за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила, токму во официјалната селекција на овој фестивал ја претстави македонската кинематографија пред американската публика.

По премиерата се одржаа дискусии меѓу режисерот и членови на индустријата, како и разговори со публиката. Светските права за дистрибуција на македонскиот филм „М“ ги поседува американската компанија OneTwoThree Media. /МИА

Најмалку три ракети истрелани врз американската амбасада во Багдад

Најмалку три ракети беа истрелани денеска врз американската амбасада во Багдад, лоцирана во силно обезбедуваната Зелена зона, каде се наоѓаат владините институции и дипломатските претставништва, соопшти претставник на ирачките безбедносни сили.

Портпаролот на американската војска потврди дека алармот се вклучил и се слушнале звуци „најверојатно на удари“ во близина на амбасадата и базата Сојуз III, во која се сместени војниците на меѓународната антиџихадистичка коалиција. Сè уште се чекаат официјални информации за природата на нападот, потенцијалните жртви и штетите, доколку ги има, додаде тој.

Ова е прв напад врз американската амбасада во Багдад од средината на октомври, кога проиранските вооружени групи извршија десетици ракетни и беспилотни летала напади врз американските војници и силите на меѓународната антиџихадистичка коалиција распоредени во Ирак и соседна Сирија.

Нападот се случил во 04:20 часот по локално време, при што „три ракети Катјуша насочени кон американската амбасада паднале во близина на Зелената зона, во близина на реката Тигар“, која минува низ соседството, изјави ирачкиот безбедносен претставник кој побарал да не биде именуван. /МИА

притисни ентер