Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени
2Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени
3Славјанка Петровска: Господине Славески, Вие ќе ја земете целата плата. На клиентите на Алта банка им остануваат 10.000 денари неделно од сопствените пари.
Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
2Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
БалканБериша за масовен протест утре пред албанското Собрание, најблиските соработници против„Тој ден да биде врв на протестот на опозицијата со повикување на народот на масовен протест пред Собранието“.Со оглед на тоа што на утрешната пленарната седница на дневен ред се измените на Деловникот на Собранието со кои се предвидува изрекување построги мерки против пратеници кои предизвикуваат нереди, поранешниот албански премиер Сали Бериша на затворена седница на пратеничката група побарал „тој ден да биде врв на протестот на опозицијата со повикување на народот на масовен протест пред Собранието“. Но, бидејќи Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, вчера официјално побара од Собранието овластување за апсење на Сали Бериша, на идејата за протест се спротивставил шефот на побројната пратеничка група на ДП, Газмент Барди. -Протестот на секој граѓанин во овој момент ќе биде погрешно протолкуван од јавното мислење и оти битката на опозицијата не може да се меша со моментални акти. Стратегијата на опозицијата е да не биде под влијание на случајни настани, рекол Барди. Дури и пратеникот Фламур Нока, кој е генерален секретар во групата „Обнова на ДП“, бил против организирање на протест. По противењето на неговите најгласни поддржувачи, Бериша се повлекол од предлогот за народен протест велејќи „ дека не сака да ја води опозицијата на протест, што ќе изгледа како да се прави за него“, но сепак пратениците се согласиле утре да продолжат со опозициската акција во законодавниот дом. СПАК, вчера побара овластување за издавање дозвола за определување мерка „куќен притвор“ за Сали Бериша. Претходно, на Бериша, кој е пратеник, му беше изречена мерка задолжително јавување, првиот и третиот понеделник во месецот, што не ја почитуваше, како и забрана за напуштање на државата, под обвинение за „пасивна корупција“ и „злоупотреба на службената положба“, во врска со приватизацијата на спортскиот комплекс „Партизан“ во Тирана. Парламентарната законодавно-мандатната комисија по ова барање ќе расправа во понеделник. Адвокатот на Бериша(79), Генц Ѓокутај за Топ чанел изјави дека неговиот клиент не може да заврши во затворски притвор, бидејќи поради возраста тоа не го дозволува законот, додавајќи дека за лице повозрасно од 70 година максимумот е куќен притвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачитеСпоред пресекот направен во 18.30 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52.90 %., објави Државната изборна комисија. Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8.33 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.30 часот се пристигнати 3 приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас. Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06
МакедонијаФилипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробениПарите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, по одлуката на гувернерот Трајко Славески за воведување привремена администрација на Алта банка, со која на граѓаните им се ограничува подигнувањето готовина на 10.000 денари неделно, додека за фирмите нема ограничување. Филипче посочи дека партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите, а народот ќе остане без своите пари. „Каква е оваа одлука на Трајко Славески граѓаните да не можат да си ги извадат парите, да можат само 10.000 денари неделно да вадат а фирмите да можат колку сакаат? Значи парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот ќе останат заробени. Криминална одлука на криминална власт. Партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите а народот ќе остане без своите пари“, напиша Филипче на социјалната мрежа Х. Скопје, 1.11.2026 СДСМТагови: Венко Филипче СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06
РакометШампионот Вардар убедлив во супер дербито со Е. Пелистер Ракометарите на македонскиот шампион Вардар пред преполни трибини во Јане Сандански го добија првото сезонско супер дерби против најголемиот ривал Е. Пелистер со убедливи 31-23.Вардар со сигурна игра пред двата гола во текот на целиот натпревар извојува сигурна победа над ривалот во Битола во дербито на 9 коло од Супер лигата. Избраниците на Чупиќ со денешниот триумф се зацврстија на врвот на табелата со максимален ефект по 9 кола и потврдија дека и годинава се главни фаворити за шампионската круна. Пелистер до 40 минута успеваше до одржува резулатска неисвесност, но потоа црвено -црните ја искористија лошата игра на гостите во нападот 7 на 6 и од минута во минута го зголемуваа водството до конечни 31-23. Очекувано прв стрелец на дербито беше капитенот на пелистерци Филип Кузмановски до 9 погодици, кај Вардар Љевар постигна 7, шест даде Да Силва, четири Фадуил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter